1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Ароматерапија

Дискусија во 'Тело' започната од vesna.mk, 28 март 2012.

  1. vesna.mk

    vesna.mk Активен член

    Се зачлени на:
    28 март 2012
    Пораки:
    3
    Допаѓања:
    0
    Девојки, го направив профилов за да ве прашам нешто.. Дали знаете каде се продаваат во Скопје етерични/есенцијални масла за ароматерапија? Се обидувам да најдам некое време ама никој не ми дава информација каде може да се купат... Ако сте имале искуство или ако знаете каде ги има во Скопје, споделете го тоа на форумов.. се разбира ако сакате :)
    Ви благодарам однапред <3
     
  2. agi

    agi Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 октомври 2010
    Пораки:
    231
    Допаѓања:
    65
    На Antebellum му/ѝ се допаѓа ова.
  3. vesna.mk

    vesna.mk Активен член

    Се зачлени на:
    28 март 2012
    Пораки:
    3
    Допаѓања:
    0
  4. kataleja1

    kataleja1 Активен член

    Се зачлени на:
    31 август 2014
    Пораки:
    28
    Допаѓања:
    13
    Дали го имате користено етеричното масло од лаванда? Дали сте задоволни од ефектот?Имам мн читано дека мн помагало при борбата против стрес, го подобрувало расположението, го подобрувало спиењето итн.Ваше мислење.Ви благодарам
     
  5. kristina.popovska

    kristina.popovska Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 октомври 2014
    Пораки:
    24
    Допаѓања:
    11
    Ima efekti ama ne tolku kolku sto ke ocekuvas , barem toa e moeto iskustvo.
     
  6. kataleja1

    kataleja1 Активен член

    Се зачлени на:
    31 август 2014
    Пораки:
    28
    Допаѓања:
    13
    Blagodaram na odgovorot
     
  7. FridaKahlo

    FridaKahlo Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 декември 2010
    Пораки:
    120
    Допаѓања:
    180
    Пол:
    Женски
    Етеричните масла не делуваат на подеднаков начин на секој.
    Ако сте намислиле да се подновите со некое убаво етерично масло моја препорака е да ги оставите да делуваат веднаш откако ќе ги помириснете и ќе видите како ќе се осетите во врска со мирисот. Премногу јако, премногу тешко за вас , благо, опојно или евентуално ќе имате инстант пријатно чувство.



    Доколку се сомневаш дали да го купиш маслото од лаванда пробај најпрвин со еден едноставен тест. Не знам по дома дали имате тревки за чај ( како нане, босилок, рузмарин итн. и лавандата се користи за чај и морам да признаам дека пушта таков некој опоен мирис што моментално те опушта. Барем јас такво чувство имав.
    Откако ќе набавиш свежа или исушена лаванда, а верувај дека со сушењето не го губи мирисот стави во собата кај што спиеш покрај креветот неколку гранчиња лаванда и малку едра морска сол, па легни си
    Од тоа што си го напишала те интересира дали го подобрува сонот или помага во несоницата токму тие дејства и сеприпишуваат на лавандата, тоа можат и постарите да го кажат.

    Ако си го купиш маслото можеш за се и свашта да го користиш, неколку капки во кремата за лице или за тело и си добиваш одлична и квалитетна нега на кожата и немаш промашај.Етеричните масла се многу популарни зараради тоа што го содржатнајесенцијалното од една билка ,шо би се рекло чист дар од природата упакован во шишенце од 10 мл.
     
    На Antebellum и mims-89 им се допаѓа ова.
  8. kataleja1

    kataleja1 Активен член

    Се зачлени на:
    31 август 2014
    Пораки:
    28
    Допаѓања:
    13
    купив етерично масло и да ти кажам право се разочарав поради тоа што се испостави дека сум алергична на него -носот почна да ми тече, грлото да ме пече и го осатвив.Мирисот ми беше премногу јак за мој вкус дури и неподнослив а инаку ставив една капка на перниче и се угушив.Тоа е моето искуство
     
  9. kataleja1

    kataleja1 Активен член

    Се зачлени на:
    31 август 2014
    Пораки:
    28
    Допаѓања:
    13
     
  10. FridaKahlo

    FridaKahlo Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 декември 2010
    Пораки:
    120
    Допаѓања:
    180
    Пол:
    Женски
    Каталеја :( жал ми е што ти се случила таква лоша реакција. Те разбирам како ти е.
    Барем сега ќе си бидеш повнимателна во однос на оние продукти што содржат мириси на лаванда од кои не ти е баш убаво.





    Инаку ЗЛАТНО ПРАВИЛО е дека не смеете да ги користите етеричните масла директно на кожата, ќе си направите беља.
    Потоа би требало да знаете зошто сакате да го користите, што ви е целта ( дали ви е потребно за нега на кожа, масажа, освежувач на простории, некои од нив се користат и орално за разно разни инфекции само ОТВАРАЊЕ ОЧИ мора да се консултирате со некого што се разбира.

    Информирајте се за начинот на користење. На пример прашајте ја продавачката како се користи и нека ви дозволи да го помирисате.
    Имав едно искуство со една продавачка која буквалне ме одвлече во дуќанот да ми ги исрекламира производите.
    Жената беше набилдана со информации.
    Ми отвори еден тефтер со листа на сите етерични масла кои ги продаваат, производителите од кои ги добавуваат, сертификати со кои ти гарантираат дека се квалитетни100 %природни.
    Уз моабет ми појасни дека пазаратд врие од неквалилтетни масла кои само даваат мирис а немаат лековити својства а купувачите лесно се лажат, па во тој случај имаме право како купувач д бараме сертификат за квалитетот на маслата и дека оние што се занимаваат со продавање и дистрибуција - мора да го поседуваат.


    Друго, ВНИМАТЕЛНО со дозирањето. Ако се користат за мирис на просторија, би пропрачала две капкиво 200мл вода да отстои неколку саати или две- три капки ЕМ се раствараат во лажица алкохол а потоа во 100 мл млака вода и растворот се распрскува низ собата.
    Оние со мирис на цитрус - лимон, лаванда, бергам и по парфемите во кои се главни ноти се освежителни, ја креваат енергијата, едноставно те полнат со чувство на леснотија.
    Другите на база на босилок, сандал се за смирување итн.
    За нега на кожата се користат САМО како мешавина со основно ( базно) уље.
    Маслиново, јојоба, кокосово, арганово, од лешник се основни масла па во нив се сипа неколку капки и се нанесува на кожата со масажа.

    Кога осеќам хроничен умор од време на време си ја полнам кадата, неколку капки розмарин директно во водата ( а може и во купката за бањање) убаво музиче и си се брчкам во водата пола саат па после тоа се осеќам како препородена.


    Мене ме интересира колку и дали имате искуство во користењето на етеричните масла?
    Задоволни, незадоволни, препорачувата или не и зошто?
    Не е на одмет да споделите и некој рецепт кој вие лично сте го направиле или пробале.
     
    На SunnyGirl2, eliesaab, OmniaVanitas и 3 други им се допаѓа ова.
  11. ForeverYoung

    ForeverYoung Популарен член

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    644
    Допаѓања:
    1.889
    Јас имам купувано од џамбо,околу 70-80 денари беа.Во La Soy мислам дека се доста поскапи ама сигурно се и поквалитетни.Има ли некој што користел од двата вида за да каже која е разликата во квалитет?
     
  12. mims-89

    mims-89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 мај 2010
    Пораки:
    6.488
    Допаѓања:
    24.071
    Во La Soy се 100% природни, во Џамбо се миризливи само, прашање е дали навистина се работи за вистинско етерично масло туку сигурно се само ароматизирани.
     
    На ForeverYoung и mackica1 им се допаѓа ова.
  13. Biodevojka

    Biodevojka Популарен член

    Се зачлени на:
    1 февруари 2015
    Пораки:
    3.289
    Допаѓања:
    6.937
    Пол:
    Женски
    Здраво јас обично ги купувам од продавницата за органска храна биокулт во гтц на 2 спрат од марката примавера на флора. Чисти се 100 проценти ги имам испробано (оние кои најмногу го користам се лаванда, лимон, портокал, розмарин) и премногу сум задоволна. Исто така ги видов и во ласој ги прават по нарачка, девојката рече дека се чисти затоа што и самите ги користат при подготовката на нивните креми. Поздрав
    здраво најважна работа е да внимаваш што пишува на амбалажата. Тие во џамбо доколку не се лажам се само како освежувач на простории (ги немам пробано меѓутоа чисто етерично масло неможе да има цена од 70 денари). Маслата за козметичка употреба мора да бидат чисти затоа што во спротивно може да се јават најразлични алергиски реакции на кожата. Јас имам видено етерични масла и во една аптека кои коштаа околу 280 денари, меѓутоа на самото масло пишуваше освежувач за простории. Јас најискрено такво масло не би користела во рецептите за нега на лице и коса. Во спротивно пак, чистите етерични масла може да се користат и за подготовка на препарати и како освежувач на простории. Поздрав
    Прекрасно. Одлични совети.
    Како што веќе ти препорачаа мора многу да се внимава со маслата и да се користат паметно. Да речеме маслото од лаванда има смирувачко дејство и го подобрува сонот, меѓутоа ако се претера со количината има спротивен ефект, односно може да предизвика несоница. Јас лично го имам користено на следниов начин или како освежувач за перница веќе приготвен како спреј со вода (домашен рецепт, ако сте заинтересирани ќе ви го напишам) или пак една капка (ама буквално една) на перницата. Во тој случај има релаксирачко дејство. Можам да напоменам дека лавандата е единствено од маслата кое може да се користи чисто на кожата (значи е исклучок) на пример при болки во главата (една капка се размачкува меѓу орстите и се масира нежно во пределот на слепоочниците (секако без притисок и претерување) или при убод на инсекти или при изгореници на кожата (од огин или сонце). За изгорениците може да се користи во чиста форма или пак да се раствори во гел од алое вера 10 капки масло од лаванда во 10 мл гел. Поздрав
     
    На SunnyGirl2 и FridaKahlo им се допаѓа ова.
  14. kataleja1

    kataleja1 Активен член

    Се зачлени на:
    31 август 2014
    Пораки:
    28
    Допаѓања:
    13
    да ама ете се покажа дека сум алергична.како и да е ви благодарам за советите
     
  15. Biodevojka

    Biodevojka Популарен член

    Се зачлени на:
    1 февруари 2015
    Пораки:
    3.289
    Допаѓања:
    6.937
    Пол:
    Женски
    За Кателеја и за сите останати кои се прашуваат за моќта на етеричното масло од лаванда и начинот на употреба за здравјето, убавината и во домот. Се надевам ќе ви биде од корист.

    Мирен сон, кожа без акни и прекрасна коса со етерично масло од лаванда

    [​IMG]

    Едно од најпознатите етерични масла кое на некој начин нема контроиндикации и може да се употребува на илјада начини и во многу разни ситуации, е секако етеричното масло од лаванда. Благодарение на антибактериското, антисептичкото, релаксирачкото, антидепресивното и смирувачкото дејство, ова масло е идеално за зравјето, убавината на кожата и косата и како средство за оддржување на хигиената во домот. Ова масло одлично делува и на психичката состојба на организмот, и претставува најдобро средство за прва помош при некои ситуации кои ќе ги разгледаме во продолжение на овој текст. Според мене ова етерично масло би требало да биде присутно во сечиј дом, и секако е must have за сите оние кои се доближуваат до ароматерапијата.

    Постојат разни видови на етерични масла од лаванда како на пример Lavanda Vera, Lavanda Officinalis, Lavanda Hybrida кои се најпознати и најраспространети во продажба, и сите потекнуваат од истата фамилија на билката. Има прекрасен и неодолив мирис, која смирува и ги гали сетилата. Јас лично го обожавам.

    Без да одолговлекувам многу, во продолжение би сакала да ви кажам на кои се нчини може да го користите ова етерично масло како средство за подобро здравје, убавина и добросостојба на организмот.

    [​IMG]

    1. Етерично масло од лаванда во служба на нашето здравје

    Доколку се сеќавате, во статијата за ароматерапија http://biodevojka.blogspot.mk/2015/02/blog-post_16.html, објаснив како правилно да се користат етеричните масла и зошто истите не може во никој случај да се користат чисти директно на кожата. Епа етеричното масло од лаванда е исклучок, и во одредени случаеви може да се користи директно на кожата, а во некои случаеви помешано со базно масло или алое вера гел.

    - во случај на убод од инсект, возможно е да се користи ова масло директно врз убодот на кожата и тоа чисто. На едно памукче или стапче за чистење на уши, се капнува една до две капки етерично масло од лаванда и нежно се нанесува врз убодот.

    - во случај на многу силна главоболка, капнете една до две капки етерично масло од лаванда врз прстите, размачкајте го и со нив направете кратка масажа во пределот кај слепоочниците (каде што започнува косата). На овој начин етеричното масло од лаванда ја ослободува тензијата, делува на болкта, но и смирува. Доколку сакате додатно да се релаксирате, слободно помирисајте ги прстите.

    - во случај на несоница, капнете една капка етерично масло од лаванда врз вашата перница (некаде на крајот од перницата) пред да одите на спиење. Мирисот на лавандата ќе ве опушти, релаксира и ќе ви помогне побрзо да заспиете.

    [​IMG]

    - во случај на разни изгореници (сонце, оган), исекотини или изгребаници, може да се користи етеричното масло од лаванда во комбинација со алое вера гелот. 10 капки етерично масло од лаванда се раствораат во 10 мл. гел од алое вера и со таа смеса се поминува местото каде имате изгореница на пример од рерна, оган или сонце.

    - доколку имате проблеми со циркулација, во тој случај одлична е масажа на телото со етерично масло од лаванда. 30 капки етерично масло од лаванда се додаваат во 100 мл. базно масло како на пример сончогледово, бадемово, оризово итн. Со оваа смеса масирајте ги нозете и глуждовите за да ја подобрите циркулацијата на телото.

    - доколку вашите дечиња се вознемирени, во гелот за бањање (земете мала количина на раката) додадете една капка етерично масло од лаванда, или пак растворете го директно во водата во кадичката каде го бањате заедно со гелот за бањање. Ова масло одлично ќе делува врз смирувањето на дечињата, особено ако го направите пред спиење. Доколку сакате готов производ кој е наменет за деца и во својот состав веќе содржи етерично масло од лаванда и вода од лаванда, тогаш земете го дерматолошкиот гел на Gamarde за кој веќе говорев во http://biodevojka.blogspot.mk/2015/06/blog-post_17.html.

    [​IMG]

    - доколку сакате смирувачка купка за вас самите во која ќе уживате после напорен ден или заедно со вашите партнери, во тој случај наполнете ја кадата со вода (не премногу жешка) и во неа додадете етерично масло од лаванда на следниов начин: во еден сад ставете две големи лажици крупна морска сол во која ќе капнете од 30 до 40 капки етерично масло од лаванда. Убаво промешајте и додадете ја солта во кадата со вода. Потопете го телото во неа и уживајте опуштени во наредните 10 до 15 минути. За уживањето да биде поголемо, запалете по некоја свеќа и пуштете си релаксирачка музика.

    - во случај на настинка или кашлица, направете инхалација со врела вода и неколку капки од лаванда. Во едно тенџере со врела вода капнете од 5 до 10 капки етерично масло од лаванда. Не само што ќе имате бенефиции за подобрување на настинката, туку и вашата кожа на лицето ќе извлече корисни дејства од самата инхалација.

    2. Етерично масло од лаванда за прекрасна кожа и коса

    - во случај на проблеми со целулит или стрии растворете 30 капки етерично масло од лаванда во 100 мл. масло од бадем, лешник или друго базно масло, и со него мачкајте ја зафатената зона секојдневно. Секако при нанесувањето направете и блага масажа за кожата подобро да го прими маслото и истото да има подобар ефект.

    - доколку сакате да направите анти ејџ серум, во тој случај растворете 15 капки етерично масло од лаванда во 50 мл. масло од арган, јојоба, или друго масло во зависност од видот на кожата.

    - доколку страдате од акни и масна кожа, етеричното масло од лаванда е спас за оваа проблематика, благодарение на антибактериските својства на ова масло. Начинот на кој може да го користите ова масло веќе го објаснив во статијата за најдобрите етерични масла за акни и бубуљички http://biodevojka.blogspot.mk/2015/08/blog-post_16.html. Од огромна помош во третирањето на оваа проблематика се и маските за лице на база на зелена глина во која се додаваат неколку капки етерично масло од лаванда. Помешајте малку зелена глина со една кафена лажичка мед, малку зелен чај и две до три капки етерично масло од лаванда. Нанесете ја маската на убаво исчистено лице и оставете да делува околу 10 мин. Измијте обилно со млака вода.

    [​IMG]

    - за здрава и сјајна коса, етеричното масло од лаванда може да го употребите во шампонот (доколку користите неутрален шампон), во третманите со масла пред шампонирање (додадете две три капки етерично масло од лаванда во една супена лажица базно масло од бадем, рицинус, ленено семе или било кое друго масло кое најчесто го употребувате за третман на косата). Исто така од голема корист се и исплакнувањата на косата со вода, оцет и етерично масло од лаванда. Во 500 мл деминерализирана вода (или доколку сакате појак раствор во една чаша деминерализирана вода), додадете една супена лажица јаболков оцет (најдобро ако е органски) и 7 до 10 капки етерично масло од лаванда. Со оваа течност измијте ја коста по шампонирањето како последно плакнење. Косата ќе добие неверојатен сјај и мекост. Овој третман е одличен и доколку имате масна коса.
     
  16. Biodevojka

    Biodevojka Популарен член

    Се зачлени на:
    1 февруари 2015
    Пораки:
    3.289
    Допаѓања:
    6.937
    Пол:
    Женски
    3. Етерично масло од лаванда во служба на домот

    - доколку пешкирите станале тврди од честото перење, еве ви еден природен омекнувач на база на лаванда или етерично масло од лаванда. Верувајте не само што ги омекнува пешкирите, туку им дава прекрасен мирис. Овој препарат може да го подготвите на два начина а потребни ви се следнива состојки:

    прв начин:

    1 шоља свежа лаванда или половина шоља сува
    бел дестилиран оцет

    Во една тегла се става лавандата и комплетно се покрива со оцетот. Пред да се затвори капакот од теглата доколку е метален прво ставете еден целофан со ластик па потоа металниот капак затоа што металот реагира со оцетот. Доколку ставите пластичен капак не е потребно да се стави целофан. Вака подготвената тегличка треба да стои 3 до 4 недели на суво и темно место со повремено протресување. По истекот на времето на отсојување течноста се процедува и се чува во фрижидер во пластично или стаклено шише.

    втор начин:

    етерично масло од лаванда
    бел дестилиран оцет

    Ова е најбрзиот начин кој може да го подготвите пред секое перење. Потребна ви е супена лажица бел оцет во која ќе додадете две до три капки етерично масло од лаванда (во зависност од количината на пешкирите што ќе ги перете може да ја удвостручите дозата ако станува збор за поголема количина значи две лажици оцет со 5-6 капки етерично масло од лаванда). Повеќе за ова пишував во http://biodevojka.blogspot.mk/2015/02/blog-post_17.html


    [​IMG]

    - доколку сакате природен освежувач за простории, може многу лесно да направите еден сами. Во едно празно спреј шише од 100 мл. ставете 25 капки етерично масло од лаванда, а потоа додадете една супена лажица вотка. Убаво промешајте ги овие две состојки. Наполнете го остатокот од шишето со деминерализирана вода (оставете малку простор не до горе). Целта на алкохолот во овој рецепт е подобро да ги врзе етеричното масло и водата. Овој спреј може да го користите за освежување на простории или како спреј за мирис на постелнини, облека и останати ткаенини. Сетете се убаво да го протресете шишенцето пред секоја употреба. Повеќе за постапката може да прочитате на http://biodevojka.blogspot.mk/2015/03/blog-post_11.html

    - наместо вештачките мириси кои се повеќе штетни отколку корисни, зимно време во порцеланските садови за освежување на простории кои обично ги држиме до парното, во водата додадете неколку капки етерично масло од лаванда која не само што ќе направи домот убаво да мириса, туку и позитивно ќе делува врз психата и ќе ве релаксира.

    - доколку сакате вашите фиоки со долен веш, или вашите шифоњери со облека убаво да мирисаат, во тој случај купете суви цветови од лаванда и ставете ги во една украсна платнена (или од друг материјал) торбичка и ставете ја во фиоките или шифоњерите. За да го зголемите мирисот, во самата лаванда додајте и неколку капки етерично масло од лаванда.

    [​IMG]

    Ете драги мои, се надевам дека сега сфативте зошто етеричното масло од лаванда треба да се најде во секој дом. Се надевам дека ви се допаднаа овие совети и дека ќе ги примените.

    Вие како и секогаш оставајте ваши коментари под самиот текст доколку имате искуство со ова етерично масло, доколку за нешто го користите, или пак доколку имате било какво прашање во врска со оваа тема.

    Ве гушкам сите и до следната статија.

    Вики
     
    На kataleja1 и Mishela им се допаѓа ова.
  17. OmniaVanitas

    OmniaVanitas Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јули 2012
    Пораки:
    1.438
    Допаѓања:
    1.450
    Ако ги користите само за ароматерапија, ќе ви завршат работа и парфимираните.
    За оние кои можеби не се информирани, за ароматерапија се користи најчесто капка-две растворени во вода и се ставаат во леѓенчето кое изгледа вака и одоздола се става запалена свеќа, но ова важи за парфимираните (чистите се раствораат во поголемо количество вода):

    9f82aeea604ff8cd8cf048cc5d2f0f035654.jpg

    kataleja1 има различни видови на етерични масла. Можеби си алергична на лаванда, но не значи дека си алергична на другите билки. А за тежината на мирисот - можеби она што си го мириснала било премногу концентрирано. Нареден пат мирисни го растението (пример од чај) и можеш да заклучиш дали си алергична на него. FridaKahlo има убаво објаснето.

     
  18. thesunisup

    thesunisup Нов член

    Се зачлени на:
    20 ноември 2016
    Пораки:
    1
    Допаѓања:
    0
    Здраво на сите, ме интересира дали некој од вас користи есенцијални масла и кои се придобивките од нив?
     
  19. ForeverYoung

    ForeverYoung Популарен член

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    644
    Допаѓања:
    1.889
    Каде би можела да најдам дифузер за етерични масла? Не било убаво да се горат :)
     
  20. MissChievous

    MissChievous Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 март 2015
    Пораки:
    3.837
    Допаѓања:
    21.529
    Ги има некој користечно овие масла?
    Каков им е квалитетот? Која им е цената?