Изгледот е многу важен од маркетиншка гледна точка. Затоа поголеми компании обрнуваат толку многу внимание на тоа. А 1800ден за кошула не е малку за да има таков изглед.
Не е ни до продавачките во случајов, најверојатно се материјал што одма се гужва. Јас ова баш сум го забележала, колку скапо плаќаме некоја облека, а квалитетот и е катастрофа. Ќе ја испереш, испеглаш, само што ќе седнеш изгужвано и неубаво изгледаат работите. Во последно време скоро се што сум купила е со ваков неубав квалитет, без разлика дали вака од продавници што ги има по молови или од локални бутици. Повеќе би се запрашала зошто толку неквалитетна облека се продава во последно време.
Начинот е важен, јас секако дека ги исправ, има материјали кои и кога ќе се исперат '' не искача'' згужваното ако се превише згужвани, среќа па овде не беше тоа случај, денес на мене, утре на некој друг, јас колку што знам таму кошулите воглавно на закачалка им стојат или им се здиплени, впрочем кога и да сум отишла секогаш кога некој ќе земе блуза да гледа има човек кој одма трча да ја намести, не гледам зашто така тогаш ги праќаат, изгледа толку ги ценат потрошувачите (ги утепав springfirel се надевам ќе ми простат ) Ама кога веќе толку се замараат во продавница се да им е под конец, треба малце да имаат обзир како ги испраќаат истите, дека немале поголема ќеса, не држи вода
И јас се согласувам, не можи да платиш толку скапо, а производот да ти стигне како да е шверцан. Сепак можеби не се мислењава за оваа тема.
Срам да им е на вработените во Зегин. Барав едно, ми ставиле друго во ќесата, јас избезумена дека детето болно не видов таму. Дома гледам на производот пишува Увозник Зегин и затоа ми го тутнале. Плус ми нудеа сирупи на природна база. Дека далеку ми беше да се враќам, ќе паднеше расправија.
Во Зегин аптека на блиска личност ѝ тупнаа погрешна маст(не ни беше за потребната намена, туку за друго, ама битно ѝ ја тупнаа ). Среќа, аптеката ѝ е блиску, па не ѝ беше проблем да се врати.Ѝ го дадоа точниот производ. Проверувајте пред да излезете.
Да, тоа во сите Зегин продавници изгледа така функционира, отидов по крема за малиот да земам од Еуцерин тој упорно ли упорно ме убедува за Фризидерм, на процент се и затоа така прават, ама покасно укапирав. Срамота
Во Космо Тинекс влегувам ептееен кога морам. Страшни се, секогаш кога ке влезам се чуствувам како најголем крадец. Остај продавачките ти се позади грб, па и обезбедувањето застанато пред тебе и апла те гледа немој случајно да стаиш у ташна нешто. Мислам дека во саботата ми беше последно влегување таму. Околу мене се вртеа 3 продавачки и на крај доаѓа обезбедувањето ви треба нешто. Отсечно му реков Не благодарам. А буквално се задржав 10 мин и тоа земав што ми требаше. Разбирам да внимаваш, ама да внимаваш а не луѓето да ти ги третираш како крадци.
Во Кам во Куманово мислам дека продавачките ги менуваат на две недели, често одам таму и сега ми се погоди некоја нова и немаше ситно за да ми врати. Секогаш кога е така помала сума не го зимам кусурот ама оваа ајде што воопшто не беше љубезна, цела така намрштена, па уште и ми се развика таа што немала да ми врати 19 денари (имала само 20) како јас да сум и крива. Намерно си го чекав кусурот заради нејзината арогантност, кога виде колку сум инат ми даде 20 денари и на излегување ја слушнав како прокоментира со човекот зад мене како на такви како мене воопшто не сакала да им дава кусур иако јас само си молчев и ништо не и ни кажав додека ја чекав. Разбирам дека сите имаат лоши денови но некој кој не знае да се контролира не треба да работи со луѓе и од искуство знам дека постојано шефицата при пребројување им наоѓа дека се во минус иако воопшто не се (барем така е во Куманово). Дефинитивно работодавачите треба да исконтролираат кој каков е на работа и дали навистина заслужува да работи кај него (особено на подолеми позиции тие што се)
Wow... Да вратиш кусур на муштерија е најнормално нешто и должност ти е, не знам што се курчат. Ваљда не очекувала дека ќе речеш "ај не мора" и да им останат 19 денари +
Веројатно ја проверуваат затоа што така им рекол некој не дека сами сакаат. Од сите професии во државава сте се фатиле за продавачите. Најизмачената категорија работници особено тие во маркетите за храна. Работат за минималец. Има и такви за 22 или 23 можеби во КАМ но тоа е претешко физички и психички. Сите продавници работат во сабота слободен ден еден. Се работи и за верски празници колку плус работни денови се тоа? Во многу маркети немаат стол а куцаат на каса. Зарем треба да се стои и да се куца на компјутер седум часа дневно. Со саботите имаат месечно четири работни денови повеќе од другите. Знам да ќе кажете смените им се по 7 часа но со стигнување порано за да се отвори и заминување покасно за да се исчисти и среди промет се повеќе од осум часа. Во продавнициве со ретки исклучоци нема право на боледување мислам дека и вработените во продавниците имаат имунитет за корона. Не видовме продавница затворена заради позитивни .... Да не должам премногу бидете подобри кон продавачите. Имајте на ум дека услужуваат по 150-250 купувачи во смена. Замислете се на нивно место.
Секој си дава за право да коментира нивен физички изглед облека, стил на живот... Тие немаат право ни да подзакаснат ни флексибилно работно... Веќе се соочуваме со недостаток на луѓе за во трговија. Запрашајте се зошто? Ќе поработи некој од зорт за пари шест месеци и ќе си замине не дека не го бива туку снагата човечка па и душата толку издржуваат. Ни минималната плата ни слободна недела не се од помош. Иако значеа малку се виде дека некој мисли и на нив.
И јас порано исто мислев ама сега мислам дека на продавачките им е многу досадно и затоа прават така, да си направат муабет зошто човек не им влегува, а не дека те гледаат како потенцијален криминалец Имала само 20.... На таа тема: денес во КАМ имав 120 + 50, а сметката ми беше 121ден. Додека барав денар видов дека немам и ја оставив 50ката, се извинив и таа „ај па ти за едно денарче ли“ ми кажа и тоа 2 пати и не ги ни зеде тие 50. Ама ај што зависи од денот туку и не може секој со луѓе. -------------------------------------------------------------- Зависи од денот, некои такви порано знаеја да ми го дорасипат. Еднаш се случи додека бирав што да си купам, во меѓувреме им ги редев работите и овој фати ми се развика зошто многу време сум бирала. И така малку мака ми стана. Од тогаш се научив да враќам. Последен пат бирав чорапи, овој прокоментирал нешто ама јас не го слушнав. Ехее да го слушнев имаше да му вратам толку културно што гратис ќе ми ги дадеше од срам зошто таков ми е пристапот. За мои пари, дури и 5 денари да се колку сакам ќе бирам ако не пречам и ако нема гужва, нормално. Секако, никогаш веќе нема да земам од него. Втор таков е. Една друга исто нешто ми дофрли и од тогаш немам ни поминато од кај нејзе, а не пак да купам. Е затоа со една што си имав муабет направено мислам од што беше љубезна си купив некои работи, не дека ми требаа Од тогаш секогаш си земам од нејзе и работите и' се трошат постојано зошто секој ги препорачува. Така да, тие што се арогантни им трпи и бизнисот.
Најчесто во фирми за трговија облека, лекови храна и слично има минус. Минус во дневен промет и/или минус на попис. Сето тоа го плаќаат вработените. Можеби затоа обезбедувањето и вработените внимаваат на клиентите. И да тоа плус им е наредба да внимаваат на кражби. За плусот во скоро сите не го земаат вработените. Се куца роба со поминат рок останува за фирмата работникот не го зема тој плус во пари ако се појави. А доста продавачи се флексибилни ако клиентот нема денар или два и тоа е позитивно. И тоа им е совет да бидат попусливи за денар два па и повеќе, а ако нема ситно да врати кусур продавачот веднаш е негативно. Можеби почесто треба да плаќаме со картички каде што е тоа можно.