Влегувам во Џенифер ( Centreparc ) пола час пред затворање. Во 19 часот се затвора целиот трговски. И тоа се чудам што им е празен дуќанот порано многу роба имаа. И само што влегов продавачката на каса почна да вика, да лупа по масата, нервозна врие ме уплаши да ви кажам право. Не сум видела до сега вакво невоспитание, моја нога таму веќе не. Сакав пижами да си купам, ма свети пижами шпринт фатив. После мене две девојки влегоа, едната на телефон зборуваше најверојатно не ја слушна, да ја слушнеа верувам дека и тие ќе го напуштеа бутикот.
Битола во Ивери. Ајде што доаѓаат по тебе и те гледаат упорно додека разгледуваш, позади грб фаци прават очи вртат, се смеат. Дури и се понашаат арогантно и ти велат ајде ќе земаш или не. Ужас. И да сакаш да купиш ќе се премислиш. Ептен некултурни и дрски.
Врв на ароганција се продавачките во пекарата/делот со готова храна во Веро Тафталиџе. Толку простачко и невкусно однесување немам видено на друго место. Секоја една вработена е приказна за себе. Нон-стоп се дофрлаат непотребни коментари и приказни кои навистина не се соодветни за на работно место, сепак јас не им сум најдобар пријател. Кога прашав една вработена со што е кифлата ми одговори: “Од каде да знам бе дечко, не сум внатре ја!”. Исто така, внатре се едно 10 вработени, а секогаш има редици. Само 2ве услужуваат и наплаќаат, а останатите се мотаат и навистина ништо не прават, ако се пожалиш можи и натепан да бидиш. Имав една непријатна случка каде во друга торба имав испазарено од друг маркет, а отидов до Веро само за нешто од овој дел. Продавачката ми се развика зошто не ги ставам на каса и тие производи, по шо и одговорив тие ми се од друг маркет и ѝ покажав фискална сметка, ги разгледа производите со фискалната и ми ја врати, за по 10с да ми речи, “значи да ги куцам и тие во торбата?”. Искрено мислев се зафркава, а таа беше мртва сериозна, си ја зедов торбата, ги оставив производите од таму и си заминав.
Од мое искуство па обратно е. Освен продавачки што не ми враќаат на здраво/добар ден иако ме гледаат во очи додека влегувам, не сум имала некое толку лошо искуство со нив за да го запамтам. Е и овие што те следат ми се досадни, ама тоа им е дел од работа, не дека се дрски...
Во Дм маркетот во ГТЦ се многу безобразни. Не знам што е со вработените, само да се правело некоја тензија... Бев сведок на нивната ароганција и тоа два пати, ама ај...
За жал ги нема на мапа да оставам впечатоци, трафиката што е кај парк, продавачката има посебни правила во нејзината продавница. Значи однапред точно да знаете што сакате и за секунда да купите, како така да разгледувате, мобилен исто во ташничка не дај боже, може се допишувате... бидејќи можда, само можда треба да пренесам што има за да знам што да купам. Ама страшно, екстремно некултурно од моја страна. "Повеќе култура" кон продавачката што ќе ви се дере дека се допишувате
Не за ароганција ама што им е бе во Џамбо што секој факинг пат им се различно наместени работите? Џабе сум била милион пати, секој пат нов распоред имаат на некои производи Па ќе прашаш кај се наоѓа нешто па глумат нисам одавде.
Многу неуслужлив персонал во Sport Reality во Diamond Mall, особено еден од вработените. По тебе доаѓа како загар, а кога ќе го прашаш нешто, се однесува скроз незаинтересирано, како да не работи во продавницата. Во продавницава, а и во целиов мол жив човек нема, така да сигурен сум, се преработил. Не знам како успеав да изберам тренерки шо “по грешка” се нашле во продавницата и не можеше да ми ги продаде. Исти такви имало во друга продавница, на спротивната страна на градот за кои исто така не можеше да се изврши трансфер до оваа продавница. До сега искрено не сум запознал некој толку да не сака нешто да ти продаде.
Најарогантни продавачки во кам маркет доле во ГТЦ ужас и тепаа една прошлата година околу нова година беше 2023 имаше и на вести и пак исто ѓубре останаа да ти е гад да влезеш да купиш тоа за луѓе само со низок притисок зошто стварно се способни од нивниот безобразлук притисок да качат матерот нивен.изгледа пак треба некој да се најде некој таков ко тој дечкото што ја ишамарал таа ко прошлата година
Хахахаха буквално, барав нешто и изгледа жената беше србинка вработена , ја прашувам и ми вика не разумем баш, али провери доле или горе сигурно хаха исто како да није одавде
Не знам, вишок биле во системот на конкретнава продавница, а најверојатно во некоја од останатите продавници фалеле. Како се нашле тука “по грешка” и тој не знаеше, а беа уредно изложени со се етикета, цена, попуст итн на рафт.
И во Ѓорче во Дм во СП планет имаат вработено една србинка или босанка небитно и си збори така зошто не знае поинаку. Па тие останаа да работат што очекуваш? Сега веќе строго неписмен кадар се вработува,арогантни и покварени зошто не им чинеа тие што работат и не само кам маркет сите фирми. Што се жалеше газдата од Бигор Клининг кога сака доаѓа кога сака не доаѓа, а ти мора да го плаќаш епа јбг.
Искрено што да речам незнам такви немам никаде видено во скопјево ко доле у ГТЦ во камот абре ко одберени да се уште да почнат да не тепаат кога чекаме ред наредби ко во војска ти таму стој ти ваму еј ти кај идеш бе тоа нормално ли е со муштерии незнам но досега немам никаде вакви сретнато тоталка никаде не очекувам лигавење и широк осмех ама до толку арогантност да се почуствуваш лошо на пазарење немам осетено влагам таму ако ептен брзам немам избор каде иначе ги избегавам лошо ми е чим влезам таму ко стока да сме се понашаат.
Ехее Жито ѓорче ме направи како крадец заменик шефицата зошто сум влегла со торбата што сум пазарела од др место. Купи ефтино имаат една ти вика па тоа што е таму види си и седната ај да јадеше во ред ама дремеше на телефон.
Затоа фискалната за доказ носи си ја но не смее да те именува ко крадец не се нормални стварно има забегани по продавниците