Леле не ми се верува....како јас да сум го пишувала ова, ама за Еликсир Капитол...барав нешто долу на рафтовите, клекната и кога се свртев нагло продавачката ме гледаше со таква гадунка фаца, ме мереше од патиките, тренерките, јакната мислам онака од горе...демек си мислеше "има ли оваа пари за тука"...Ми се повраќа, однос нула. Сите услужни професии треба да имаат курс од работодавач за soft and people skills ако немаш вродено да бидеш човек пред се.
Имав пишано во СДК пред некоја недела за слично искуство во Космо. Многу ми е смешно затоа што они самите земаат просечна плата а се понашаат како да се д некст бијонсе ин да билдинг. Исто еднаш друга случка, во еликсир бев, абе само што влегов и се поздравив продавачката дотрча накај мене, буквално трчаше од каса. И сакав само тестер да пробам а она застана одма до мене, телата ни се допираа, не сте свесни колку ми беше незгодно. Не ми ни одговори на прашањата околу парфемот, ме гледаше како Пенивајз да го видела, изглеа сакаше само да си отидам Си реков ај у курац, ќе си пробам на друго место и искочив.
Истото ми се случи и на мене во ДМ расадник. Доста непријатно се почуствував кога ме следеше обезбедувањето, и поради тоа веќе не им влегувам има се во Веро, Рамстор, Тинекс и Др. Маркети.
Жално е што се чувствувате непријатно од обезбедувачите без адеквантен кадар по маркетите. Да,точно е дека треба да те има на видик само тоа треба да е неприметливо. Уште пожално е што судат према облека и да сум на ваше место би им направила анти-реклама.
Ме потсети. Во еден ДМ, секој пат обезбедувањето одеше по мене, криво ми беше ама мислев дека е зошто сум со количка, тогаш бебуш ми беше баш мал. На крај, ми пријде конечно со муабет, испадна имал бебуш колку мојот, па се распрашуваше за заби, скокови и сл.
И во тинекс се исти одат по тебе буквално во врат ти дишат. Еднаш отидов влошки да си купам ама сакав да сменам некои и останав малце подолго дечкото стоеше позади мене и чекаше додека не земам и да одам на каса. Премногу е непријатно и треба да се има осет, они се запнале купувачите да не крадат, а на прием партал ги прават.
Сериозно??? Тоа е одговор??? За да можам да влезам во просечна парфимерија да бидам на штикли и со шминка? За секој зборот средување има различно значење. Оваа твоја саркастична констатација вришти од осуда, плитки предрасуди и површност. За мене најбитно е да ми е среден менталниот склоп за расудување и човеченост. Изразот "Рувото не го краси човекот" изгуби смисла од вакви изјави.
Вистина диши во врат обезбедувањето, ама мислам дека од 10 души во продавница, сите 10 ќе мислиме дека само нас не' гледа. Не вервам дека баш на еден му се запнува. Пред некое време во ДМ во Битола, жена 7-8 производи укради, фрлаше од џеб кога ја фатија. Којзнае колку кражби има, малечки работи се многу е лесно. Другарка во бутик работеше, ми има кажувано, какви се финти не им истекнуваат за крадење. А во Ист Гејт па, кога и да влезам обезбедувањето во акција е да фати некој. Шо да прат и тие, то им е работа.
Јас нема да кажам арогантни ама крајно невоспитани гуски 2 денес во Вајкики во Ист Гејт. Значи на каса со маж идеме да платиме можда 10 партали, овие 2 на каса се размуабетиле, као не те мочам што си тука пари да ми оставиш (а им оставивме скоро па 5.000). Маж ми ги прашува нешто овие 2 гракаат гласно на турски или албански не те ни слушаат исклучени максимално од реалноста. Маж ми пак ги прашува овие не го регистрираат. Искрено да не изгубев 100 саати по тоа рафтовите кои патем им се стално несредени ќе им ги акнев од глава парталите и ќе си искочев. Да ги молам пари да им дадам..
А јас кутрата секогаш кога одам на шопинг одам по хеланки и дукс, евентуално тренерки, обавезно без шминка и врзана коса. Сакам да ми е удобно кога шетам и кога пробувам облека и правам облечи соблечи 20 пати. Макар и козметика… шопинг ми е еден вид пешачење и сакам максимална комоција. Среќа не мавам рецка како ме гледаат, според муабетов сигурно сум му во категорија потенцијален лопов.