Не е толку проблем цената, колку што е проблем што не е сменета. А тоа треба да го направат вработените. Работев во маркет. Кога имавме многу роба не успевавме сите цени да ги смениме на рафт, па остануваше и за втора смена. Се извинувавме на муштериите.
Се случувало да ми вратат производ. Имаат право на тоа. А на мене ми се случило да ми превртуваат очи кога сакам да го вратам производот. Ги мрзи да сторнираат.
Пред некое време, муштерија со учтив тон си побара сторнирање оти на излегување приметил вишок. Касиерката беше спремна да го тепа иако други муштерии рекоа дека не им е проблем да почекаат.
Не ги мрзи да сторнираат туку им е забрането т. е да гледат колку можат да не сторнираат заради некои комплилации во книговодство не знам точно. Им прават проблем кога пребројуваат каса. Ако шефот-менаџерот достави цени на вработените на време т. е ако се сработат фактурите цените и на рафт ќе бидат суредени, недостиг на вработени се осеќа секаде за жал и се понеквалитетна услуга има
Така си е де. Во право сте и двете. Ама од 6 вработени на смена во маркет кај што 3 се на каса, 1 во магацин, 1 реди роба и 1 е у месара а попустите престанале сабајле у 8 - не гледам како вината е во обичниот работник. Инспекција ќе ја казни фирмата а не продавачките. Обичен вработен во маркет прави тоа што ќе му наложи шефот на смена. Ако и рекол иди на каса седи, шо да направи она? Ќе мења цени за да не изнервира муштерии или ќе иде на каса за да не нервира шеф? Затоа ко шо реков, истурање фрустрации врз обичен вработен е погрешно потрошена енергија и време. Попрво работа ќе завршите со пријава по телефон, барем сега инспекторите брзо реагираат. Мада и кога ќе се јавиш првиот одговор им е - пробајте дали може да се договорите со МеНаЏеРоТ да постигнете договор, ако не - ќе пратиме инспектор.
Пак ќе ти кажам, како некој што работел во малопродажба, вработениот е крив со шефот на чело. И надредените на фирмата за казната ќе се истурат на тие вработени од продавницата. Никогаш нема да се расправам со вработен за цена, зашто знам како е. Едноставно нема да го купам ако не ми одговара. Дефицит на вработени е друго, сороведување на обврски е трето. Обврска им е да спровдат нивелација, и е културно да се извинат за грешка.
Најголем проблем е што нема работници. Во Тинекс често не ги менуваат цените на рафт. Персоналот не може да постигне. На смена се 6. А тоа е голем маркет. Кога има гужва повеќето се на каса. Ама муштеријата не го интересира дали имаат многу работа. Тој/таа сака да ја плати цената што е на рафт. И така треба. А шефовите се посебна приказна.
Не е на потрошувачот да знае сѐ. Ако продавачите не се задолжени за тоа, на нив е да го викнат соодветното лице кое ќе се справи со ситуацијата. Касиерките се претставници на тој маркет и имаат одговорност. Така да, напишаното „ако со некој сакате да се докажувате“ не е соодветно. Ако касиерка не знае како да постапи, нека го викне тој што треба наместо да се однедува арогантно. Не е „докажување“ ако на рафт имаат една цена, а на каса друга, само си бараат соодветно постапување. Ако немаат доволно персонал, не е виновен ниту треба да е засегнат потрошувачот. Во такви случаи, вработениот е одговорен да смири ситуација колку што може, а не да ескалира уште повеќе. Ако можам јас како потрошувач да чекам 10потрошувачи пред мене, тогаш може и таа/тој на каса да се однесува соодветно. Не е потрошувачот виновен што нејзиниот или неговиот работодавец не вработил доволно луѓе па да го вади на потрошувачите.
Сторнирањето не е big deal,впрочем е многу лесна работа што за жал некои немаат обука соодветна за истата. Апсолутно нема никаков проблем во пребројувањето каса бидејќи имаат доказ ( сметка) и истата се минусира од вкупната сума и се запишува.
Во Кам што има една касиерка се чудам што измислува. Пред мене една бабичка пазареше и и рече да ги избрише макароните немало да и стигнат пари лошо прерачунала, оваа дрско и вика на нив од плата им одбивале за ова сметката не ни беше пуштена ко прво, а ко второ производ може да се врати било каде. После еден човек зимал повеќе јаболки и ги ставил во две ќеси, му вика нас од плата ни одбиваат за ќесиве.
Никаде не кажав дека е нешто којзнае што и дека не знаат да сторнираат, самите газди им велат колку што може да се нема сторни сметки.
Јас во Ваикики во Рамстор имав случка пред некој ден. Гледав капа за син ми, застанав кај капите, беа расфрлани една врз друга, дел паднати долу, хаосно. Најдов едно што ми се допадна, кога го земав паднаа 2-3 капи долу врз другите. Секако ќе ги кренев, ама додека јас го барав бројчето на капата, г-ѓа вработена дојде и почна да вика, кој ќе ги кренел, она само тоа правела. И и објаснив дека секако ќе ги кренев кога ќе завршев, дури и другите што беа на подот, таква сум што ме нервира да седи така расфрлано и секогаш по бутициве сум кревала паднато ако видам, ама тоа е, некои луѓе едноставно не знаат човечки да посочат, да разговараат и така. Јас се обидувам да не паѓам на тоа ниво, културно објаснувам секогаш, ама ме нервираат многу такви ситуации.
Ги има многу, влеговме да купиме тренерки, а на крај излеговме со два пара тренерки и два пара чорапи.
wow,Браво за вас и за нив. btw, На темава ми се одвратни манипулаторки продавачки (особено ако се газдарици на дуќанчето) Некни влегувам да прашам за едни пантолони, ми ги покажува на закачалката и и велам да ги пробам, ама валкани се.. И демек кај се валкани а гледа многу убо две точки црвени меѓу нозе од менструација.. ау даа ај други ке ти дам. Значи ми се има десено и порано да порекнуваат дека се флекани, една уште ми рече лесно се вади шо има то.. Хаха смешки
Ова со флеки од менструација на облека го имам приметено во мохито во ист гејт, ја ги оставам друга девојка ги зима да ги проба па ја видов на каса си ги купи
Сакам да споделам искуство со Сетек ГТЦ. Влегувам јас денес внатре, и си бирам фен, и викам на девојката извини ќе може да ми го дадеш овој фен сакам да го купам, ми вика добро, ама јас сум практикат, ќе мора да ја почекате колешката да го провери, јас не смеам.. И јас така стојам со фен во раце, 5, 10, 15, 20 минути, кога поминува дотичната продавачка што знае да уклучи фен во струја, затоа што да уклучиш фен во струја најверојатно треба да имаш барем електро факултет завршено излеа и и викам ќе може само фенот да го провериме, ми вика имаме други муштерии, ќе дојдете на ред, почекајте, и јас така стојам, стојам, 32 минути јас чекав со фен во раце да дојдат да го уклучат во струја. Го оставив фенот, и реков на таа што беше на пракса извини јас повеќе не можам да чекам, и си отидов..
Нешто слично ми се има случено баш во ГТЦ кога купував депилатор. Макар што практикантката не е крива. Овие што им се вработените глумат лудило, повеќе им е намерата да им направат незгодно и да се осетат неспособно пред купувачите, отколку нешто друго.