Па не знам дали некогаш ги искористиле воопшто како доказ. А може во јакна сум збутала нешто. Башка ете што кажав погоре. Ми дала другарка чоколадо, го наоѓаат. И, како да се оправдам? А да, имам ствари во ташна што не можам да докажам од каде се. Чувам и влошки, марамици, лабело. Или и за кондоми ќе треба да се објаснувам пред народ дека не се крадени?
Абе да, ама чоечки, можи и културно настрана, а не да прат драма сите да ги гледат. Мислам нема поента да те срами пред сите, да се погоди некој познат да има, ќе те разбери цел град. Мене начинот ме нервира, нека проверваат колку сакаат. Сфаќам дека плаќат од џеб и дека и тие се луѓе, ама ако згрешиш во проценката барем извини речи.
Затоа што не може. Кој курац е она да ми брца во ташна? Кој курац е тој што и наложил? Јас за ова лом ги правам. Превентивно ќе ме претресувала, како да не.
Може да се влошки купени вчера од нивниот дуќан. И? Јас лично секогаш имам влошки во ташна оти се случувало да ме изненади добивање порано. Башка со такво детално проверување на секој само ќе си прават гужва и после муштериите криви оти превише работа.
Не ме вознемирува да претресуваат. Во дуќанот ни се имаше случено на неколку пати, прилично блиски луѓе да не опељашат. Така да... верба во никој...
Проблем е шо не смее. Тоа е проблем. Не смее да ми брца у ташна никој. Само интервентна полиција-жена или во полиција.Или у краен случај обезбедувањето на објектот кои КАМ го нема. Треба да си ги знаете малце правата. Може да ѝ ја отворам ако сакам. Толку Ја ќе им идам некој ден Да видам баш.
Баш. Ко што не смее секој да ти влезе дома (ни полиција не смее без налог) не смее секој да ти побара лични податоци (освен службено лице или кај што е неопходно), така и ова не треба секој да смее. Ич не потценувам работа како продавач ама да, не треба да имаат такво право.
Леле ненормални бре. Значи никој, апсолутно никој нема право да ви чепка во ташна, не у кам никаде. Полиција има право откако по сомнение ќе ве однесе во станица па да проверат, па ако се излажале може да си тужите. По концерти и сл кога проверуваат ташни ако сте забележале пипаат однадвор зошто не смеат да отворат и да разгледуваат. Може ако вие се согласите и имате голема ташна да ја отворите само да фрли поглед. Од кам што им наложиле не е ваш проблем, а за тоа некој ако им се згне може да ги тужи. И не ги оправдувајте со тоа н ве пипаат по тело, туку само ташна е живи се
Можат да побараат да отвориш торба пред него но тоа мора да го има истакнато во писмена форма и залепено на касата да се гледа. Отворањето торба не значи дека треба да ти бута рака. Обезбедувањето може да побара да отвориш торба и да извадиш сѐ, без допирање. Ако се спротивставите, обезбедувањето ќе ви понуди две опции: - или тој ќе ви ја прегледа торбата - или ќе давате отчет во полиција. Постапката на касиерката е апсурдна но може да биде на место ако имаат известување на касата и може да значи само едно: камерите не функционираат.
Ај шо не смеат да ти брцаат у ташна, каде бе смее претрес така рендом за секој случај, иако не си напраил ништо сумљиво? Ма немој. Па уште ќе се праиме наудрени демек нема ништо страшно. Што има некој такви драми да ти ствара зошто си им влегол во продавница.
Може имам дилдо внатре, зошто да го види? Не смее да чепка нит ако е објавено и залепено, они можат да залепат и исклучиво голи да пазариме зошто така сакаат, не значи дека е законски тоа и треба да се почитува. Не отварам додека не дојде полиција со налог да ми ја претресе ташната, не зошто сум крадец туку уставно ми е овозможена слободата на тоа. Господ да чува до кај одат од што се неспособни (односно не им се дава пари на камери) да водат бизнис.
Нема грешка. Ќе ја истресам цела ташна, сите лични работи на каса, се нека куца. Дај не заебавај, ако не сакаат да им крадат ќе си платат обезбедување, ќе си стават повеќе камери, а не да малтретираат народ, и на секое пазарење да треба да се објаснуваш ни крив ни должен. Смешни ми се и оние во ДМ, празни кутии што ставаат на рафтови. Па уште на палета на сенки, а тестер нема. Боже сачувај..
Бар поштено си призна Исто така, може и на таа што работела не ѝ бил денот, ја изнервирал мажот, шефот итн итн. Многу строги на темава. Баш ме занима што работите и дали сте толку строги со себе и со сопствените грешки, и како реагирате кога ќе згрешите и кога некој ќе ви рипне очи да ви копа (не е лично упатено кон тебе).
Друго ми текна за муабетов. Ако оставиш торба со производи од надвор купени на соодветно место и ти ја украдат, нели маркетот не сноси одговорност. И затоа никој не е будала да остава ташна со лични ствари таму и многу нормално ќе ја носи со себе. И сега замисли гужва е, тие земале проверуваат до детал на секој ташната, џебовите. И после ќе се створи уште толку гужва и ќе речат премногу работа. Е да...
Ете го примерот во Веро го имаат. Што не го земат? Стои од отварање на местото, не дава никој да влезе со торба од надвор, не дава никој да пипка по оставеното.