Тоа е малце намерничко така направено за да се манипулираат муштериите. Ама тоа повторно не е воља на вработените, туку на фирмата. Ако ти каже шефицата да не усогласуваш, ти нема да го направиш тоа. Штом цената не е иста, ене имате погоре скриншот како може да се постапи, ама во никој случај ич ич не ми е срам да вратам производ. Секој си знае колку има во џебот.
Ако вработените не се криви, муштериите па ич. Мое како муштерија е да пријавам, па сеа дали вработените ќе го јадат или шефицата, нивен проблем. Едит - Досега не сум пријавила и не би се замарала ама сосема разбирам некој да пријави.
Не се криви ниту вработените, ниту муштериите, затоа директно кај тој што е одговорен за маркетот или ако нема оправачка, тогаш пазарна. Мислев нема потреба да се пресметуваме со вработените. Уште помалку има потреба некој да се срами ако врати производ, без разлика на гужва или тоа што продавачка ќе превртува со очи. Може да ме почасти, па да ја плати разликата ако сака, а ако не сака, продуктот ќе им го вратам на рафт и точка.
Не е така. Вработениот е лице на таа фирма и во предни редови одговорен за потрошувачот. Има директен контакт со потрошувачите и се грижи да обезбеди соодветен третман, услуга и сл, без разлика дали одлучува за нешто или не, си носи одговорност. Темава е за арогантни продавач(к)и и ако некој/а е таква тогаш секако дека нејзе или нему ќе изреагираме прво, па потоа на останатите по хиерархија.
Вработените во дм и слични што се секогаш understaffed и им даваат милиони задачи на ден и им висат на глава и мрчат менаџери не можете да кажете дека они се криви за некоја непроменета цена. Може да се случи во систем на секои два дена да се менуваат цените а уште да не се испринтани, или ако некоја продавачка добила задача да смени цени на 200 артикли денеска сеуште да не стигнала до производот што сте го зеле за на каса. Никој на такви работни места поготово ланци на продавници не седи на смена немајќи што да прави па да се дерете и да драмите како они се криви за непроменета цена. И ве уверувам, не е трик бидејќи ниедна фирма не се става во такво светло намерно, туку нема доволно вработени а од тие што се, менаџерите очекуваат вработените да вложат натчовечки сили на смена за 18,000 плата и да работаат за три вработени одеднаш. Фирмата е крива, вработените најмалку. Мислам во ред е да се пожалите ама имајте малку емпатија
Во ситуација кога реагираш за цена, вработените тука не се прашуваат, бидејќи се вечито во процепот меѓу двете незадоволни страни, купците и работодавачот. Ако цената е погрешна/не ни одговара и слично, имаме право да го вратиме производот или воопшто да не го купиме. Реакцијата кај вработениот врзана за цената нема да ја промени фактичката ситуација, односно цената. Ако вработениот заборавил (а најчесто по маркетите не стигаат да сработат пошто се катица за сѐ) да направи корекција, да, може да се исправи, и нема потреба од никаква ароганција најчесто, од ниту една инволвирана страна. Арогантни е сосема во ред да се коментираат, ама вработените (никаде во светот и во ниту една професија) не одговараат за пазарната логика на фирмата/брендот. Само не може по магарето, а може по самарот.
Не само во ДМ, секаде е веќе каткализмична ситуацијата, така што кога гледам дека вработен/а м'кне гајби, реди роба, џогира, куца на каса, право чудо е ако нема гужва и нема грешка. Очекуваме многу од другите, а малку од себе. И затоа се сите толку напети, нервозни.
Истото ми се дешава со четка за коса. На рафт стои 300 ден, а на сметка наплатена 450 ден. Отиде ја провери цената и ми ја куцна на апаратчено што проверуваат цени, таа вика била цената што е искуцана на фискалната. Ако сум сакала да ми направела сторна сметка. Нема врска ја земав четката. После неколку дена влегов во друг ДМ, истата четка на рафт пак стои 300 ден. Намерно е ова, не е од не внимание...
И мене истото ми се случи во ДМ со сунѓерче за пудра. На рафт пониска цена, на каса поскапо за околу 100 денари. Реагирав, бар кодот беше ист и на рафт и на производот, па шефицата ме убедуваше како не е таа цена, па скапи биле сунѓерчињава, па ќерка и си порачала од aliexpress многу поевтини...
Мислам дека не се разбираме.... Ако појдеш во банка и се побуниш за високата провизија е ист муабет ама претставник на банката за тебе е тој што седи пред тебе, а не директорот. Ако отидеш да се побуниш за нешто правно, тргнуваш од основите, а не во собрание. Според таа логика, не одиш да се буниш на директор туку на тој што е задолжен за комуникација со тебе - продавачот. После тоа продавачот знае каде да го упати прашањето или да те упати тебе ако тоа не е негова одговорност. Затоа постојат нивоа и на секое ниво има одговорни за различни работи. Никаде не пишав дека немаш право да вратиш, дека ако е погрешна цена треба да се реагира со ароганција и сл не знам зошто го пишуваш ова.. Конкретно и прецизно опишав на што мислев.
Се разбираме ние одлично, еве цитирам со што не се сложувам. Дали добиваш поефтина услуга ако се пожалиш, на службеник, на шеф/претпоставен сеедно. Како физичко лице, секако не. Тоа е "жалење" кое нема поента, бидејќи тоа е бизнис логиката на банката на пример, или ценовник на нотар на пример, секако нема нотар да ти каже дека две заверки за една ќе ти наплати. Вработениот нема моќ на одлука. Никаде не реков дека не смееме да упатуваме поплаки или замерки за вработените по однос на било кое прашање врзано за конкретниот бизнис или фирма. Пс. Пишав, ако нема кој да те услужи за конкретна неправилност со цените, си има Пазарна Инспекција
Чија "намерна" грешка е ова, на вработениот или на фирмата? Јас искрено мислам дека е на ДМ, бидејќи ете од сто луѓе кои ќе се фатат за четката, една третина да купат, тие се во ќар. А работникот работи за плата, колку што знам во ДМ немаат проценти, уште помалку бонуси, а плус и доколку ги фатат дека не си ја работат работата и не коригираат цени, ќе бидат казнети.
Па на фирмата е најмногу. Многу производи се на каса друга цена, не е само четката. На каса ќе дојдеш и ќе си кажеш веќе ајде ќе го земам. Али ДМ најмногу ме изненади колку поскапеа со се буквално. Капак е ова што го прават то цените.
Во Дм е постојано така, една цена на рафт друга на каса, последниов пат за сет бикчиња цена на рафт 165 на каса 229, реагирав, отиде вработената да провери, кога ја внесе шифрата на производот сосема трета цена искочи, навистина не знам што прават. Се дешаваат грешки, ама ова е постојано вака.
Исто и во КАМ маркет. Затоа и веќе во КАМ не купувам. Мене во ДМ млеко за тело на рафт 217 денари, ми го наплаќа 290. Навистина безобразно и не е во Скопје ова. Очигледно е плански нешто пошто нема шанси насекаде да има спори вработени.
Затоа и реков, ние ќе си помогнеме така што ќе реагираме на секоја различна цена, нема мене зашто да ми биде срам да кажам дека има разлика во цена на рафт и на каса. Никој никому не му е во џеб. И не ми е срам да сторнирам ни за пет денари. Е сега поскапувањето е сасвим друга тема, али се сложувам дека ненормално е ова што се дешава.
Еве едно искуство од странство. Продавницата каде што купувам козметика просто ја обожавам, сѐ речиси има и башка амбиентот е пријатен, меѓутоа продавачките катастрофа. Значи однос нула. Денес бев да вратам продукт кој по грешка сум порачала друга боја место таа што ја сакам. И нагласив дека во меѓувреме порачав друга од истиот бренд не мора да ми враќаат пари само да направиме замена. Се јавуваа,прашуваа и таа продавачката вели да си земам нешто друго за тие пари,а кога ќе дојде другото да си платам пак. Јас нагласив дека не сакам друго да земам и дека можеме едноставно само замена да направиме. Таа децидна беше да земам друго, што највеќе не сакам да се упростуваат и комплицираат работите. И кажувам дека имам многу продукти и навистина не сакам ништо друго на што преврте очи и ми рече да почекам дека имаше гужва. Додека чекав бев сведок на дрска случка, некоја жена отворила кармин за кој мислела дека е тестер само затоа што е ставен во делот за тестер. И тоа не беше нејзина вина туку вина на продавачот. И најчесто се прават такви трикови намерно за да го купиш продуктот. Жената учтиво им објасни дека не знаела дека не е тестер,а тие беа страшно груби на крајот го плати продуктот. Ако тоа не е тестер каде се тестерите тогаш? И пак гледам и ќутам како продавачката и вика “јас не сум виновна ако вие сте слепи”. Жената буквално не сакаше да се расправа. Не беше нејзина вина,тоа е нивен пропуст. Мене ми вратија пари, излегов и после еден час ми се јавија да ја земам нарачката и да платам.
За тие тестери во ДМ си имаат посебна политика. Пола и повеќе тестери дали од кармини, пудри нема.. Сега месецов имаше намалено карминчиња, ама уште првата недела беа искупени убавите боички. Едно девојче вработиле да ги реди шминките или не знам точно каква функција има, ја прашувам има ли од карминчињата други бои. Дрско ми одговори "НЕ, само тоа што гледаш". На каса таа што куцаше исто ја прашав. Ме однесе на рафтот за шминки и ја отклучи фиоката што чуваат плус шминки. Цела фиока беше со тестери, дали кармини, дали пудри. Така да, ништо чудно да почнат и кај нас така да наплаќаат ако отвориш кармин или друго нешто не намерно...
Во ДМ исто ми се случи минатиот викенд со намален производ да излезе друга цена на каса. Изреагирав одма дека не е таа цена, ми рекоа дека наводно за еден вид само било намалението, а таму имаше милион залепени цени за сите производи такви од таа марка. Го сменив со тој што наводно бил само намален, излезе точната цена. Ако не изреагирав ќе си платев поскапо, а не сум будала кога пишува попуст дека има. Не ми е дојдено за тие 50 денари ама па зошто будала да ме прават. Исто во една друга продавница во мол кога беа за 8 март попустите, купив ташна, расипан патентот, приметив одма и ја враќам, земав малку поевтина од првичната што ја купив. Не ми враќаат разликата во пари, дрски, неуслужливи. Се враќав да кажам по 3 пат дека пари не ми вратија. Толку непријатно се осетив, народ ме гледа, но не сакам будала да ме прават, плус големи суми пари оставив... Шопинг и ташни, се ми преседна, ќе се запрашам дали пак ќе влезам, а позната фирма се. Квалитетот им е добар, вработените не им чинат.
И јас во ДМ имам исто искуство. Пудра си бирав, видов една што ја сакав на попуст на рафт, викам супер таман намалена е, не ми се даваат 700 денари за пудра. Одам на каса, ми наплаќа редовна цена. И кажав дека стои друга цена на рафт, ме убедуваше дека за друга пудра било, а убаво гледав за да не утнам. Незгодно ми беше да се расправам, ја земав пудрата ама стварно нема смисла така што прават.