Да се пожалиш во дирекција обавезно! Многу сила си имаат земено, јас разбирам напорна и тешка им е работата, ама тоа не им дозволува да се однесуваат така.
Ако имаш докази, сведоци можиш да ја тужиш за нарушен личен интегритет како и нарушено психичко здравје и да си земиш оштета. За целата процедура и постапка можеш да ми се обратиш тука или во ЛП било за примарна/ секундарна правна помош.
Па не е киоск тоа па си го зафатила цел простор. Па и да е нема сигурно таму да останиш. А па не е ни толку тесно да не одиш со количка. Ете и да била во право (мада не е) требало љубезно да те замоли. Има такви луѓе се им смета и пуштаат отров наоколу. Јас да бев ќе ја изигнорирав и ќе си завршев работа или ќе и искоментирав нешто, ама да си заминам немаше сигурно. Ова преку дирекција не верувам дека ќе реши нешто како и обично.
Пишав, па ќе видиме. Имам сведок, ама не ми се тужи, не би да одам до таму. Само сакам луѓето нормално да комуницираат, без драматизирање и понижување. Нит крадам, нит се расправам, нит правам проблеми. Човек да не може да испазари на раат. Намерно прво ѕирнав внатре како е, за некое чудо скоро празно беше, видливо имаше повеќе од доволно простор без проблем да се разминеме. По сè изгледа нервоза ја фати зш во моментот редеше роба, па можда мислеше дека преку робата ќе поминам, не знам... За 2 работи набрзина да земам влегов, првенствено зш сакав новите каши за бебе да им ги пробам, затоа специфично влегов таму. Искрено, не ми се седеше у нејзино присуство ни секунда плус, си отидов во Тинекс и земав каши од друг бренд. Не е дека јас ќе останам без тоа што ми треба. Им пишав на Стокомак, па ќе видиме.
Слаб со бела коса и бела јарец брадичка и како без заби е така нешто? Тој и не е така стар,едвај 60 години има
Мене вака и идам и се расправам уште толку лом ја правам клетви до 4то колено. Не требало да си отидеш требало да идеш и да и објасниш дека она од тебе зависи и ако сакаш и гола ќе влезеш . Место да е среќна што има муштерии она те брка. Све неписмено.
Немам време и енергија да превоспитувам луѓе, не си давам задача јас да учам возрасни како да се однесуваат. Затоа им пишав на фирмата, тие нека разговараат со неа, нека и' објаснат како да се однесува на работа. Стокомак изреагираа на мојата пријава, ама искрено ме фати сеа грижа на совест, се надевам нема да ја изгуби работата. Не ми е поентата да ја казнат на тој начин, туку да и' дадат обука како да се однесува, толку.
Немам разбирање. Поради природата на работата и средината, последниве 3 години постојано сум на нозе. Вените чиниш свират, не болат. Не се само продавачи на нозе. На сите во приватен сектор ни е тешко на работа. Јас па како во пандемија се погодив со намалување кадар, на 3ца работа работам. Шуќур не сум во групата другите двајца велам и терам. Па едно нешто коешто најмногу ме спасува е комуникација со клиенти. Мене лесно ми е да објаснувам нешто со став како со другарка на трач парти додека ми се спие ми се плаче или црева ми симфонираат. Колку пати на ист човек исто прашање во исто расположение одговарам. Не разбирам. Ако не те бива во односи со луѓе, а немаш школо имаш други алтернативи за работа. Какви продавачи има, да ти е мерак пари да им остаиш. Еснаф е тоа.
Сега во Македонија влегов во 10 различни маркети сигурно и ако верувате НИЕДНА продавачка не ми врати кога кажував добар ден, фала, пријатно. Влегувам 2 на каса, јас здраво и тие само ме погледнаа и ништо. Ептен глупо се осетив. Глупо се осеќам и кога го пишувам ова ќе речете оваа у странство се занесува, баш поради таа причина не го прокоментирав ова со пријателите. Значи знам, верувам дека им е тешка работата, дека не се платени или едноставно моментот не им е бил погоден ама .. Јас колку и да не сум расположена од општа култура ќе кажам и кажував, не од сега туку од 10 години кога почнаа да ме праќат да пазарам.
Не знам, не видов поента. Јас ќе и' зборам, она ќе ми збори, луѓе ќе се забавуваат. И на крај ништо. Пријавив, мислам дека ќе има последици, само се надевам дека нема да ја отпуштат, искрено не ми е тоа целта, сакам само да и' укажат и научат така да не прави во иднина.
Ништо нема да и направат. Јас пријавував во коронава кога во најголемиот пик нивни вработени без маска си шетаа и кашлаа наоколу, демек ќе ги опоменат, ова она, ништо, пак си продолжија без маски.
кај такви арогантни продавачки и да сакам нешто да купам,не купувам,одма излегувам од продавница,моментално
Jas pak nikogas ne vleguvav so kolicka vnatre nez neprijatno mi bese kolickata sekogas nadvor ili vnatre pred vrata ja ostavav ama kako I da e vakvo odnesuvanje od vrabotenata vo stokomak ne bi tolerirala
Абе ако е тесно онака и ја не влегувам, не за друго, широка ми е количката, ми кочи. А за друго уво не ме боли, ако им смета нека се пушат. Нема шанса да оставам надвор количка. И ја работам со луѓе, па ми доаѓаат со разни работи, тротинети, точаци, колички и трицикли ако се со деца, па никад не сум си дозволила да јадам трици вака. Не ми јаде леб тоа.
Мене ми беше прво влегување во маркет со количка. Претходно користев зимска и не сум влегла со неа ни во огромен маркет. Летнава е многу мала, од оние ко чадор што се затвараат. И не би влегла во помал маркет ако има гужва. Ама немаше. Сум работела во ДМ и не ми ни поминала мисла зошто е некој со количка, а не па ли да кажам нешто поврзано со тоа. Ако имало нешто на патот, сум трчала за да го поместам за да можат да поминат. И не очекувам специјален третман, само да ме остават да купам што ми треба.
Не знам дали се вбројува во арогантни продавачки, меѓутоа многу се разочарав од fg, порачав on line бидејќи не сум во можност да отидам 2 кошули од по 1.790 денари, (springfirel) кошулите ги добив во една кеса како за едно пакетче сусам да го собере, двете кошули беа збутани, буквално мислам дека продавачката се мачела да ги спика во таа кеса, изгледа немале поголема аха..кошулите ми стигнаа во очајна состојба како кажуваме, како крава да ги џвакала, на некому се можеби ништо 1. 790 за една кошула, мене не ми се чини баш евтино, дадов 3.000 ден за 2 кошули да ги добијам во таква состојба, срамота.