Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Арогантни продавачки

Дискусија во 'Општи дискусии' започната од prettygirl, 27 ноември 2009.

  1. koritsaki

    koritsaki Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    1 март 2010
    Пораки:
    18.644
    Допаѓања:
    106.680
    Пол:
    Женски
    Еве и јас ке кажам за да нема погрешно сваќање..мислам дека зависи од карактерот на човекот , некои луѓе `се родени` за да работат со луѓе секогаш расположени и насмеани, како и во трговијата така и во здравството итн. Јас многу ретко сум се среќавала со такви продавачки , ама најголем пример е една во мал маркет кај што често одев. Значи секогаш ама секогаш таква намрштена и само чекав на каса да не е таа. Кога ке влезеш од врата ке те погледне намќоресто и ти и викаш добар ден таа ништо. Буквално со сите е таква само се дере , а не дај боже да ја прашаш кај стои некој производ има да ти се развика како нешто доживотно да си и згрешил. Една баба стоеше пред мене на каса и неможеше да ги прочита буквите од еден производ па ја замоли за помош. Таа само и возврати , имам многу гужва на каса сега. И толку. Бабата го врати продуктот и си замина. Треба да си услужлив за да работиш со луѓе ако сакаш и да имаш купувачи, да си стрплив , таква е работата. А ако си таков или не ти се работи , па најди си др работа на крај краева некој што ја заслужува седи дома...Се извинувам ако малку забегав од темата , но тоа беше само мое мислење :*
     
    На mangupce31 му/ѝ се допаѓа ова.
  2. GeorGinnA

    GeorGinnA Популарен член

    Се зачлени на:
    20 октомври 2010
    Пораки:
    667
    Допаѓања:
    2.008
    Темава е АРОГАНТНИ продавачки,затоа и ќе се задржам на таквите(зашто да бидеме реални ги има), а не на досадните(они нека си ја бркаат работата,се додека нивното понашање не премине во навредување,немам против).

    Малку ќе се задржам на случката во Тинексот.Како прво дотичната продавачка добива плата за својата работа,никој не и врзал синџир и не ја довлечкал со сила таму.Сите имаме стресни работни денови,ама тоа не и дало за право без никаква причина да им се понаша на луѓето како Хитлер дедо да и е,оти од истите тие го вади лебот.Нит ја навредиле,нит и повишиле тон,значи најкултурно си пазарат и тука е болката,како бре она си зема за слобода да биде дрска без никаков повод.Нема оправдувања и точка.

    Без разлика дали се работи за продавачка во маркет,во бутик,сендвичара....работата и налага да биде културна со муштериите.Никој не бара од неа да изиграва кловн,да се смее и да изведува акробатски точки да им го привлече вниманието,ама нека биде културна и нека го почитува тој што решил своите пари да ги потроши на местото од кое таа зема плата и егзистира.
     
    На joelle му/ѝ се допаѓа ова.
  3. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.116
    Допаѓања:
    67.101
    Пол:
    Женски
    За мене арогантна е онаа што кога ќе влезеш те гледа како да си и ги убила децата. Кога ќе ја прашаш нешто едвај отвора уста да ти одговори, или воопшто не ти одговара, само ти дава еден поглед-губи-ми-се. Мисли дека работата и е под нивоУ, па поради некои внатрешни фрустрации е арогантна и мисли дека е над тебе, ама ете(јадната)немала среќа.
     
    На mangupce31 му/ѝ се допаѓа ова.
  4. maja8

    maja8 Популарен член

    Се зачлени на:
    3 јануари 2010
    Пораки:
    2.847
    Допаѓања:
    2.159
    Леле и мене ми е ова во план, ама до сега не сум го применила. Или да кажам дека сум таен купувач :lol:
     
  5. Unica

    Unica Популарен член

    Се зачлени на:
    5 октомври 2010
    Пораки:
    536
    Допаѓања:
    603
    Влегуваме во еден поскап бутик јас и една другарка, баравме несто за нова година , а тие имаа нова роба и имасе стварно убави фустанциња . И , си разгледувам јас на едната стана од рафтот , а дека имасе многу роба закацено , несто падна ама од другата страна на рафтот. Доага една дебелогаза размафтана цела и ми вика ,пази малце , се направи лом овде, како не ти е срам , гнасница една сигурно и дома во ормар ти е ваква гардеробата !! :devil: Лелелелеле лугје ми се преврте желудник 100 пати , и и реков па ти не ми ни дозволи да се извинам и да го кренам фустанЧето , а ако си толку загрижена каква ми е гардеробата во ормарот , слбодно дојди среди ми ја !! Излегов и верувајте лугје, не стапнав повеке таму !! :devil: Безобразлук невиден !!
     
  6. maja8

    maja8 Популарен член

    Се зачлени на:
    3 јануари 2010
    Пораки:
    2.847
    Допаѓања:
    2.159
    ^ :o и после вакво понашање таа очекува пак да и се вратиш у бутик? Ц ц ц... баш поради такво однесување има продавници и ресторани каде што не влегувам. Абе милина е кога ќе влезеш некаде и да ти се погоди некоја срцка да те услужи, секогаш со мерак ќе се вратиш таму...
     
    На kate-the-great му/ѝ се допаѓа ова.
  7. srcekrsacka

    srcekrsacka Популарен член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2010
    Пораки:
    2.952
    Допаѓања:
    1.752
    Има секакви продавацки, и ароганти , лицемерни, никакви, те следат, коментираат, многу пати ми се слуцило ехееее, колку пати, а во Уник-мојот омилен бјути центар колку пати се слуцило да ме погледнат попреку ако не сум според нив облецена ако сакам да купам неШто :?: особено поскапо(демек не ти доликува да го купиШ тоа) па сите пари се исти, Штом неШто сакам да купам носам пари,и купувам тоа Што го сакам, и редовно ги следат сите лугје Што се таму, оти мислат дека неШто сакаат да украдат :!:

    Мислам ALOOOO, сепак сум обицен цовек не в.и.п. лицност, и не се наогјам во Холивуд, туку во Скопје, и нема право некој да ме дискриминира според облеката :lol:
     
    На Bibko му/ѝ се допаѓа ова.
  8. violinistka

    violinistka Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 октомври 2010
    Пораки:
    334
    Допаѓања:
    152
    Мислам колку и да сакаш да купиш нешто,кога ќе наидеш на некоја таква намуртена,арогантна личност се предомислуваш и за инает не купуваш ништо.

    Кога работиш со луѓе,треба да бидеш љубезен,пријатен,ем лично за тебе,ем да ти се врткаат муштерии низ дуќан.
     
  9. Speechless

    Speechless Популарен член

    Се зачлени на:
    14 април 2010
    Пораки:
    4.306
    Допаѓања:
    5.981
    Пол:
    Женски
    Денес мене што ми се случува. Влегов со другарка во една продавница за фустани, нормално да разгледаме за нова година фустани. И сега другарками и вика имаш нешто како за мене дека сум широка тука *и и покажува кај градите* и оваа продавачкава и вика ама и тука *и покажува кај бутовите |( * и другарками се смее, што друго да прави. Оваа бара,бара и на крај вади еден црн,никаков како за на погреб, што се вика и на погреб по-свечен носат, и јас само ја погледнувам продавачката као во стил WTF?! и ми вика добро,добро не ме гледај така како да ќе ме убиеш! |( |(
     
  10. Srekicka

    Srekicka Популарен член

    Се зачлени на:
    14 мај 2010
    Пораки:
    1.863
    Допаѓања:
    2.847
    Јас пред една недела влегувам во продавница за кондури и пробував чизми,ама го немаа мојот број и и викам на продавачката да ми даде поголем, за да видам како ќе стојат и кога почна да ми вика (пред дечко ми) аууууу како ќе одиш ти со тие чизми, види се на Паја Патак личиш, плус си слаба исушена, да не се искршиш...ќе пропаднев во земја, и ми идеше да ја истепам продавачката. :envy:
     
  11. nanadu

    nanadu Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 декември 2010
    Пораки:
    14
    Допаѓања:
    2
    Мене ми се најнапорни во Евроазија...Сите ги гледаат како потенцијални крадачи на гардероба... :devil:
     
    На girl1985 му/ѝ се допаѓа ова.
  12. Lacrimosa

    Lacrimosa Популарен член

    Се зачлени на:
    19 јули 2010
    Пораки:
    1.833
    Допаѓања:
    2.932
    Пол:
    Женски
    Ми се гади од продавачките во Македонија. Одвратни и некултурни девојки!
    Едвај добар ден ќе ти речат со пола уста, а услугата им е никаква.
    Најмногу мразам кога идат по мене, не можам на мира да си разгледам, не се осеќам опуштено.
    Доволно ми е да ме поздрави и "повелете", и нека ме остави на мира. Бог да чува,ајде ќе крадам пантолоните в ташна, свашта. |(
    Не се мили и фини, ужасни се и мнооооогу ретко некаде да се понашаат убаво во Македонија. Срамота.

    ^^ Точно.
    Во евроазија не ми се ни влегува. Си викам "еј супер поголема продавница можам барем на мира да гледам", тие идат по тебе како по алва. Напорни се!
     
    На girl1985 му/ѝ се допаѓа ова.
  13. butterfly.93

    butterfly.93 Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 декември 2010
    Пораки:
    1.099
    Допаѓања:
    655
    Ретко се среќаваат фини продавачки за жал. Мразам кога доаѓаат по мене цело време или кога насила ме тераат да пробам и купам нешто. Сакам само да влезам во продавница и никој да не виси над мене да имам слобода :D
     
  14. karak

    karak Популарен член

    Се зачлени на:
    11 април 2010
    Пораки:
    4.435
    Допаѓања:
    5.394
    кога сме кај арогантноста на продавачките толку ме извадила од такт продавачката од sewa во беверли, море не само што ни добар ден што не вика, повелете го заборавила дома. а кога ти треба несто добиваш само имаш цена од позади види си. а разговорот се води од седната позиција. мислам да сум газда не би ја држела ни 5 мин. ја работам таа работа знам колку е важно почитувањето на клиентот, не ѓњавам затоа што не сакам да сум ѓњавена, секогаш комуницирам на ниво и секогаш добиваме како продавница пофалби за услужливост. инаку да правилото е клиентот е секогаш во право и тоа е така нема лутиш ;)
     
  15. FBI

    FBI Популарен член

    Се зачлени на:
    1 јули 2010
    Пораки:
    1.513
    Допаѓања:
    5.299
    Се согласувам за продавачките во Евроазија, како цајкани се влечат по тебе, ти дишат во врат :devil:
    Последното лошо искуство со продавачка од Евроазија го имав пред три месеци.......сторијата започна вака: си разгледувам јас фармерки, одеднаш едни јако ми забодуваат око и гледам дали има бројче за мене. Ги вадам од закачалка за да го видам бројчето и госпоЖата се направи паметна и ми вика “девојко од тие се останати само уште два броја 36 и 38 (луто и иронично)“ Зоврев од нервоза..... што има она мене да ми коментира кога никакво прашање не и беше поставено ! Друга работа е што носам 38, а она со тоа што го кажа мислеше дека 38 не ме собира :devil:
    Си влегов во соблекувална си ги пробав и ми стоеа супер (си ги убив од носење, омилени ми се). Кога одев накај каса и реков само......сега имате само 36, 38 ми се сосема точни (се разбира иронично).
    Од тогаш наваму кога ќе влезам во Евроазија ми иде да се расправам со продавачките хахаха :lol:
     
    На girl1985, Avril.09 и sesilija им се допаѓа ова.
  16. SunFlower94

    SunFlower94 Популарен член

    Се зачлени на:
    25 мај 2010
    Пораки:
    433
    Допаѓања:
    362
    Уфф леле овие од тинекс колку се безобразни! Беше септември и со другарка ми купувавме тетратки, таа една цело време позади нас висеше, а мене ми заѕвони телефонот и значи ме виде коа го вадев од ташна и зборев, на каса одиме да платиме, и таа ми вика девојко да видам колу скри во ташната! леле безобразна :devil: :devil: :@ ја отворив цела и откако виде дека не КРАДАМ ТЕТРАТКИ само напраи фаца пфф и си замина, ми идеше да и речам кога некој е во грешка се извинува, некултурна :@ тетратки од 15 ден. ќе крадам, среќа што немаше луѓе, брука!
     
  17. wolf4e

    wolf4e Популарен член

    Се зачлени на:
    16 јануари 2010
    Пораки:
    2.284
    Допаѓања:
    1.894
    Hајнова случка :D Hа крајот од декември,мажулево мое мило си купи пантолони и ги однесе да му ги скратат,и измери таа се беше ок,и одиме а ги земаме после,ама ни ги даде во различна кеса од некој друг бутик,ама во моментот не проверивме :lol: и другиот ден јас случајно гледам во кесата,различни пантолони,а за дента му требаа :| и замина брзо таму,и се искара со неа,дури и внатре пишуваше име од другиот човек што ги оставил на кратење,ама ете невнимание од двете страни беше |( ***************************************************************************друга случка вчера,влегувам в бутик и разгледував маички,и ме бендисаа и други работи и заминав да пробам,убаво ми стоеа,ама во моментот не ми се трошеа пари,плус малку скапо беше,и излегувам и таа продавачката ми вели и како ти стоеа?и јас се беше ок,ама немам во план да купувам ништо ;( :D и таа леле колку растури и ништо не купуваш,и јас а кај пишува дека морам да купам :D ?и таа ми направи ваква фаца( |( ) Aма јас пак ке појдам,и пак ке пробувам 100 парчиња и пак ништо нема да купам :rofl: :D
     
  18. maja8

    maja8 Популарен член

    Се зачлени на:
    3 јануари 2010
    Пораки:
    2.847
    Допаѓања:
    2.159
    ^ Е богами Волфче ова последново не ти требало да и кажеш... И јас некогаш си пробувам а не планирам баш да купам, ама па си можела да и кажеш дека ке размислиш, прво да разгледаш уште нешто... :lol:
    мене ми е стварно непријатно да и растурам све и на крај да не купам ништо, а уште да и кажам дека немам ни намера да купувам :x
     
    На mina, sesilija и LivingGlam им се допаѓа ова.
  19. wolf4e

    wolf4e Популарен член

    Се зачлени на:
    16 јануари 2010
    Пораки:
    2.284
    Допаѓања:
    1.894
    Mаја само 4 парчиња беа :D ама нејзината реакција беше ептен иронична и лута,и ме изнервира така што направи,а можеби ја изнервира и керка ми,зашто плачеше :?: незнам ама не треба таква реакција,не и пробав 1000 парчиња :Dпоследнава реченица не и ја реков,за пак дека ке отидам туку така ја кажав :wasntme:
     
  20. lily-prune

    lily-prune Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 јануари 2011
    Пораки:
    545
    Допаѓања:
    155
    овде во ср можам да кажам дека има и пријатни а има и од оние кои ги заобиколувам или пак ја чекам другата смена да дојде бидејќи немаме којзнае колку дуќани во градот па знаеме кој кога е на работа значи во јордан ме нервира само една продавачка другите се фини услужливи оваа цела намрстена па уште на една другарка кога и побарала поголем број на фармерки и рекла ама си се поправила и повеке другарката не влегува таму во некои дуканчиња продавачките се зависно од расположение кога се добри кога не исклучок девојките од васидора прекрасни се постојано наминувам таму ме известуват за намаление и се спријателивме мерак ми е да влезам таму.