Јас како бивша продавачка, морам да кажам дека луѓето по тренерки и сл скоро и највисоки сметки прават. Имав една ситуација каде иди лабава жена по тренерчиња и вентијаџе ме прашува да понудам парфеми, жената супер и коректна во однос купи два парфеми по 4000 или 5000 денари, не се сеќавам баш на сумата, се заблагодари и си замина. Друга дотерана дојде со чанти, фризури, палта, се отепав од зборање од нудење 2000 денари и биле многу за парфем ми го шибна тестеро в рака и си замина. Никогаш не ги гледав како се облечени гледав на секого да му обрнам внимание и сите да се фер и коректно услужени, но секогаш јас не чинев... Исто ме нервираше кај колешките ароганцијата ако беа во гужва, НЕМА и си заминува, стално им велев не бидете такви поарно слези в магацин, да те види дека си се потрудила отколку да си арогантна, имаше муштерии кои ни беа стални и ме бараја само мене
Прееска во Дм, Расадник, купувам 2 работи, а двете на 50% попуст. Едниот ми го наплаќаат со, другиот без попуст. И викам, грешка имаш, ми вика нееее, толку е. 84+87 за неа беа 260. Дојде друга, ми вика ахаааа, колешкава првиот го наплатила по стара цена...и ќути, ќути и на крај ми вика, па....ааааај, ќе ти го наплатам со попуст. Како услуга сеа она ми прави. Бич?
Пофалба за девојката што работи во Шатци на партизанска, фина, мила, услужлива, да ти е мерак пак да и отидеш.. ПС: Исто бевме облечени како и за во Космо, патики, фармерки, јакна, ранец..
Може ова да не е баш соодветно за немава ама ај.. Ми се случи пред 2 месеца, влегов во Jumbo на вториот кат си разгледував и видов имаше слушалки имаше различни цени испобуткани беа а јас тие што ги фатив не пишуеше цена и отидов да ја проверам на тоа апаратчето и плус таму имаше уште еден човек проверуваше исто така цена на еден производ (да напоменам НЕ го отворив кутичето од слушалките) ама апаратот не работеше и така не ми беше итно отидов само да ги вратам на место. И луѓе ми иде една жена, обично облечена и шушка кога збори, буквално ме преплаши и застанува зад мене и ми вели СЕГА ДА ОДИШ И ДА ГИ ПЛАТИШ СИТЕ ОТВОРЕНИ СЛУШАЛКИ ШТО СИ ГИ ОТВАРАЛА (А јас не отворив ниту едни, а долу имаше отворено многу) и јас и велам, јас не отворив ни едни слушалки само отидов да ја проверам цената. И ми вели : ЛАЖЕШ ЗЕМИ ГИ СИТЕ И ОДИ ДА ГИ ПЛАТИШ И ОДМА ПОКАЖИ МИ КОИ ГИ ФАЌАШЕ. И мене ме изнервира тука женава улава ме прави и јас и велам а извини која си ти? Нека дојде обезбедувањето јас ке кажам кои ги земав и плус ке провери на камерите дека не ги отварав. И ми вика јас сум обезбедување ( а неверувам она да беше оти беше скроз како од улица испадната и не сакам да грешам ама мислам дека женава нешто не беше арна многу беше чудна и така и се понашаше) и коа и реков ај викнете и некој друг од обезбедувањето да дојде ми рече само добро ако купуваш оди на каса ама не ги отварај!! Јас у шок, буквално ми се наметна женава и почна да ме обвинува за дело шо неам напраено, фатив испаднав и ден денес коа ке ми текне се осеќам ептен лошо коа ке ми текне на нејзе како се испронаша а сигурна сум дека не беше обезбедување. И ако била стварно, зарем како од улица испадната ке биде облечена, нели обезбедување си има посебна облека шо ја носи ?
За таму како што знам, некогаш ги пуштаат вработените во обична облека, да идат по "сомнителни" луѓе. Така беше порано, сега не знам. Ама кој ку*ац и да била, не смеела такво понашање да има. Мислам, ти и добро си изреагирала, ја ќе ја отерав у...
Не им замерувајте на продавачките така им е кажано од македонските "газди". Како да се однесуваат кој прв да услужат. И нормално, ги бираат прво тие што се со пари, ако ги судат по облеката, шо не е логички.
Кој ужас, зарем по облеката се цени? Јас разбирам дека во продавници каде што се продава роба по повисоки цени профилот на потенцијалниот клиент е тој што може да си го дозволи тоа. Ама, не значи секогаш дека тој клиент ќе се појави во версаче Еве јас колку пати сакам да одам на шопинг по фармерки и патики, некогаш може и скроз спортски. Дали тоа покажува дали јас ќе потрошам над 100е или повеќе/помалку? Мизерно е навистина. Така губат муштерии, прво, оти никој не сака да му дишете во врат додека разгледува/пробува, второ, понижувачки е некој да го сметаш за крадец, инсолвентен итн. според облеката. И многу важно, ако продавачите се љубезни тоа ќе ме натера да го купам производот или и плус друг производ, незаинтересираност или дрскост само ќе ми створи одбивност да не влезам таму повеќе никогаш. Со исклучок на локални бутичиња, сите поголеми продавници имаат маркетинг менаџер и ова треба да го знаат. Јас разбирам дека се случуваат и кражби и се, ама со ваков селективен пристап нема да ги намалат, само ќе изгубат муштерии. Пофер би било да нагласат одреден дрес код (иако звучи идиотски) отколку вака. Затоа во странство можеш слободно да си се шеташ и по продавници на светски брендови (Шанел, Луј Витон итн.) каде што персоналот е максимално услужлив и не те гледа како си облечен. Овој чуден комплекс само во Македонија го има.
Денес бев во ДМ во ГТЦ да си купам пудра, телефонот во една рака и ја барав една пудра членки овде што ми ја препорачаа иста таква барав каде има со слика од интернет, леле луѓе таа една обезбедување што е жена, со црна виткана коса, во чекор ме следеше, и во врат ми дишеше додека ја барав пудрата.. Што си мислеше женава само не знам, дали мислеше дека гледам на телефон која е поскапа пудра па од таа да украдам или како.. Ме следеше додека ја барав, додека си гледав каква нијанса да земам, па додека одев до каса, и конечно кога ја платив, се тргна..
За обезбедувањето во Веро и Џамбо знам дека немаат униформи и одат на работа со своја облека. Можи навистина била обезбедување.
О, не, многу си грешка, барем за во САД за овие продавници се случувало да не ги пуштаат воопшто да влезат, а не пак да не ги следат наоколу ако „проценат“ дека не изгледаат соодветно. Дел од брендот им е кој влегува и како изгледа, барем до пред некоја година. Сега, со сегашнава мода не знам дали се има сменето и нема да коментирам за сега. Така да, комплексот е широко распространет. Тоа што во македонија нема простор за вакви претерувања затоа што одвај милионче броиме и не се знае кој ќе купи, а кој не, нема врска со тоа. И јас сметам дека е арогантно и не го оправдувам во никој случај. Не треба да биде така. Околу дишење во врат: после минатата недела кога видов како еден крадеше од една продавница за козметика, многу ми е појасно зошто имаат обезбедување и однесувањето на продавачките и обезбедувањето. Седнав во близина за да проверам еден производ пред да влезам и да го купам и гледам продавачките влечат еден. Ми стана чудно, кога тоа од јакна почнаа да му паѓаат производи. Се обиде да се ослободи ама продавачките земаа колку што можат од него. Не изгледаше лошо облечен или нешто слично, напротив, баш стокмено. Затоа, не дека до сега не знаев со што се соочуваат и не дека немав, ама од сега имам уште поголемо разбирање. Тоа е, работа им е да надгледуваат колку и да ми е непријатно. Друга работа, влегоа едни млади во една продавница за козметика, им падна производ и го шутнаа под рафтови. Ова не е толку за ароганција на продавачки ама после тоа ги сфаќам зошто се такви. Со секакви се соочуваат (иако не е оправдување) и секакви невоспитани мораат да услужат. Ама дека можат да расипат ден и на оние кои се сосема коректни, можат, дефинитивно.
Во Зегин. Има Дедо Мраз до самата врата и ќерка ми само го галеше и таа аптекарката дрско и рече дека само се гледа тоа и да го остави. Не изреагирав никако зашто детето беше со мене, па да не слуша. Но коса ми се крена. Може со убаво да каже, а не да ја пресече. Безобразна. Каде може да се пријави вакво дрско однесување?
Зошто продавачките што продаваат долна облека гледаат осудувачки кога се бира секси долен веш? Не на сите места ама на неколку ми се случило. Што им е толку интересно и смешно.
Јас во Космо Ист Гејт се осетив непријатно кога една продавачка буквално ми се залепи. Ја погледнав онака, ме праша дали можела да ми помогне и кажав не. После тоа следеше меркање со очите од горе до доле. Некој бегал од часовите по култура на однесување.
Во Струмица влегувам во дрогерија, продавачката на каса служи некој друг, јас дирекно кај десдорансите и слушам: ШО ЌЕ САКАШ ТИ МОМИЧКО? ми се крена и коса и се.
Ако не си струмичанка може да ти звучи малку грубо, но воопшто не е со ароганција или со лоша намера кажано. Тоа е нормален израз таму