Дм во Веро Џамбо, кога и да влезам девојката од обезбедување се лепи за мене, буквално од сите луѓе внатре таа секогаш по мене и тоа цело време.. ај да сум украла нешто некогаш или да ми свирел алармот на врата па да ме запамти ама никогаш ништо такво не ми се случило. Разбирам треба да следи ситуација ама следи ја во целост не на еден да му се закачиш, стварно се без осет
Некни бев баш таму во ДМ и во моментот имаше 3-4 женски што излегуваа и 3-4 што влегуваа. Алармот почна да пишти и на тој од обезбеџење го фати паника. Почна да се врти во круг, да гледа во плафон и на крај ништо. Не ги ни провери, зошто ќе требаше да ја стопира продавницата. Може некој уплав имаат тие обезбедувачите таму.
Јас вака се нервирав исто, оти на дм обезбедувањето секаде им е такво, ама не повеќе. Мува не ме лази веќе…
Пред неколку дена од едниот локален Синсеј си купив пенкала и нотес од иста колекција. Касиерката (некоја нова) ми искоментира онака лењаво со превртување очи ајде да искуцам (марката на тие)... Што ѝ требаше тоа коментирање? Ниту една од останатите ми се нема понашано вака. Вообичаено им е „дали ви треба кеса и повелете кусур/фала за ситното и пријатно“. Дневно имаат по десетици муштерии со 7-10 ствари, ама јас со 3 мали небаре ѝ го расипав раатот.
Мислев единствена сум која е под надзор на обезбедување во ДМ. Било кој мол - исти се. Не знам зошто ми се закачаат баш мене, или сум со ранец, или само паричник, ни јакна не носам. Каде ке кријам украдени работи - не знам. Ама дека ме следат и тоа во чекор.
Мене за една ми прават фаци ама што има врска ? Пишува некаде колку работи треба да купам ? Ми идеше на оваа да и ја акнам една буквално ,ми мавта со тоа па само ова ??? Требаше да и речам А ГЛЕДАШ НЕПТО ДРУГО? ШТО п ги заболе колку работи јас ќе купам не го крадам!!!
Жалете се слободно. Телефонски или на емаил кај шефовите. Посекако за таму лесно ќе се најди замена за продавачка. Друго чаре нема,или ич да не му влезиш..
Пријатен и расположен продавач кај нас е скоро непознат поим. Јас знам дека обично не се доволно платени или се соочуваат со секакви луѓе, но има такви што се понашаат како небаре ти си им крив за сѐ во животот. Кога има можност треба пријавување, кои се тие да вртат очи или да коментираат на муштерии кои ништо не им направиле? Кога ќе се погоди некој/а пријатен/на или насмеан/а буквално после цел ден ми е поубав. Како да не треба да е нормално тоа. Има една женичка баш од пазарот каде што купувам понекогаш овошје/зеленчук, секогаш расположена, пријатна и насмеана, мерак ми е да одам таму да купувам.
Ако ѝ се повтори,да. Вообичаено толерирам додека не е премината граница. Не ѝ се други криви за тоа, Брате. И останатите касиерки веројатно имаат лоши денови, но од нив добивам само љубезност.