Не е страшно. Може и продавачката не знаела дека може и мора да врати произбод, а и @нина122 не знае изгледа. Народот е слабо информиран. Но за тоа не е крив народот, туку институциите.
Такви ич не заслужуваат да им купиш од нив. Мене пред некој ден ме изнервира една од Зегин (кај Стара Железничка). Бев по Кафетин за татко ми. Влегов и чекав една удавела од муштерика да се одлучи што да земе. Влезе уште една и се намести пред мене без да праша, ама не ми беше до расправија. И таа исто удавела со дрн, дрн, дрн со аптекаркава. Ај, дојдов на ред и купив Кафетин. На излегување ја слушнав аптекарката како ѝ кажува на колешката оти сум дошла и чекала за еден Кафетин. Немав многу време за далеку, морав да купам во близина на домот. И покрај тоа, кај трпеливо чекав, па уште промрчи оти сум дошла за еден лек само. Е, нема да влезам уште еднаш.
Само тивок бојкот на таквите и ќе си дојдат на место. Ако те изнервирала, не се расправај, само повеќе не им стапнувај таму, па нека се чешаат после.
Сосема си во право. Има и арогантни муштерии. Утепан е нашиот народ, а најмногу психички. Рачунај на 80% од работните места ќе начекаш вработен кој не е расположен или е ваков дрзок. Тоа се должи на неколку работи. Можеби е мобинг, можеби проблеми дома, на работа со колегите не се поднесуваат па се истураат на вработените или со здравје и тн. Јас за ова можам книга да напишам од другари/ки и пријатели/ки што ми кажувале што им се случувало на работното место. Па и мене понекогаш ми се случувало каде што сум работел во некои фирми.
Не си требала да ќутиш, јас така порано собирав во себе, сега ич не, треба да кажеме поготово кога сме во право, никој нема време за губење а не па да чекаш такви невоспитани, како денес една жена во бутик над фармерките си ставила нејзини работи блузи, маички и викам да ги видам фармерките ми требаа тегет ми вика, гледаш има работи ставрно јас пробувам сега и се гледа на огледалото иначе ова беше во мол, не во мал бутик некој, значи стари невоспитани женишта одвратно! Па уште да им ќутам...
Другите не се должни да го трпат тоа. И мене некад не ми е денот, ама не се истурам на недужни. И јас вообичаено не ќутам, ама дента не ми беше до тоа. Се занесуваат.
Ноу, ноу, ноу, не треба игнорирање. Или културно да им се објасни или, пак, ако немаш нерви, да им се испонашаш )))) Бојкот? Не би рекол. Мислам, не во случајов со аптеката. Голема работа ако не им влезеш таму, мислиш ќе те памти? Таа сигурно е таква со сите, карактер е тоа. Јас би ја пријавил во фирма, ќе најдам кај да пишам e-mail, нека знаат. Може нема ништо да направам, ама мирна душа.