Епа не знам како одбивање да вратиш кусур од 19 денари ќе им ја покачи платата. А може и муштеријата имал срање ден на работа, па дали е океј да биде безобразен? Безобразност од ниеден човек на ниедна позиција не прифаќам. И докторите не им е сјајно и дали ако ми утне дијагноза треба да речам - па ок бе, не му е лесно, не е крив? Ретко ми се случило еве да наидам на некултурни продавачи, ама кога било, немало апсолутно никакво оправдување за однесувањето. Не реагира на алармот кога влегов, ама изреагира кога излегов и едвај се докажав оти не сум крадец. А за проверување пари, од око за да ја познаеш треба стварно да е утната парата. Во банка на машини ги проверуваат А ова во Зегин што ти туткаат друг лек можат некого да доведат до опасност ама океј, не се они криви.
Тоа што џабе ќе ја провери кога така не се проверува пара, од око И може ќе ѝ се причини фалсификат е, а не е.
Можеби така имаат кажано и таква е процедурата, и мене ми имаат проверувано 2000ки на различни места од око, значи не измислуваат различни продавачки од ќејф.
Имам блиски во банка што работат и треба или стварно добро искуство да имаш за да препознаеш или во машина. Од око и јас знам, ама ако работиш треба да си сигурен.
Во дувлото ЗАРА во Ист гејт, ај што немаат општа култура од здраво/чао, туку и комплексите на најјако пуштени. Кој од кој се од еден до последен. Некој да ги потсети дека од муштериите зимаат плата и дека не се на модна писта, туку на работа, односно зад каса и тука се за НАС, а не ние за нив. Све неписмено и глупо. ГОЛЕМО НЕ за Зара.
Предпоследен пат коа бев едно девојче бутна наочари типот на каса не моеше да одолее а да не преврти очи, ко да он савршен не може тоа да му се случи. Пред тоа, ист таков арогантен побитно му беше шминката да не му е расипана неголи што редица имаше на каса. Пред тој, типот на јајца газеше у стилу 'саше си замислува на златно славејче си пее' и -се извинувам да прашам скроз го изигнорира, ко за лепота (која ја немаше) да е ПОКАНЕТ а не да работи..
Верувам. Барем за цените што ги имаат дуќаниве треба да покажат некаква услужливост, ама изгледа тешко им е.
А веројатно сакате продавачките да бидат не дотерани па да им се смеете како се несредени и умирисани на пот зошто по осум саати се движат. Смета ако е дотерана? Сигурно не е во минич облечена. Дрес код има во државните фирми а треба да има и секаде. И истиот да се почитува. Дали ви смета ако банкарката се замислува дека е на модна писта? Со ниски примања кои им стигнуваат за да се прехранат и облечат и уште изгледа сте им љубоморни.
Слушам коментари од типот многу убаво им било на продавачките. Тоа некој што ни ден не поминал во трговија. Кој сака нека повели огласи за продавачи има секој ден. Во контекст на стратегијата за штедење енергија со што во потполност се согласувам им било ладно летово во климатизирани простории. Во ред ќе ги исклучиме а производите? Ќе ги фрлиме ли? Температурите се такви заради производите во маркетите зборувам инаку никој немаше да им дозволи да седат во климатизирани простории. А да и кога веќе штедите енергија дај веќе аман почнете да штедите на пластика односно гратисни најлонски кеси.
И како тоа продавачката во бутик живее од твоја плата? Ти од кого земаш плата? Од животни ли? И да си администрација и што и да си пак ти живееш од наши пари еве со примери ако си во МВР ние плаќаме за да ни дадете документи, ако си во царина робата сите ние ја јадеме облекуваме... Ако си во ЈСП ние плаќаме ..... Да не продолжувам. Тоа дека таа живее од твои пари треба да се забрани со закон. Не е таа виновна што ти треба да бидеш облечена или што треба да јадеш. Алоооо луѓе осовременете се. Продавачите ги правите втор ред граѓани.
За продавачките во Њу Јоркер во Сити Мол само ќе кажам дека се чудам како такви луѓе добиле шанса да бидат на позиција за да работаат со клиенти.
Слободно кој сака нека се менува да контактира и да услужува со сто, двеста, петсто луѓе па да го видиме каков ќе биде. Замислете сто пати добар ден и чао... Изгледа сте задоволни од останатите вработени по МВР, УЈП, болници итн. Па се фативте кај најслабите. Тие кои никој нема да ги брани сами се борат ... Кои немаат право на збор... Понудете им на тие од њу јоркер канцеларија тогаш. А незнам правете кастинг натпревар или незнам веќе што за да не ги шиканирате јавно. Решение роботи да ви наплаќаат и услужуваат може ќе ви се погодат.
Зборот глупав исто треба да се искорени. Неблагодарно е за кој и да е што секојдневно се појавува на работа ја гледаш нели дека е таму и ја знаеш смената односно знаеш доста работи за неа. И уште сто пати се изначитав глупава. Можам до сабајле да пишувам на темата. Престанете да се напаѓате еден со друг а уште повеќе престанете да се навредувате. Тоа важи за сите пори во општеството па еве ако сакате и во политиката.
А бре одам влагам во продавница за храна или бутик. Влагам со очи барам тоа што ми треба идам на каса плаќам. Толку. Ни ја гледам ни ја пратам во што е облечена нит име ме интересира... Нит дали превртел очи. Ми треба млеко, млекото го барам, или фармерки а не го скенирам продавачот. Од Македонија ќе правиме село или.. Секој ќе си гледа своја работа. Влегуваш и со што е можно со помалку вознемирување пазариш тоа што ти треба и толку.
Еј се напна. Ок, продавачка си, веројатно од овој тип, па се пронајде и се најде увреѓена. Никој не ти е крив што си продавачка ако ти сама не си задоволна од тоа. Мене никој не ми е крив што сум на Х работно место, ако не сакам да сум на него. Не ми се криви клиентите, па да се понашам ко стока према нив. Оговарање, превртување со очи, некултура и одвратно однесување не се оправдуваат.
Од километар се гледа дека си продавачка. И океј, смири страсти. Ако си љубезна продавачка, не треба да се пронаоѓаш меѓу нељубезните. И има арогантни и одвратни продавачи, а и такви купувачи. И исто има арогантни лекари, професори, работници на шалтер итн. Тебе не ти е битно дали докторот ќе биде фин и пристапен или дрзок?
И јас сум работела во бутици. Ако си љубезна продавачка нема од што толку да се вреѓаш, еве јас не се навредив воопшто затоа што сум била на двата краеви од спектарот (и клиент и продавач). А тие од Њу Јоркер си имаат канцеларија, да не ги мислиш
не сум продавачка кој побогу би имал време да гледа дали продавачот превртува очи. Па уште и да седне на интернет да напише. Пишувањето навреди глупави итн е културно?