Бев на пластичарска во една продавница. На страна им стоеше дека имаат попуст за одредени производи ама не беше така. Прашав дали може да ми помогне за одредени производи и таа рече „сега“ и си продолжи со муабет на албански (што може да било и озборување зошто почнаа и да се смеат со другиот вработен што беше крајно некултурно) и кога конечно заврши со пакувањето на проиводот после 5 мин, продолжи да си муабети и конечно после некое време се одлучи да помогне. Прашав за еден производ (што очигледно го продаваа распар) каде се другите работи за да ги комплетирам и таа се изнасмеа дека не можело така да оди (на страната им го имаше производот со останатите работи).
Што финти прават во ДМ со попустите наводни? На рафтот за крем за лице пиши попуст од 697 на 420, одам на каса ми го наплаќа 697. И кога ја прашав дали има попуст будала ме прави. Демек кај фати фати, на некој ќе му биде незгодно да го врати? Срамота Па уште лута ко го вратив, очи ми преврќа, гужва сум правела.
Gazdite treba da si se preispitaat vo vrska so vrabotenite... Vrabotuvaat stoka a normalni luge koi ke im rabotat vredno gi ignoriraat. Zatoa nema da gi bide Ednas arogantno ponasanje, uste ednas nema da me vidi. Ako go ,napravat toa poveketo ke ima efekt, dosta e da bideme ovci vo sekoja smisla
Навистина и продавачките работат во лоши услови ама за тоа не се виновни клиентите.Во маркетиве скоро секој пат кога ќе пазарувам налетувам на да се изразам безобразни продавачки.Никаква култура,однос клиент-купувач = 0.Ако ги прашаш нешто одма фаци,фактички ги бркаат клиентите а од нив земат плата.
Вчера бев во sara fashion, разбирам и газди и се, ама нели е претерано пет пати да ве праша некој дали ви треба помош? Башка едно тесно продавниче и 5 продавачки да ви висат над глава, па налет и разгледување и се, сакам убаво да си разгледам а не некој само да ме прашува како да сум ретардирана уште да иде по мене како да ќе украдам нешто и да ми диши во врат не можам да трпам така не ми е пријатно, напротив многу глупаво и анксиозност ме фаќа! Ништо не купив и си излегов. П. С. Нема ништо поубаво од продавници во кои човек ќе влезе сам да разгледува на раат а не да се чуствува како крадец.
Овие од Дм или нека си ги сменат цените или народот го прават будала или како еве не знам... На рафтот 80 ден на каса 120 ми пукна филм и реков на продавачката кога ќе Ви бидат исти цените на рафт и каса, ќе се вратам да купам. Безобразие
Тоа не е фер. Може имам уште 1000 ден во џеб и ми е планирани. Може некому месецов му менува дали кремата му е 400 или 600. И не ни е на сите пример лагодно на каса да враќаме производи. Јас би вратила, да е за 5-10 денари ајде де, ама сѐ повеќе, е пљачка. На сите им е тешко во ова време, не мора да се крадеме. Нема фајде од богатење на туѓа мака
Мислам дека постои закон(некој правник нека кажи), доколку испадне производот поскап од цената поставена на рафт, да се обврзани да ти го продадат по таа цена.
Многу ќе ги заболи што нема да купиш. Можете да пробате да зборите со шеф/ицата за различните цени. Или речете дека ќе ги пријавите (ова често функционира и кога производ на попуст се обидуваат да го наплатат по редовна цена). Или ова пишете им го во порака на ФБ и Инстаграм. На „нема да го купам“ само ќе се изнасмеат.
Да да, не сум правник, но имам прочитано дека ако на рафт има една цена, а вас ви наплатат на каса друга можи слободно да викните пазарна инспекција и да ги казни. Али ние потрошувачите не си ги знаеме правата.
И јас мислам имаше вакво нешто. Ама некој ако земе да сликне цена и фискална и пријави одма ќе му рипнат. Демек и така рмбале за минималец, уште да ги избркаат или казнат па ај греота се, се случува
А, тебе нема да те '' заболи'' ако купиш три или четири производа и од по секој те украдат по едно 20, 30 денари? Уште смешно било ако ги вратиш...јас да ти кажам земам тел во рака и рачунам до колку сакам да направам сметка бидејќи имав ваучер и сакав да го искористам без да доплаќам, нема што да ми рачунаат повеќе и верувај уште посмешно е купувач на каса да ти враќа неколку производа и да ти докажува дека сумата која што ја израчунал на калкулатор е помала од таа што ја наплаќаат, така да, мислам само дупла работа би имале, тешко дека време за смеење ќе имаат.
Има закон за различна цена на рафт и на каса ама штом им укажеш дека не им е во ред цената (ова обично за маркетите важи), одат по рафтови и менуваат така да понекогаш нема како да се докаже дека било друга цена дури и при сликање.
Луѓе, абе вработените ли одлучуваат за цената или фирмата? Нема потреба да се вмешуваат вработените, ќе си пријавите во пазарна или со полно право ќе го вратите производот, па и пет денари да се во прашање, ако не сум испланирала да ги потрошам, нема да ги потрошам.
Вработените треба да усогласат цената на рафт и во компјутер. Не е цената сама по себе проблем туку што едно пишува таму, а друго ти куца.