Во продавницана за чевли ДОРА, што е во ГТЦ, таа горе од кај бившо Капче, има една ненормално досадна жена. Значи ОТРОВ... ја имам приметено пред неколку години уште кога продавницата беше на друга локација. Значи сите што сте биле во таа продавница знам дека сте ја приметиле. Само што ќе влезеш во продавница ќе те удави, за секој модел што ќе се фатиш „девојче пробај си, многу убав модел, многу убаво стои“... Ќе го остаиш тоа, ќе земеш друга и пак „ Е ова е многу убаво, баш се модерни сега само вакви се носат“... а ти само превртуваш очи да ти се мавне од глава. Ја прогласувам за најдосадна продавачка во Скопјево... Ако земеш да пробаш нешто буквално со сила те тера да купуш, па ти доаѓа да и ја треснеш една штикла од глава... Веќе неколку години не влегувам во таа продавница кога она е на смена Муабетов ми го имаат кажано и многу други луѓе, па ете уште еден пример дека лоша продавачка си ги брка муштериите...
Има вакви арогантни и тоа колку ти душа сака Но овде ги имате коментирано оние од бутиците,а сепак и оние од колонијалите знаат да се испонашаат.Пред извесно време отидов во една продавница близу до Пелагонка 2 (во Бт) и купив сок Вива од два литри да и го однесеме со мајка ми на една пријателка која излезе од болница.Продавачката една мрза невидена,сто кила ако немаше Ја прашав фино,љубезно колку е сокот и ми вели дека имало цена,да сум видела.Си зедов сок и го носам да платам и и барам една кеса. (Кесите и беа малку подалеку од столот каде што седеше) Ми вели: "Аман девојче,за еден сок се бара ли кеса?" A jaс и велам: "Моја работа е,ќе ја купам не ја барам без пари" И налутено стана и ми фрла една кеса со зборовите "Eве земи,ќе ти се срони бисерот ако го поносиш сокот" И тогаш го оставив сокот и љубезно и кажав пријатно на нељубезната крава да ја изнервирам дополнително Па ќе си заминам,како да нема други продавници каде можат да ме послужат
Ифрустрирани едни многу пати ми се имаат испонашано,а последно еве со сестра ми се шетаме таа бара фармерки а подебелка си е малку и влагаме таа разгледува а оваа кажи ми што бараш? фармерки-и вели. а оваа -мислиш дека постои број за тебе? сестра ми се изнервира и искочи одма а јас пошто беше слаба ко стап продавачката и реков-што ти е проблемот ма,кое воспитување го имаш,боље како неа дебела него како тебе немаш за што маж да те фати и и лупнав вратата.а сестра ми душичка зошто е помала од мене и во пубертет плус си плачеше до дома и се нервираше ај да имаше 100кг да не ти е криво ,а таа јес да е подебелка ама не е слон!!!! па и да е,што и е нејзе гајле да коментира! значи немаат никаков кодекс на однесување,а насмевка-што е тоа? секако има исклучоци,за жал малку се
Пред една недела шетавме по бутици со мајка ми, вујна ми и братучетка ми која е само 4 години и многу сака светкави блузи,фустани, било што само да е со светки ... Влеговме во еден бутик и вујна ми пробуваше фармерки и братучетката веднаш си забележа еден светкав корсет и почна да го разгледува,го откачува па го закачува и како го откачуваше кутна други корсети што беа закачени до тој " светкавиот " и таа продавачката: Излегувајте од тука целата роба ми ја покуткавте сега цел ден треба да средувам... И мајка ми и вика "епа така сама седи си тука во бутиков без муштерии " ... " излегувајте од тука" како само таа да има бутик ....
Сум сретнала и тоа многу... И бидејќи сум во потрага по работа речиси секаде бараат продавачки со искуство а јас немам претходно искуство... Па некоја што има претходно искуство а е како немтур нељубезна и намуртена ќе го добие работното место но тоа е што е.... А штом забележам таква продавачка излегувам од таквата продавница едноставно не можам да ги гледам нивните намуртени лица ....
морам пак да искоментирам за вчерашната случка влегувам во џордан зборувам за продавницата во ср има една која неможам да ја поднесам кога влегуваш внатре со поглед ке те изеде толку намрштено суштество не сум видела како да и пречи кога некој ке и побара нешто другарката кога ке ја види неа ич не и се влегува и сакаше да излеземе ама нека се нервира што ми е гајле си се врткав си разгледував а кога е газдата таму не можеш да ја познаеш толку е мила и фина дури да се зачудиш дали е истата таа девојка
Некултурни... Последен пат кога бев во Веро , ми враќа кусур една млада симпатична девојка и и викам чао, она само ме изребри како незнам што да и имам направено. А во Америка работев на каса, и секогаш не тераа да бидеме насмеани, кога ке дојде муштерија да го поздравиме hi, how are you today ... И на крај обавезно thank you и have a nice day и осмех до 6тица
Често сретнувам арогантни продавачки, ги мрзи да те услужат, работат полека, кажуваат зајадливи коментари, некултурни.
Јаааааааао ОТОК НЕВИДЕН Е. Ја знам, како да не ја знаеш таа Се е најубаво за неа, најубаво ти стои, најмодерен модел, коа ќе запне пробај па пробај Уште да земе да ти ги облече чизмите фали
Извини вака, ама и јас ќе ве избркав...ако на дете од 4 години му е и нтересно се што е со шљокици, нека игра по дома, а не во продавница да фаќа, и тоа си кажуваш дека го откачува, го закачува, па го откачува...значи женава имала трпение, а вие три возрасни да не го тргнете па на што личи тоа??? , уште па ги бутнало и другите корсети, па жената треба да ги продаде тие работи после... на вас ако ви е интересно и мило детето, ако си е ваше и му дозволувате се, на продавачката не и е ништо, и многу и е гајле дали на детето му е интересно.... јас мислам дека и купувачите понекогаш претеруваат...
Значи имам искуство со секакви! Има некои кои и ќе те поздрават кога ќе влезеш, ќе те услужат и независно дали ќе купиш нештоо или не, ти велат едно пријатно. А има од оние кои не ни стануваат од столчето за да ти покажат нешто. Сепак најмногу се оние кои те пречекуваат со насмевка, ти нудат се и сешто, упорни се да пробаш, ако не ти се допадне превртуваат очи, а на крај ни пријатно не велат! Само поради такви не ми се влегува во бутици!
Арогантни се точно ама не до некоја преголема граница, ама досадни СЕ ПРЕТЕРАНО! Влегуваш во продавница и те следат, божем ќе украдиш нешто,а со тебе носиш мало ташниче. Па ме гледаш дека имам класа, зарем би украла нешто па и ме знаат продавачките пред се уффффф ! а и во скопје не се поарни. Влегов во гтц(незнам точка која за чевли) си влегов и излегов, продавачката ни се сврти да види кој влезе... ц ц ц ... лошо лошо ...
Секакви продавачки имам сретнато, од крајно љубезни до крајно ароганти. Една дури коа разгледувавме фустани за матура ни рече дека ако планираме да купиме ќе ни дала да пробаме, таман работа сите ако ги пробувале фустаните. Затоа најмногу сакам да купувам од продавници кај единствен контакт со продавачите тие кога плаќаш.
Арогантна продавачка на каса! Како да и е сеедно дали ќе купиш нешто или нема! Сакав да и ја треснам ќесата од глава A една друга ми вика девојче не оди натаму мокар е подот
Ги има насекаде, исфрустрирани и мрзеливи и неподносливи продавачки... Во една продавница за обувки, и тоа две во пакет одат заедно... влегувам и ни добар ден, ни повелете никаква учтивост и култура, па колку и да се изнервирани сепак работат со луѓе и задача им е насмевката и културата да им се на ниво .... Не ги интересира ни што разгледуваш, ни што купуваш... Многу пати сум купила од таму, бидејќи има навистина прекрасни обувки, и 2-3 пати побарав поголемо бројче и 100 пати ми кажа дека нема, а не ни провери дали има поголем број, а робата само што беше донесена,баш беше летна сезона... катасторфа жива ...
Уф, со самата ароганција следува и некултура,... тешко и е да се насмее, едвај едно добар ден и ајде... мислиш надвор иде апокалипса, таков поглед имаат па те гледаат накриво ако купиш нешто на попуст - од тие пари зема плата, ако не па Еднаш, кога бев помала, ( јас така покрупничка од останатите ),... влегов во една продавница, и побаравме со мајка ми пантолони... и како ме изгледа, како да немам право да живеам и почна да вика... ееееееех, ти така покрупничка си, еееееееех... нема моделчиња.... ееееееех, сега ќе побарам.... и ми извади едни машки, со џебови и војничка шара и ајде јас дете, ме натераа некако ги облеков.... што да ви расправам, широки, широки, па и долги... сега кога ќе помислам,... сигурна сум дека беа модел за возрасни... и така фино лепо си почна типката - лелеле, што си убава, те истенчува, комотни ти се.... и и реков само не фала, и си испаднавме потоа немав влезено во таа продавница со години, и конечно ја затворија пред некое време... само ќе речам - КАРМА Ама, не се само тие криви на крај краева.... има секакви луѓе, влегуваат во продавница па и тие не знаат едно добар ден да кажат... малку почит, туку одма - ДАЈ ВАМУ ТОА РОДЕОТО НАД ТЕБЕ! - добра е човеку, олади...
Навистина не ми се допаѓаат таквите продавачки што кога ги прашаш нешто одговараат како да ги мрзи да зборуваат и како да и имаш нешто згрешено
Арогантни, некултурни и намуртени ете со такви продавачки се имам сретнато до сега. Едната продавачка работи во маалска продавница. Секогаш кога враќа кусур го фрла. Во буквална смисла на зборот го фрла. Дури ми се случи метални парички од под да собирам. Неколку пати муабети на телефон (неосетно) и не вика "почекај" или "ај ќе ти се јавам" туку купувачите се тие што треба да ја чекаат за да бидат услужени. Дома се договоривме кога ќе одиме да купиме нешто од таму, тоа да го правиме исклучиво со метални парички и да и ги фрламе парите како што таа прави со кусурот. Беше збунета кога и го правевме тоа, укопча и престана да ни го фрла кусурот. Затоа пак она со муабетот по тел. стана секојдневие а и еклерите и млекото почнаа да ги чуваат на сонце и еве веќе 2-3 години не сме стапнале во таа продавница. Другата продавачка работи во поголем маркет од каде секој божји ден пазарувам. Бев застаната кај фрижидерите со овошје и зеленчук а таму таа чистеше. Занесена си ставам во кесата и тргнувам сето тоа да ми го измерат но новчаникот сум си го заборавила кај фрижидерот. Забележав на време дека нешто ми недостасува, се вртам позади и ја гледам неа, чисти и гледа во мене на чекор од новчаникот. Беше апла дека го видела и не викна по мене. Девојката е млада и секој ден на работа е намуртена. Татко ми еднаш ми рече изгледа не и бил денот. Ама нејзе не и е изгледа секој ден како што треба. Многу внимавам да не газам кога го чистат подот. Кога МОРАМ, кога БРЗАМ, кога нема шанси на друг начин да отидам таму тогаш неизбежно е да стапнам. Газам по влажниот под, велам се извинувам а таа ми прави намуртена фаца и ми вика Ц! Епа да ти пукне чирот, што и е работата? Ќе ја сместат на каса и таму е иста, ако не може да најде некоја шифра или ако нешто не им е измерено ја треска касата со пари, пак изговара Ц и станува како багабонт некој. Да има кутија за поплаки уште утре ќе се пожалам од намќорот, ама нема.
за тука за кај нас хмм купувам обично од исти места,не практикувам да шетам по 100 продавници,така да веќе ме знаат и баш се пријатни,дури и муабет си праеме ко 100год да се знаеме.ама нешто несекјдневно ми се случи пред неколку месеци во бугарија.покрај автобуска во софија има мали продавници како мини трговски е,и сеа гледам вратата отворена и си влегов да купам нешто,и продавачката ми вика дечко не тука да влегуваш,има шалтер онаму оди на шалтерот и тоа онако напоречки ме погледна...и замисли сеа од шалтерот треба да и кажеш или покажеш некако што сакаш да купиш.али за тоа фино лепо си отидов у друга продавничка и си влегов и купив тоа што сакам внатре,а не на шалтер
Вчера бевме со сестра ми во еден бутик каде продавачката беше бремена во којзнае кој месец - стомак до заби! И влегуваме, она седната на столче, цело време се туфка, офка сиротата, а сама во цела продавница! Сестра ми како што си е пребирлива и бара те вакви фармерки, да биле цефка, да немале тракатанци на нив, бла бла бла, женава цело време оди натаму наваму да и угоди, а мене срам ме фати! Купи што купи сестра ми и на излегување, влезе газдарицата во бутиков. Почна да и вика на бремената женичка зошто не ги избришала плочките, зошто не ја средила новата гардероба, почна да и вика да ја навредува дека била мрзлива... Ние вакви со сестра ми останавме