Неколку пати ми се има случено постари особи да ми побараат помош во врска со банкомат. Исто и често ми се случува во маркет нешто да е на повисок рафт па да не можат да го стигнат, рок на траење да прочитам, каде стои одреден артикл и слично. Ни на крај памет не ми текнало дека тоа не е моја работа. И тоа што човекот побарал помош од тебе не значи дека вработените не си ја бркаат работата.
Јас многу непријатно се почувствував во ДМ. Еден период мм го масирав со муабетот ќе одам од ДМ да си купам ова, она итн. Еден ден му пукна филмот ми дава 2000 денари и ми вика оди конечно во ДМ и куписи што сакаш. Јас пресреќна патиките на мене и одам во ДМ си влегов си земав корпа и почнав од рафт на рафт да си гледам да си читам по производите небаре дете во игротека пресреќна и тоа што ми се допаѓаше си земав. Кога едно време де едната продавачка де друга продавачка мислам сите што беа на смена дојдоа да ме прашаат да не треба помош па и тој како обезбедување што беше како ме следеше како криминалец да бев, јас стојам читам декларација он нагоре надоле во секој ред се движеше по мене. Толку неубаво се почувствував корпата со производи на каса ја оставив и само на таа и реков ви благодарам на услугата и си отидов. Си влегов во Веро- Џамбо си земав козметика што си сакав и си отидов.
Ептен проста работа, шо да речам не знам. Можно е да ги крадат, но и на толкави цени , верувај се е поскапо во дм уште на нос ти висат. Тој од обезбедување плус, пред тебе зад тебе, само зјапање. И се поти целиот. Тоа продавачките само за на рафтот со шминки ти помагаат, демек, устави му е гајле нив шо ти ќе купиш. Ако било шо прашаш за другите производи, кај има шо има, не сакаат ни да те упатат. Камо во Веро да имаше повеќе козметика па од таму сите да си купат.
Сите продавници и продавачки ми се еднакво одвратни каде што висат буквално зад врат, идат по тебе, уште малце и да влезат во гардероба, стружанка би ги издвоила, имаше многу гужва, сакав да разгледам раб за мало дете, не ми е јасно зашто не ги изложат сите тие работи некако а не вработената да извади 100 раб за да видиме што нудат па да ги враќа и уште капак на се е човек да каже не ми се свиѓа ништо и фаци да прават, од овие причини повеќе во вакви продавници не влегувам.
Јас знам дека има личности што одат со таа намера да украдат нешто, и дека продавачките си плаќаат за минуси. Ама да ти висат на врат па и тој обезбедувањето во некој филм влезен ( мислам дека сите што работат како обезбедување гледаат многу филмови и се однесуваат ко кузнае што се ) Многу непријатно се чувствуваш од таков пристап и однесување. Не дека кузнае што купував фарба за коса, шампон, маска за коса, стикче и други основни работи. Ама мерак ми беше од ДМ да си купам, од нивното однесување затоа веќе не влегувам таму основни работи за лична хигиена има и во Тинекс, Веро и други маркети. Како и да е ми се скрши филмот за ДМ.
За другите бизниси. Јас сум за некој да ми помогни, ако се разбира во тоа шо го работи, ем јас задоволна на крај ем таа задоволна шо продала. Не ми смета до толку. Ми смета некој шо врска нема шо продава, тебе те сили да купиш, не се ни труди да го пронајдиш тоа шо го сакаш. Ми смета да влезам некаде па ни здраво, повели нема да слушнам. Јас кога излегувам купувам, не се шпартам по дуќани секој ден, за да разгледувам. Има и такви шо тоа шетање ги исполнува. Но шопингот за да биди успешен и да осетиш задоволство треба на крајот и да си купиш нешто, не само да се шибаш без потреба, пробуваш сто работи и да не купиш е срамота. Ако не тогаш, па барем купи на следно одење, шо ги малтретираш продавачките за џабе. А ми смета многу кога некаде уште од врата те гледаат како потенцијален арамија, ужас. А не знаат дека ти уствари можеш да му направиш добар промет.
Не знам што толку лошо има во ова навистина. Виделе дека подолго време си таму те прашале да не ти треба помош за нешто. Ги гледаат и нив на камери дали услужуваат или не, исто и обезбедувањето, тоа му е работа. Особен ако се само 2-3 во дм секогаш околу тебе е обезбедувањето. Можеби така им е кажано, ги гледаат на камери и си ја работат работата. Пример во дм ист гејт секогаш е гужва и обезбедувањето претежно стои на вратите, додека пак во дм џамбо претежно обезбедувањето е кај парфемите и рафтовите на лореал, и другите шминки. И да оди по мене нека оди, сеедно ми е, тоа му е работа, јас си терам по што сум дојдена дури не ги ни перцепирам, ако ме прашат за помош им велам дека не ми треба и тоа е тоа.
Во ред е тоа да ти понудат помош без разлика дали бараш или не бараш помош. И се согласувам дека и обезбедувањето си има своја цел, ама непријатно е на некого да му дишиш во врат и цело време да го следиш од рафт на рафт. Па колку и да не обрнуваш внимание на нивното однесување сепак чувствуваш тензија и напнатост во тебе и непријатно се чувствуваш.
Непријатно, ама работа му е. И не е само во ДМ така. И во маркет ако така прави обезбедувањето нема ли да влезеш? Ако ти се свиѓа нешто, влези, купи.Не го гледај тој. За почеток, ако ти е опција иди со уште некој.Другарка или маж ти. Ќе си зборите и нема да го перцепираш обезбедувачот.
А од што ти заклучи дека јас сум им ја лупнала корпата на каса??? Ако ти имаш навика да лупаш извини јас немам таква навика. Едноставно само ја оставив и се заблагодарив на услугата и си отидов !! А ти мислиш дека прв пат влегувам некаде па за почеток другарка или сопругот да го носам па и уште муабети да си терам. А ти како би се чувствувал ако некој ти дише во врат и по тебе оди без разлика дали си во маркет или друга продавница ???
Чувствувала.Женско сум, ми пишува. Навикнав, не ми сметаат.Работа им е. Не напаѓај.Совет ти дадов за да не осеќаш непријатност.
Не му е работа да демне зад грб. Најглуп момент во трговија е вака, кога идат по муштерии. И не е оправдување "се задржала". Ако сака некој да краде, ќе украде и ќе искочи, не ќе чита декларации. Јас одма искачам кога вака ме следат, не е мој проблем што им крадат
Ок извини за персирањето. Јас се согласувам дека си имаат своја цел во работењето. Но јас во оваа тема си го кажав тоа што за мене е непријатно доживување. Јасс лично се почувствував непријатно, глупо и понижувачки. Не е единствен маркет, си одиш на друго место и си купуваш што ти треба. Еве на пример за Зегин има доста коментари јас лично секогаш сум купувала тоа што сум барала не ми се случило да ми понудат нешто друго. Сите имаме различни доживувања без разлика дали е маркет, бутик или аптека.
I jas ednas se osetiv neprijatno vo dm ovde vo strumica ja prasuvam edna tamu sto redi na raftovite kade Im stoi medot I mi vika nie imame samo organski med I vikam pa gospogo jas I organski med baram jas na moeto dete davam se od organsko proizvodstvo
А што, 10 души ако има у продавницата, сите вработени ќе ги ангажираат за секого посебно да има да следат?