Тестерите во фиока се од оние производи кои им се веќе распродадени. Нема логика да стои тестер, а да нема од производот на залиха.
Сега бев во Веро Џамбо, да купам балонче со хелиум… продавачката.. ако може така и да ја наречам, додека дискутиравме со дечко ми дали ќе биде оке балончето што се мислиме дали да го земеме ни се обрати: Ако не ви се свиѓа, што да ви правам… као што ти е со муабетот.. и коа ја прашував во врска со едно балонче буф зашто не ме сфати шо сакам да кажам ми се обрати дека не била она од “ нашите” и не ме разбирала… ни на крај на памет не ми паднало да го гледам некој поинаку ако не е иста националност како мене. Не знам што е со луѓево ама мислам дека стварно немаат никаков однос…
Баш прееска бев во продавница каде што продаваат роба преостаната од други продавници. Ај тоа што едната продавачка ми висеше над глава ко сателит, не е прв пат. Ама госпожата иде по мене константно. И пререков, ми прави незгодно ко да ќе земам да крадам. Не може човек на раат да си разгледа. Башка имаат камери на секои два чекори. Не ни носев ташна со мене. Морало да има некој со мене бе лол, божем у Шанел работат. Кога тргнав да вратам неколку парчиња кои ги пробав, друга ме прашува дали се океј и ѝ кажувам дека не се и дека ќе ги вратам. Со еден дрзок тон ми кажува" Девојче, нас ни е кажано дека ние треба да ги враќаме". Океј, извини што ме воспитале доволно за да не ги расфрлам работите у соблекувална ко некој сељак, нема да се повтори. Ја па мислев дека е културно да ги вратам од кај што сум ги земала.
Во ДМ во Капитол имаше еден обезбедување, доста дрзок и безобразен, се пикаше во луѓето им дишеше во врат, буквално предизвикуваше анксиозност и нервоза како што спомна некој погоре. Последната дешавка со него беше кога уште се носеа маски за по моловите. На една жена маската и беше спуштена, тој почна да ѝ вика да ја крене маската, жената не го дослушна убаво изгледа и стоеше збунета, полунасмеана, тој збесна почна да ѝ се дере што е смешно, што се смееш... Жената му рече љубезно, дека можел да ѝ укаже со убаво, а не да се дере тука и да смали малце доживљај за минималецот од 15 000 што го зема. Тој тука збесна уште толку, а мене почнаа солзи да ми течат од очи од што се стискав да не се изнасмеам. Потоа жената мирно си излезе, тој продолжи на колегите свои да им беседи како не може таа нему така да му се понаша, тој бил од џандарска фамилија, татко џандар, сестра џандар... Последниот пат кога бев во тој ДМ беше некој друг обезбедување, е сега дали го преместиле или престанал да работи не знам, ама знам дека си го заслужи заплескувањето.
Турскиот ресторан на први кат во Рамстор мол, забулената продавачка никогаш не ни дала фискални, изразито некомуникативна, намерно како да ни прави бавни движења кога ја пакува или дава храната, никогаш не е љубезна, ние љубезно ѝ збориме ја замолуваме, нè игнорира, уште да рече еве ви на храна, ајде сеа гитла да не ве видам уште еднаш! Со другите колеги меѓутоа се смее, весела е... ама а и дојдат муштерии - . Другите продавачки и продавачи, истиот ресторан се љубезни, ведри, услужливи, даваат фискални...
Барај и фискална. Мора да даде. Јас имам лошо искуство со продавачката од Антеп во Џамбо. Ми вика повели и у сред зборење кога и кажувам кои да ги спакува ми го врти газот и гледа нешто позади неа. Земав само 2 врсти на баклава и не можеше да сфати иако неколку пати и ги кажав по назив кој шишува на плочка и и ги покажав. Па маплата хорор. А и пред мене човекот исто многу споро го услужуваше. Не дека беше збунета, туку незаинтересирана.
Истанбул Кафе со сите е она таква како успорен снимак, незаинтересирана, неуслужлива.Не знам за што им служи таму како украс некој, покретен споменик или глуми некое роботче им ги губи муштериите.Еднаш и кажав ти вака сега правиш на секој муштерија, ама кога ќе се омажиш кога ќе ти дојдат гости на чај што ќе правиш тогаш .
Утрово бев во Базаро Охрид да купам транспортер за мачка и зедов играчка за синко. Транспортер со кило прашина. И, велам на продавачката дали имаш друг бидејќи мачето морам веднаш на ветеринар да го носам? Немам запакован, но ние ќе го исчистиме. Ај добро си викам. Го однесов мачето, завршивме работа и дома да го отворам се скрши, има ко едни тенки иглички. Ајде пак во Базаро Охрид и таму не сакаат да сменат. Добро реков вие продавате за еднократна употреба? Одма побарав Скопје во инспекторатот за заштита на потрошувачите,но сабота е и не работат. И, тоа за продавачите е смешно. Повеќе во Базаро моја нога не стапнува, па и без пари роба да даваат. Безобразно и невоспитано однесување.
Па сеа види, ни ја не би ти го вратила. Ти си го оштетила, не ти го дале оштетен. Никој нема да ти врати роба така.
Во ДМ Џамбо има еден што виси кај парфемите и јас стоев и ги разгледував, го тргам тестерот за да го земам пакуваниот овој со се памет ми рече кај идеш со тестерот, а тоа празно шише.
Да За замена се знае доколку производот има фабрички дефект или е исправен но не ти се допаѓа пак да ти го заменат во законскиот рок, а скршен или оштетен производ нормално дека нема да ти го заменат и со право пак уште безобразни и невоспитани биле, но не се тие такви туку оваа што се прави паметна пак дури и во инспекција ги пријавувала.
Ми се гади од една вработена во А1. Отидов со блиска личност заедно кога таа земаше телефон, ја праша дали има маска за телефонот, рече дека има. Ама не купи, подоцна тој ден ми рече "појди ти земи". Отидов, госпоѓава на телефон си чепкаше, не ни прекина кога влегов, ја прашувам за маска за тој модел, ми вика "нема". Подоцна истиот ден, оди пак оваа блиска особа да праша, имало, купила. Ми се згади салонот на А1 за цел живот.
Јас ја разбрав членката многу добро така што и веројатно на ветеринар не го отвориле одозгора туку само вратичката па поради тоа не забележале дека е скршен кај страничните зацврстувачи. Што по некоја логика тие биле скршени уште пред да го купи таа. И да, има право на рекламација сепак се познава скршено од човечка рака и скршено само од себе. Добри зацврстувачи не можат да се скршат туку така.