Само една случка оваква имав, јас како дете, чекам у огромен ред со 2 денари, за да си купам Чунга Лунга, ова кај мене у маркет. Стасувам на ред, си земам сакавче (гума за џвакање), оваа почнува да ми се дере (не ѝ беше прв пат, цело време беше накурчена): - ЦеЛа гУжВа пРаВиШ зА еДеН СаКаЗ!!! Јас само ја погледнав, ѝ реков ,,добро", го оставив саказот и си излегов горделиво, оваа уште толку чуреше.
Знам дека имаат листа. Ни ова не ги оправдува. Во ред е да свртат неколку пати месечно. Но не е во ред тоа да е два-три дена по ред, секој ден и упорно вртење по повеќе пати. Тоа е веќе вознемирување и од вработена на друга позиција имам слушнато дека може да се пожалиме ако претеруваат. Мајка ми го блокираше бројот. Ама некој може нема да сака да блокира ако има волја да ги сослуша некогаш, само да не е досадување. Има и доза на ароганција кога не се почитува одговорот и се продолжува со убедување дека сме будали ако ја пропуштиме понудата за тави. Толкаво претставување божем она лично ги дизајнирала и е сигурна дека нема да се уништат долго време.
Еднаш им се испонашав да не им текне никогаш повеќе да ми заѕвонат! И дрско им се обратив нешто нервозна бев , па се истурив на нив Реков што реков и на крај им реков ОД КАДЕ ВИ Е МОЈОТ БРОЈ никогаш не сум купувала од кај вас и таа ми вика дека имаат листа на броеви кои се на сметка и задолжени биле да им ѕвонат ....
Исто и кај мене топ шоп, значи им кажав избрипете ме од таму, тие ми се јавуваат ми викаат како наш редовдн купувач добивате ваучери елсклузивни нели и само денес хаха, а немам купено 100 години од таму, плус цените и на веб им се исти за сите. И на крај ги блокирав
Зегин, напорни. Нудат некакви производи, веројатно земаат процент. Пред некој ден ми нуди една шпагети и марамчиња за чистење. Викам не фала, и таа: аа не чистите вие, ама цинички и со потсмев . Втф, кој фактор си ти да ми коментираш, дај тоа што ти барам и чао.
Мене ми се имаа јавувано за анкети. И кога ги прашав кој им го дал бројот, ми рекоа дека е еден другар. Другарот лом го направив. Не знам дали така функционираат и Топ Шоп. Мене многу одамна ми се имаа јавувано, ама еднаш порано имав и членска карта, ама ја откачив. Откако ја откачив членската, 100 пати ми се јавија да ја продолжам. На крај, дека ја познав дека све една иста ми се јавува, ја поканив на вечера во ресторан и од тогаш (ваљда од срам) веќе не ми се јави.
Па и кај тебе некој познат или близок им го дал бројот. Иначе како. Заработуваат од тоа колку пати ќе се јават, ама не треба на ист човек по 6 пати.
Цели листи на броеви им даваат по општини што треба да им се јават за анкети. Не ми се јавиле исти гласови досега со исти прашања за анкети.
Епа тоа е кога све партиски ни е вработено и си прават натигодајмиго со броеви од луѓе. Тие што се асални си работат во кафичи, ресторани, Стружанка, Сити Мол некои продавнички, Германии, Америки, Малти, Италии. Ова е само малтретирање луѓе. И ништо не им можеш. А има некои арогантни и негативни, кај ти вртат за глупости за да те прашаат ,,дали мислите дека Грујо ќе се врати", па уште и се расправаат.
Ова ме потсети на една случка во Зегин (Буњаковец). Чекам ред, а на друга каса имаше една госпоѓа која земаше лекови на рецепт. Вработената ги виде рецептите и ја прашува госпоѓата Каков пробиотик сакате? Оваа и вика Јас не ти побарав пробиотик. Дај ми го тоа што е на рецепт
Досадни се со тоа. Одам во Зегин да купам влошки. Вадам картичката да платам и вработената ми вика Какви витамини пиете?