Според мене дефинитивно најдобра нивна песна, се ежам Ja zagubiv mokta, Odam so temen prevez na srceto I ova sto go gledam Ne e vistina Tolku e studeno Vo tvojot svet bez ljubov Se ke se prestori vo smrt I se pocesto toa te raduva Nema da mozes nikogas Da bides moja potreba I da me mrazis, ke bide zaludno Tolku potreben lazen odgovor Samo za mig ke poglednam: Tolpa luge obicno Ovde nema nisto, Nisto sto mi e potrebno Vo tvojot svet bez ljubov Se ke se prestori vo smrt I se pocesto samo toa te raduva Ponekogas, ponekogas ljubovta e Sovrseno cinicen ubiec, ubiec!
Их бре се вчудоневидувам како до сега не сум ја р`чнала темава....Или не сум налетала на неа... Архангел....па уште и концерт...мх,мх....од добро подобро -и на мојата радост и нема крај ЗВУКОТ СО КОЈ ПОРАСНАВ! Дефинитивно нешто најдобро што излегло од овие простори. Толку автентичен состав...што знае толку луцидно, суптилно и помалку префригано да ти се спротне под кожичката.... Архангел е сноп љубов, елегија, изобилува со палета бои и органски мириси. Допира толку длабоко внатре и остава печат.... шмрц...ќе се расплачам....рас`кенкам, распекмезам.... а не сакам таква да ме доживеете Стихови од кои човек неможе да се насити! И неможам да извојам најдобра песна...неможам... Можам само да ве поздравам со една од најдобрите И навистина посакувам да се видиме таму http://www.youtube.com/watch?v=EuCfoEnsAfA
Не можам да се изнарадувааам! Архангел рулс Ќе скокам, ќе вриштам и ќе си поминам најубаво на свет! Браво за концертов, жени лудо ќе биде
Цел ден само на тоа мислам. Едвај заспав вечерта кога го видов настанот и незнам дали од возбуда ама утрината станав во 7 Само си правам филмови како ќе биде, ова е нешто што го чекав многу одамна... И се молев да се случи барем уште еднаш.
http://www.youtube.com/watch?v=Nls-Jxlb7i8 http://www.youtube.com/watch?v=ai1erOEM ... re=related http://www.youtube.com/watch?v=a7giGDks ... re=related http://www.youtube.com/watch?v=Bd8xl9D2 ... re=related
http://www.youtube.com/watch?v=KNzcu7pu ... re=related http://www.youtube.com/watch?v=oBVhqBQ3 ... re=related
Кој парадокс, ќе одите на концерт на Архангел организиран од Кристијан и План Б продукција Сорри, не можев да се воздржам, смешно е кој го организира концертот ЏејЏеј и компанија
Оффи уште кога видов дека ќе имаат концерт веднаш помислив на тебе,си велам сигурно ќе оди Многу сакам да одам,ама за голема жал не можам Нареден пат! Сите што ќе одите да си поминете најубаво на свет
Благодарам, благодарам На концертот ќе има и промоција на нов материјал ! Тоа ми кажува дека можеби ќе има и друг концерт и дека можеби ова нема да е последниот
Баш вчера те читав во една тема нешто беше за што се каете,што се пропуштиле во животот....нешто така, не ми текнува точно насловот....и те прочитав како "плачеш" што си го пропуштила последниот концерт. Значи ти дал Господ втора шанса и да си поминеш најубаво Јас не сум во можност да отидам и ќе се молам и јас за друга шанса п.с Темава да се преименува во "Оффспринг на Архангел"
Да да, сама си пишувам во темава Многу е добро кога ќе дочекаш концерт на некој што ти е врв! Неможам да поверувам
Значи иде концерт, читај (скоро)СИТЕ одма почнат да слушат некоја група... Иде друг концерт, (скоро)СИТЕ одма почнат да ја слушат и таа група, и те, така... :geek:
Еве интересна статија! Велат, човек не треба да ги запознае своите идоли. Бидејќи најчесто ќе се разочара. Во саботата немав прилика да го запознаам мојот идол, па разочараноста е in absentia. Игнорантскиот и непрофесионален однос на господинот Вртев кон новинарите во саботата ме спречи во намерата да разменам неколку реченици или да поставам неколку прашања. Но, тоа е делумно наша вина, бидејќи тоа и го дозволивме. Ова е тренд што трае веќе подолго време кај грото од македонските музичари, а за тоа сме виновни ние. Толку за „професионалноста“ зад кулисите. На сцената Ристо Вртев докажа зошто „Архангел“ сè уште е еден од најдобрите бендови во Македонија, зошто „македонски подобро звучи“ и зошто, и покрај фактот што „Архангел“ немаат нов материјал од 2003 година, успеаја да ја наполнат арената „Метрополис“. Но, да почнеме од почеток. Концертот на „Архангел“, по пауза од шест години, почна со задоцнување од 45 минути. Тоа прерасна во „стандард“ на овие простори, па се толерира. Шестилјадната публика ја размрдаа „Фолтин“. Бендот од Битола со својата енергија, шарм и веселите мелодии само го навестија спектаклот што следеше. Песните се редеа: „I’ll die if you touch me“, „lo lee la too“, „128“, прекрасната „Милице“, што публиката еуфорично ја пееше заедно со вокалистот Бранислав Николов, а ноќта ја завршија со егзотичните стихови од „Donkey hot“. И дојдовме до главниот настан. Концертот на „Архангел“ под мотото „Македонски подобро звучи“. Не знам дали овој слоган е мал бунт кон музичарите од соседството кои изминатите неколку месеци доаѓаа на „печалба“ во Македонија и од кои заборавивме колку е квалитетно тоа што го имаме дома. А најверојатно нема никогаш да дознаеме... ...Концертот. Можеби времето што поминало си го сторило своето, но гласот и духот што Ристо Вртев ги има не покажаа знаци на стареење. Во тоа се уверивме сите. Елегантен во белата кошула и црните панталони, тој на сцената си играше со стиховите како дете со сложувалка. Настапот го претвори во шоу, а публиката само ја апсорбираше енергијата што зрачеше од него. Долгоочекуваниот концерт почна со „Вина невина“, а следеа „Заумна сила“, Небесна машина“, „Рубин кармин“, „Билборд икона“, „Гордост“, „Луна“, „Радост“, „Нова вера, нова Библија“, „Зборови волшебни“ и ниту „Архангел“, ниту публиката не покажуваа знаци на замор, туку само восхит. Атмосферата се вжешти по „Крст“ и барем на кратко ја стопли престудената сала „Метрополис“, но декаденцијата ја оставија за крај. Крајот беше резервиран за песните што публиката ги очекуваше со нетрпение. Преморена, но со доволно сила во гласните жици, публиката успеа да ја испее „Heart core“, па Вртев само седна до сетот тапани и ја остави да се потсети на прекрасните стихови. А таа тоа и го стори. Последните минути беа резервирани за „Чудесен свет“ и одличната „Убер Македонише“. Иако беше еден часот по полноќ, публиката ги собра последните сили и скокаше до изнемоштеност. Драган Гиновски соло на гитара ја отсвири „Милион долари“, а концертот заврши со рецитал на новата песна „Учителке карај ме“ од Вртев. Концертот на „Архангел“ требаше да му се случи на Скопје. Шест години чекање е предолго за овој народ, кој докажа дека е гладен за рок. Велат и дека за вкусовите не треба да се дискутира. Но, по фолк и поп-понудата од „музичарите“ од соседството, овој народ заслужи будење од комата во која беше долги години. И тоа македонско будење, бидејќи навистина подобро звучи. Еве и слики од мојата скромна галерија на фејсбук Ќе поставам повеќе слики, чекам уште еден од фотографите да ми прати
Може е малку за коментирање, ама морав да си кажам што ми лежи Концертот беше речиси совршен. Ќе беше совршен за мене да ги отпееше Ристо Вртев и Харт Кор и Милион Долари! Е па не дојдов на концерт за сама да си ги пеам! Сама си ги пеам и по дома! А и минатиот концерт не ја пееше милион долари. Сепак, да се направи толку посетен концерт без нов материјал... респекат! Докажаа дека се уште се ненадминати!
Ќе си приумрев зошто не бев на Архангел.. Беа моите браќа и братучеди, а ја како утка дремев дома и ги слушав во Winamp -.- А и битолчаните мора да биле одлични.. Милице, Милиицеее Ама ај надежна сум, можда у скоро време ќе бидне уште еден концерт Или ќе чекам 6 години за да ги слушнам Heart Core и Радост во живо.. :'(