Еве нешто за премногу љубезна продавачка Спојлер http://www.crnobelo.com/zabava/evergrini/7683-kako-ke-te-iznervira-prodavacka
Уф,остај по бутициве,ама и по маалскиве продавници се зачестија Има една кај мене, 7 години пазарам по ред, и абе газдава,секогаш кога ќе влезам,е намуртен ко чуварот на гробиштата.Па мајку му стара речи здраво,нема јазикот да ти скапе Викаат здраво само на луѓе на нивна возраст,кои обично се побогати Безобразлук. Многу се антипатични...ама за среќа имаат вработено и фини жени,па со нив можеш барем муабет да направиш,знаеш,да се осетиш како да си во продавница,а не во мавзолеум.
Е, овие тетки ептен ме нервираат! Ги има во секој дуќан. Влегуваш внатре и те пречекуваат вакви госпоѓи со погледи од типот дигнати веѓи, или пак воопшто не покажуваат никакви емоции. Немам некоја посебна случка со овие (барем сега во моментов не ми текнува ) , али право да ви кажам не се враќам веќе таму. И си научив дека во една продавничка тука во близика теткиве ми се секогаш пријатни и насмеани и со задоволство одам таму .
И јас сум наишол на вакви продавачки од една страна сета таа ароганција или нељубезност може да асоцира на примитивизам...но... Има и друга страна на медаљата а таа е дека можеби премногу очекуваме од некоја или некој кој е платен под обичен егзистенцијален минимум, понижувачки 5 до 10 иљади денари. Со други зборови ако газдите плаќаат со кикиритки ќе добијат мајмунски квалитет на услугите. Стравот од отказ е “мотивација“ која трае некој месец, после тоа колку и да е работничката сиромашна - ќе и скурчи од срањата и мизерната плата па отпорот кон понижувачката плата и мизерни услови ќе ги покажува со гнев кон купувачите. А и купувачите се посебен сој секако...во распон од сосема коректни и ок до тотални психи и пензионери кои во отсуство на организиран социјален живот во РМ за популација 60+ си наоѓаат некој вид иритантна занимација...
Во последно време се многу, многу ретки услужливите продавачки и продавачи. Последниот пат кога бев да си купувам чевли сфатив дека услужливоста им е на нула, со ретки исклучоци. Влегувам се заседнале, кафенце си пијат, јадат, муабетат. Си водев монолози во Ил камино. Најдов чевли во друга продавница, што ги најдов-ги најдов, цела серија машничката била одлепена, и ми вика дома ќе си ја залепиш со лепаче. Чевлите сама ги ставав и ги пакував додека идиотот од продавач се врткаше пола саат дали да ја пушти да свири Бед роменс или алехандро. Да не ми се свиѓаа толку многу - од глава ќе им ги треснев! Во Six PM знаете какво е, секогаш има гужва, проаѓаат луѓе и дечко и девојка, пар беа пробуваат очила, а продавачкава одма почна да мрчи: „Цел ден врвалник е, демек ќе ги купат наочариве од 1,000 денари, им дале 50 денари за до мекдоналс па ми се шетаат тука.“ Знам дека е крајно безобразно, ама кога веќе се нафатила продавачка да биде, па премолчи нешто.
У теранова нема продавачки. Не тие што продаваат на каса туку тие што ти кажуваат кај што има. Бре, морав на каса да се буткам.
да бре арогантни се до срш па зар не знаат дека платата им зависи од муштериите ех да ги стават на процент па да ги видам
не ги поднесувам ваквите продавачки..еднаш влеговме со другарка ми во tally weijl во рамстор што е и само ние бевме внатре во тој момент и продавачките не зјапаа и се смееа цело време дури незгодно ни падна се прашувавме меѓу себе да не имаме нешто на нас и одма излеговме..па мислевме ај дека нешто денот им е таков или па не било за нас но кога и 2 пат ни се случи истото толку се изнервиравме што долго време не влагавме таму
Факт е дека има секакви и продавачки и купувачи. Нема оправдување за нељубезност,но и тоа дека купувачот е секогаш во право е преценето,сум присуствувала на сцена каде купувачот почна со лични навреди за без везе,никој тоа не смее да го прави,има право и правно да биде гонет за такво однесување. И да се разбереме-глупаво ми е кога ви смета што јадат,пијат кафе-па и тие се луѓе со 8 часа најмалку работно време некои и повеќе саати работат,каде да јадат и пијат или да не го прават тоа воопшто?!И мислите дека некој не сака да јаде или пие без да биде вознемирен притоа не знам колку пати-ама некогаш едноставно немаат избор што очигледно не ви паднало на памет. И коментари од типот ако некоја не била љубезна-па веднаш претење со отказ ми се смешни и детски. Скоро секоја работа е поврзана со луѓе,па што ако утре ви дојде некој непогоден вам и ви прети со отказ?!Мене ме иритира вакво однесување без разлика за какво работно место се работи,секогаш ќе се најде некој незадоволен,често и неоправдано и често поисфрустриран,помалку образован и поарогантен од вас и веднаш мисли цело право го има на светов да ви го одземе работното место?! Друго тоа дека ќе дојде на местото од нељубезната веднаш друга-исто така е преценето-има многу што бираат работа кај нас,конкретно маркетите често бараат работници,а ретко кој се нафаќа,на многу им е полесно да паразитираат на туѓ грб,па се вадат на изговори мала плата-и мала плата е повеќе од нула приходи. Инаку и мене ми смета да бидам цел на демнење или па да ме убедуваат во нешто кога кристално ми е јасно дека не ми стои.Ама од друга страна никогаш не би одела некаде да пробувам нешто секој ден или да направам огромен неред ако не купувам,за мене е и тоа неприфатливо и некултурно.И во еден бутик и тоа доста скап видов блузичка која беше толку испукана странично што повеќе е од јасно дека таа што го направила тоа знаела што ќе се случи,па потоа ја подметнала во другите,искрено се згрозив,а толку убава беше блузичката,а упропастена од некоја несовесна.
Денес налетав на една продавачка на која би и дала златен медал за убаво однесување и се разбира ме убеди да го купам капутот (јеее). Не беше од оние кои ти се како сенка, услужна беше, весела и пријатна, но ненаметлива!
Е вака сега јас да кажам нешто од другата страна, од страна на продавачките, не со цел да ги оправдам ама колку да знаете како стојат работите...Моја најдобра другарка работи во Васидора во ГТЦ, кој била од вас знае дека таму идат продавачките по тебе и те прашуваат како може да ви помогнат, што ве интересира, ама онака како на врат да се обесени...тоа многу муштерии ги нервира ..ама...АМА, мислите дека тие сакаат така, не!!!.... тоа им го викаат газдите дека треба да одат по секој муштерија не смеел никој да биде сам и да разгледува, ако случајно видат некоја на камера дека не оди по муштеријата веднаш и ѕвонат на тел и и викаат па ако треба и ке ја казнат. А и од муштериите имало некои многу досадни, оние од банките во ГТЦ кога имаат пауза нема што да прават и ај ќе шетаме по бутици, и другарка ми вика абе секој ден да се велгувало на памет робата ја знаат, повеќе од продавачките, е за такви не да ти дојде очи да превртиш ма јас цела ќе се превртам...
Одам во Пеко и пробувам 2 пара чевли и си викам ај да размислам, решам...продавачката ми вели-што бидна? и јас и велам - ке размислам, па ако решам ќе дојдам ќе ги земам. И таа на мене - ако ги земаш земај ги подоцна не ти ги давам, а и сакам денес порано да затворам, сега си влегла и толку, нема веќе. Чим не ги земаш ајде излегувај. И јас целата во ??? и мислам дека веќе таму нема да влезам. Немам коментар, има толку исфрустрирани жени или девојки тоа е страшна работа. Во принцип ок, секоја продавачка треба да праша како може да помогне, ама кога кажам само разгледувам сакам да ме остави на мира да разгледам и ако најдам нешто да ме убеди да го земам, што ми е и логично. А не преку мене да лечи комплекси или по мене да оди како кутре некое.
Slavica во кое Пеко тоа? Да сум на твое место нема да пројде тек така. Има да известам кој и е шеф за нејзинава ароганција. Кокошка!
Ми се има сличено 56443256432 пати!! Еве денес, шетам низ бутиците и влегувам во еден бутик и разгледуваме со другарка ми и прашува продавачката што ќе сакаме, јас велам само разгледуваме. И таа сега по нас оди, демек ние нешто ќе открадеме!!! И цело време ме гледа така ладно, излегувам надвор таа намуртена леееле!! Се исплашив, па што е тоа Боже мили, не те оставаат на мира да разгледуваш!!
Кога ме следат така, без разлика дали одат по мене или ме следат со поглед, збеснувам и си одам.Се осеќам ко под лупа, не можам на раат да си видам и модел и цена.Не знам која им е поентата.Нека ме праша дали барам нешто конкретно, ок, ама не ме следи остави ме на раат
Јес да има арогантни продавачки, ама има и арогантни муштерии и тоа многу! Прв пример ми е за бурекџилницата и продавничката кај мене пред зграда.Бидеќи овие 2 продавници се блиску до школото и секојдневно доаѓаат деца да купат за јадење.Ама, што деца ќе беа, доаѓаат (во бурекџилницата) и кога ќе почнат да се буткаат, абе тоа се ќе срушат, продавачкиве им викаат полека, не се бутајте, овие ко за инат уште толку.Па ќе седнат на тие масичките што се внатре за јадење, па ќе се лигават, чматат, од телефони музика па сега кој е тука арогантен? Исто и во продавничката.Овде нема толку гужва, ама кога ќе почнат да фаќаат се, ко божем не знаат што да купат.И се чудам на жената како излегува на крај.Или пак кога е на смена едно девојче а многу е фино,секојдневно купувам од таму. Исто и по бутициве.Во петокот бев со другарка ми во Калиопе, и влегува таа во една гардероба да проба, а во другата гардероба имаше една девојка си пробуваше повеќе парчиња.И излезе, број ли бараше или нешто друго, и ооп една друга се знаеше со продавачката и и вика дај да влезам овде, да пробам, малку имам ова, она а гардеробата зафатена беше.И продавачкава не знае не да каже , се познаваа и ѝ вика добро, влези а другава девојка не допробуваше и ја избрка оваа од гардероба, море убаво и направи. Или пак некои кога ќе почнаат да фаќаат се живо и диво, им требало, не им требало си фаќаат. И сега кој е во право и кој треба да се нервира?
Аууууууууууу!!! Е не ми се верува. Јас на една непристојна еднаш и кажав (и после ми беше криво) „Не сум ти јас крива што си продавачка“ (знам дека не е убаво, ама од такт ме извади). Кој рекол дека ако се влезе во продавница мора да се купи? Јас ако итно ми треба нешто, купувам веднаш, ама ако ми се допадне нешто, а сум немала во план, не купувам веднаш, сакам да ми легне идејата ден-два и после одам и купувам (ова откако сфатив дека еден куп работи купени импулсивно воопшто не сум ги облекла). А бе знам дека не им е лесна работата, ама па на кого му е? (Освен на оние примени во администрација за да се пополни процентот). Ако се нафатил човек да работи, треба да работи како што треба, ако не му чини, слободно нека си оди, сигурно има други кои би биле подобри од некои такви невоспитани (без разлика дали се продавачки, на шалтер или било која друга УСЛУЖНА дејност)/
Не ми дозволуваше културата во тој момент а и не бев сама, бев со син ми и безвезе ми беше да се карам пред него ќе го извадев детето од памет, а инаку не преќутувам