Во Веро Џамбо... Добро значи таму увек кога застануваш на ред, нешто се дешава. Или касиерката ќе стане ќе кидне некаде, или нешто пост терминалот ќе заглави, или некоја не знае да се снајде да куца или таму некој баркод не го куца. Па шеташ ко улав од каса на каса, гужви се прават за ништо, па таман ќе дојдеш на ред за едно ебено кафе, ајде ѝ текнало на касиерката пауза па ајде иди на друга. Толку неорганизирани упм значи.
И што е најлошо... Нема кого да прашаш. Треба да ги бркаш вработените. А за Базаро што да се каже... Не им се работи. Ти вика - Прашај на каса.
Најлошо искуство имам со продавачките во MyModa на плоштад.. Значи влегуваме внатре, прво на сајтот им стоеше дека работат до 22:00 часот, а на вратата таму пишуваше дека до 21:00 работат, нејсе одиме ние таму, 20:10 беше, и покажав на продавачката слика од еден комплет а таа му рече ете таму стојат ама број за тебе нема, и си отиде таму негде позади без ништо да каже.. Додека јас разгледував на првиот спрат што има, видов дека има и втор спрат, и сакав да се качам и тргнав и дојдов до пола скали, а таа од таму ми викна само не може горе, само што исчистивме, луѓе, саатот беше 20:25 а може и порано, а они до 21:00 работеа според тоа на вратата листот што го имаа ставено.. Прво се некултурни, второ воопшто не сакаат да ти помогнат, трето како ти да си крив што воошто си влегол таму се осеќаш, има убави работи, ама не би влегла повторно таму, загадочни продавачки имаат.
Побезобразни створења од продавачките и сопственичката на бутик Различни- Буњаковец не сум видела. Лицемерни, сопственичката алал не заслужува ни денар
Дали таму сеуште работи една женичка, беше многу мила фина на сите цуци маци душо им викаше? А газдарицата е прича за себе одвратно створење. Таа маж и ако не го тепа дома еве на
Продавачката во Вега. Ужасна. Таа една намќор кој оди таму ја знае сигурно. Останатиот персонал толку е фин и љубезен она… како лута на господ шо се родила… катастрофа
Е баш за него тргнав да пишувам (под претпоставка дека е истиот дебел, ај да пишам крупен) човек шо има длабоко вкоренети мизогинистички потези. Не-дај-боже да влезеш со ташниче и да почнеш на рака да мачкаш тестери, стои позади тебе, гледа, синкир ке украдеш ТЕСТЕР, ко некое шило у вреќа буши, како да бара возбуда во конфликт. Нејсе фала богу ретко преќутувам на преминати граници и секогаш најкултурно му кажувам дека ќе го пријавам ако продолжи да ме вознемирува. Напати ме има прашано што имам во ќесето, на што имам одговорено, мајка ти или жена ти. It never ends well but its always a bliss да му го гледаш лицето у тој момент. Не само мене туку и на други им има правено притисок исто вака, те тера да се осеќаш крива за нешто, ко на пасошка контрола кога знаеш дека нишо не носиш со тебе, а тензија околу тебе еден тон, и си викаш абе да не спакував јас по грешка 5 кила бело со мене... Иначе генерално на продавачки што се нападни, и не те оставаат да разгледаш во мир, им кажувам Дали може да имам малку простор да разгледам? Ако ми требаш ќе ти се обратам? - кажувајки го тивко, бавно и гледаjки ги директно у душа. И на далечина од 3 метра те скенираат од горе до доle, бесплатен скрининг на мозок ти прааt. Joy stealers! Шопингот треба да биде забавен, возбудлив и терапевтски, а не одбрана од туѓи погледи и енергии и борби со демони. Човече скини ми се с курца, ако ми треба бројЧе, ќе те прашам. Chill out
Прашувам во зегин дали имаат еден производ и на 2 места ми кажаа дека моментално го нема или не го носат. Влегувам во трет зегин, ја прашувам и ми одговара: „нема такво нешто, никогаш не сме имале такво нешто“. Очигледно ми стана дека не ме разбра што ми треба бидејќи 3 пати ме препраша па ѝ кажав дека тие се застапници за таа фирма и затоа би требало да има зошто на полица ги има сите други нивни производи. Ми се обрати арогантно дека не носеле такво нешто, да не барам таму. Изгледа се засрами од постарата колешка дека нешто не знае. Не е возможно да се знае сѐ, ама е возможно да не се биде арогантен при незнаење.
Денес во Стокомак одам на каса, таа на каса (изгледа нова беше не сум ја видела порано) дрско ми кажа да одам на другата каса. Ок, отидов, пред мене имаше само една жена ама со повеќе работи, си чекам, и кога гледам истата таа си куца на муштериите, може 5-6 поминаа, а јас уште си чекам, женава пред мене имаше многу работи, не можев а да не изреагирам, и кажав "па нели ми кажа да одам на другата каса, што наплаќаш сега на другите, до сега ќе завршев работа", ме гледаше како некое теле, и другава на каса и изреагира зошто ми кажала така кога не ја затварала касата. Секакви вработуваат секаде.
Бајка, бутел немам зборови Вработените не знаат која цена е една пица, не знаат достава дали се плаќа, искрено не знам што знаат, вработени на ниво муштерии.
Во Дм секогаш рачунај дупло од тоа што гледаш.. А тоа очи превртување, дома можат, сакам ќе го купам сакам ќе го вратам и секако дека ќе го вратам ако не е цената иста што ја пишува, ако немале време да ја сменат, ќе имаат трпение за гужва
Истото и јас го имам приметено, ама никогаш не ми имат на каса наплатено помалце од што пишува на рафтот, само повеке.. чудо се
Продавачките т.е. касиерките у маркет се НАЈМАЛКУ криви зашо цената на рафт и на каса не е иста. Не е на касиерката маркетот па се расправате со нив... Цените у систем не ги мењаат они (особено во маркетиве поголеми)...
И? Шо сакаше да кажиш со ова, шо се потрошувачите криви? Едноставно да не влегуваат во таков маркет то е чарето..
Прочитај темата горе, насловот за кој е, очи ќе ти извади. Ниту е потрошувачот, ниту е касиерката крива. Ако со некој сакате да се докажувате - барајте го шефот на смена или менаџерот. Касиерката ги купува и плаќа истите производи као вас.
Ние да се докажуваме не планираме, ама да од сега во секој дм директно кај шефот. А во помалите, кај газдата па после ко ке ги подбери вработените тешко нив. А менаџерот и шефот не плаќаат како продавачките?
Нивелацијата во продавница ја извршуваат вработените, во случајот продавачките. Кога има нивелација им се испраќа документ со артиклите кои се нивелираат, доколку не ја спроведат или ја спроведат делумно ќе дојде до ваков случај каде ќе има разлика на каса и законски треба да ми ја наплатат цената што им е изразена на рафтот, а не таа во систем, казниво е и ако им дојде инспекција. Во случајов те разбирам и тебе и членката погоре што се пожали на грешните цени. Сум работела во малопродажба и знам дека се случува некогаш да се утне. Ама сум се извинувала и кажувала дека е недоразбирање.