Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Арогантни продавачки

Дискусија во 'Општи дискусии' започната од prettygirl, 27 ноември 2009.

  1. нина122

    нина122 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јануари 2018
    Пораки:
    4.550
    Допаѓања:
    12.780
    Пол:
    Женски
    Не знам зашто воопшто земале практиканти ако не им дозволуваат ништо да работат.. Сфаќам да не им дозволат да работат на каса и договори за кредити да прават, ама да не му дозволи да уклучи фен во струја и да чека да дојде претпоставена за да го провери ми е премногу.. Позитивна работа е што тие практиканти во иднина ќе знаат каде НЕТРЕБА да се вработат.
     
    На noteforself, VDT2906, nextredstyle и 3 други им се допаѓа ова.
  2. eliesaab

    eliesaab Популарен член

    Се зачлени на:
    27 април 2013
    Пораки:
    4.191
    Допаѓања:
    13.023
    Пол:
    Женски
    Се гледа дека им е прво место, не дека нема да им избегаат. :)
     
    На нина122 му/ѝ се допаѓа ова.
  3. SummerGirl

    SummerGirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 март 2010
    Пораки:
    17.206
    Допаѓања:
    36.681
    Пол:
    Женски
    За да не им го земат работното место. Не се замараат да ги научат нешто поврзано со работата. Последен пат кога бевме во Сетек ми се случи нешто слично. И му реков на маж ми да излеземе.
     
    На nextredstyle, eliesaab и нина122 им се допаѓа ова.
  4. eliesaab

    eliesaab Популарен член

    Се зачлени на:
    27 април 2013
    Пораки:
    4.191
    Допаѓања:
    13.023
    Пол:
    Женски
    Ај белки не' чита некој оттаму. Пак ќе им влезам за некое време, да ги проверам. :D
     
    На SummerGirl му/ѝ се допаѓа ова.
  5. nextredstyle

    nextredstyle Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 јули 2018
    Пораки:
    16.359
    Допаѓања:
    126.233
    Пол:
    Женски
    Не само практикантите туку и тие долго време што се вработени не се баш услужливи. Се понашаат како они да се газди. Дрски се.
    А, не ни имаат поим што продаваат. :rofl:
    Така што избегнувајте ги двата дуќани на Сетек во ГТЦ.
    Најзадоволна сум од Сетек во Сити Мол. Не ме оставале да чекам многу.
     
    На нина122 и SummerGirl им се допаѓа ова.
  6. нина122

    нина122 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јануари 2018
    Пораки:
    4.550
    Допаѓања:
    12.780
    Пол:
    Женски
    Сигурна сум дека не знаат што продаваат затоа што додека чекав една госпоѓа побара пегла што не е на пареа, и оваа и рече можете било која да ја земете и да не и ставате вода..
     
    На SummerGirl, Antebellum и nextredstyle им се допаѓа ова.
  7. nextredstyle

    nextredstyle Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 јули 2018
    Пораки:
    16.359
    Допаѓања:
    126.233
    Пол:
    Женски
    Еднаш за слушалки не се снајдоа каде ги ставиле. Си појдов во Сити Мол, таму ми ги најдоа за 30 секунди. :D
     
    На SummerGirl и нина122 им се допаѓа ова.
  8. Gosh

    Gosh Мразачка на луѓе

    Се зачлени на:
    10 октомври 2015
    Пораки:
    3.267
    Допаѓања:
    40.624
    Море да ви кажам со какви пациенти имаат работа шо досадно им е по дома па идат курташак да си играат по дуќани, бидете среќни шо не не утепале уште.

    Јадни мамички шо едвај чекаат од дома да излезат да ги заборават децата да се акаат меѓу рафтови да одморат или со татиња шо не знаат зејтинот кај стоел, па шо било млад лук, шо млад кромид, па од кој тоалет папир не болел гзот, па знаеш кој сум ја, газдата за муда сум го фатил и тако даље...

    Треба бенифициран стаж и државна пензија да земат, оти ја пациенти ко у Македонија никад неам видено.
     
    На katalina, VDT2906, baguf4e и 4 други им се допаѓа ова.
  9. ArabellaStarfall

    ArabellaStarfall Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 јануари 2024
    Пораки:
    1.011
    Допаѓања:
    6.030
    Пол:
    Женски
    Што ти е поентата со јадните мамички и татињата што не знаат зејтинот кај стоел? Па и да излезат да се акаат по рафтови за да одморат, демек лошо е? Или треба дома да седат со лисици за да не бидат јадни според тебе? Секогаш знаеш каде стои зејтинот, мислам како е тоа можно. Тоа и е работа на продавачката. Да помогне кога некој ќе ја праша каде стои некој продукт.

    Работа си е работа. Секоја работа со луѓе е исцрпувачка. Бенефициран стаж за што? Во фабрика на лента подобро им е. Или доктор со дежурства. Секоја професија си има свои позитивни и негативни страни. Ама дека им е најтешко, според кое научно истражување. Башка во некои продавници, платите и не им се баш мали согласно барањето за ниво на образование. На крајот од денот, секој има избор каде да работи. Не значи дека со тие квалификации мора баш во продавница да работиш.

    Што се однесува до темата. Мене ужасно ме нервира кога ме тресат, а сум со количка или друго превозно средство за дете. Имаш камери, види дали крадам, а не да ме брукаш и малтретираш со дете кое е нетрпеливо да чека за ти да видиш што има во торбата. Ова се случи неколку пати во локален маркет. Од тогаш не ни идам од сабајле кога се старите тетки накострешени.
     
    На Change. и Anonimnna5 им се допаѓа ова.
  10. нина122

    нина122 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јануари 2018
    Пораки:
    4.550
    Допаѓања:
    12.780
    Пол:
    Женски
    Тоа не е мој проблем, јас не ги терам да бидат продавачки ако не сакаат.. Кога веќе им оставам пари, сакам да ме услужи како човек.. Можам и да не оставам пари таму така?
     
    На Just.do.it му/ѝ се допаѓа ова.
  11. Feniksgirl

    Feniksgirl Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јануари 2022
    Пораки:
    4.738
    Допаѓања:
    8.094
    Пол:
    Женски
    Се гледа дека немаш работено во малопродажба. Тоа не им дава право на секоја будала што ќе влезе да си лечи комплекси на продавачките. И кој ти е муабетов според образование не земале мала плата… за тоа што го трпат секој ден и малку земаат. Далеку од тоа дека нема арогантни и од нив.
     
    На baguf4e, SummerGirl и Anyshka им се допаѓа ова.
  12. Anonimnna5

    Anonimnna5 Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 октомври 2019
    Пораки:
    205
    Допаѓања:
    312
    Пол:
    Женски
    Ова не е за арогантни ама сакам овде да напишам дека не се сите продавачки ужас...
    Во продавница купував нешто и се загледав во телефон нешто а во рака со неколку работи, јас скоро до вратата излегувам и тоа почна да свири скроз не ми падна на памет дека држам работи во раката гледав во телефон, се вртам накај продавачката и само ми се насмееа и викам леле извинете прв пат во животот вака да ми се случи во телефонот се загледав извинете стварно и женава вика не се секирај нема проблем, леле викам ќе помисли сакав да ги украдам, вика те видов со телефонот, не беше намерно, ауу ќе приумрев, више со тел не идам никаде :x
    Фала и на продавачката што не ми се испонаша :D
     
    На Ta-mara му/ѝ се допаѓа ова.
  13. Компир Манџа

    Компир Манџа Популарен член

    Се зачлени на:
    12 ноември 2019
    Пораки:
    3.431
    Допаѓања:
    5.016
    Пол:
    Машки
    Продавачката има добра душа
     
    На Anonimnna5 му/ѝ се допаѓа ова.
  14. franca

    franca Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јули 2014
    Пораки:
    1.042
    Допаѓања:
    2.521
    Пред еден месец бев да враќам нешто од стружанка, меѓутоа не од продавницата од која ми беше купен производот туку од друга и ок, без проблем ми вратија пари, пред некој ден на тетка ми требаше да и вратам нешто, бидејки она не можеше и викам ок и онака оттаму поминувам, влегувам и кажувам на таа ми вика сакате замена? Викам, не рефундација и еден поглед ја гледа сметката ми вика ДЕВОЈЧЕ, ОД КАЈ ШТО СИ КУПИЛА ОД ТАМУ ДА ВРАТИШ НЕ ОД ТУКА РАЗБРА? Викам, молам? Пред еден месец ми вративте пари, зашто сега е проблем, ми вика јас ти кажав и викам добро, пред еден месец можеше сега не може? Отиде да ја вика колешка и ама така нервозна како да кој знае што и направив и дојде колешка и вика без проблем ќе средиме што треба Вие потрошувачите имате право, женава почна да и вика на колешката веќе ова вака не треба да се повтори оваа и прави фаци, ужас ужас женава од толку што се изнервира почна да плаче скоро, што и беше јас стварно не знам, мене на работа кај што ме плаќаат вака не ми се испонашале со дрзок тон РАЗБРА, што и беше на женава не знам, ако не ти се работи и не знаеш да се однесуваш, тогаш не ни работи! Некултура!
     
    На SummerGirl му/ѝ се допаѓа ова.
  15. Компир Манџа

    Компир Манџа Популарен член

    Се зачлени на:
    12 ноември 2019
    Пораки:
    3.431
    Допаѓања:
    5.016
    Пол:
    Машки
    Ќе ја бојкотираме таа продавница на Стружанка! :@
     
  16. Bratot

    Bratot Популарен член

    Се зачлени на:
    26 април 2019
    Пораки:
    4.575
    Допаѓања:
    15.866
    Пол:
    Машки
    Да, во петок сега.
     
    На Stark, FridaodaMk и Компир Манџа им се допаѓа ова.
  17. нина122

    нина122 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јануари 2018
    Пораки:
    4.550
    Допаѓања:
    12.780
    Пол:
    Женски
    Во рок од два месеци два пати одиш да вратиш производи за пари да ти вратат и тоа во иста продавница.. А ти да си внимаваш повеќе кога и што купуваш?
     
  18. Компир Манџа

    Компир Манџа Популарен член

    Се зачлени на:
    12 ноември 2019
    Пораки:
    3.431
    Допаѓања:
    5.016
    Пол:
    Машки
    Како потрошувачи го имаме тоа право.
    Прочитај во правилата за потрошувачи.
     
    На SummerGirl, Anonimnna5 и franca им се допаѓа ова.
  19. нина122

    нина122 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јануари 2018
    Пораки:
    4.550
    Допаѓања:
    12.780
    Пол:
    Женски
    Не сум сигурна дека мораат пари да ти вратат, можат да ти го заменат само знам..
     
  20. franca

    franca Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јули 2014
    Пораки:
    1.042
    Допаѓања:
    2.521
    А, ти читаш дека не враќав мои работи? Вториот пат беше за тетка ми, колку пати и да враќам штом е по закон можам, страшно

    Се гледа дека не си информирана 15 дена е за рефундација на средства и 30 за замена, законски е така а ти колку пати ќе купиш и вратиш нема правило уште помалце РАЗБРА? Ужас да браниш ваков однос...
     
    На Youknow, SummerGirl, Anonimnna5 и 3 други им се допаѓа ова.