Сакам да споделам искуство од Космо во Сити мол.. Влеговме со дечко ми за да купиме парфем за негова роднина, за роденден, и си зборувавме пред тоа дека е во ред до 100€ да биде парфемот.. Нејсе, влегуваме внатре, и обезбедувањето по нас оди, од кога влеговме, до моментот додека не искочивме по нас одеше од рафт на рафт.. Одбравме еден парфем кој што беше како колекција, сакавме да прашаме дали го има истиот парфем само парфем, не колекција, и нејсе, ја викнав девојката, само ми одмавна со рака, и ми рече ќе дојдам за кратко, влегува во продавницата една госпоѓа, штикли, капут, наочари, чанта скапа, и одма оваа дотичната која што на нас ни кажа дека ќе дојде, а не дојде, отиде и уште на врата ја пречека дотичната госпоѓа, и одма некако магично најде време за неа да и помогне, додека ние 10 минути ја чекавме да дојде, со обезбедување кое стоеше до нас и не вардеше да не украдеме нешто. Ја оставивме колекцијата, и си искочивме, веќе никогаш нема да влеземе во Космо.. Буквално, ако носиш патики, тренерки, јакна, ранец, као да тоа значи дека си крадец или пак дека немаш пари да купиш парфем, како ѓубре се почувствував.
Не заслужиле ништо да им се купи со таков однос, нека им купи госпоѓата на штикли со капут парфем ако има пари.. Предложете некое друго место за парфеми, ама да не третираат како луѓе.
Во секое Космо е така, а и Шатци и Еликсир богами. Истото и за ДМ би рекол, особено јас како машко кога ќе влезам, обезбедувањето како загар по мене. Испаѓа како “шо бара машко во ДМ”. Ете и вчера во Котон во Рамстор, здивот на обезбедувањето му го чувствував од шо беше блиску до мене, веќе непријатно е.
Секаде е така. Кога ќе влезеш дотеран и пицнат по тебе трчаат и ти лижат под. Во нашава држава облеката и презимето те прават човек, по тоа те проценуваат...
Во ДМ е ист таков обезбедувачот. Катастрофа не знам за што служи освен за неудобно да се осекаат купувачите
Штом сте чесни, не треба да ви е непријатно од обезбедувањето. Што да прават? Тоа им е работа. Не можат да стојат како статуи. А, за односот на продавачките пожалете се на фб профилот на дуќанот (за секој, не само Космо).
Во ДМ знам дека се такви обезбедувањето, за нив навикната сум ама во ДМ има и банални работи, можам да влезам, да си купам само влажни марамчиња.. Овде се е скапо, значи ако сум влегла во Космо, значи имам намера да купам, сигурно нема со 500 денари во џеб да одам во Космо да купувам парфем.. Безобразни се, 5 такви како нас голтари ако ти купат парфем од по 5000 денари, тоа се 25 илјади денари, една таква елитна типка ќе ти купи парфем од 10 илјади денари, и ти наместо да одиш да ги услужиш овие 5 кој што ќе ти донесат поголем профит, ти одиш и и правиш кејф на некоја типка за дупло помалку пари.. Сенс за бизнис, нула.
У такви продавници ми иде да влезам у некои такви тренерки за по дома и спортски патики и да правам намерно муабет на телефон како на пример сум купила скап капут или ЛВ ташна. Да видиме по што ќе одлучат дали да ме услужат
Обавезно капут, штикли, на ботокс оди пред тоа, устата да ја надуваш, една ташна михаел корс, наочари D&G..
Не не, намерно да сум "сиромашно" облечена ама на телефон да кажувам како сум ултра богаташица. Да ги збунам малку
Сум работела како продавачка во бутик во кој имаше и парчиња гардероба и над 500 евра. Баш тие што ќе дојдат облечени како " бездомници" оставаа најмногу кеш. А таквите накинџурени само гледаа и една таква ни здипли еден баш скап новчаник. Така да никогаш не сум гледала некого според гардеробата сите ми се исти. Обезбедувањето се такви зошто тоа го бараат од нив ако не " демнат" одма шефовите од објектот се жалат кај нив во агенција и ги казнуваат не дека они сакаат да " демнат" некој.
Па, така може да фати крадец уште пред да дојде до вратата. И ако алармот не чини, не би разбрал. Игнорирај го. Кога си со некој прај муабет и не мисли. Односот на продавачката е безобразност. Пожали им се. И друга ако има исто искуство од таму нека им пише.
Па тој со патики, тренерки, и јакна, јер нели клошар, кај има пари за парфем, ќе им здипли нешто.. Сигурно некоја со ботокс на устата нема да ја следат.