Врвот на македонската музичка сцена. Архангел е тоа за мене. Едноставно совршен спој. Најомилена http://www.youtube.com/watch?v=o9fEKG8v_fs Ми иде да вриштам кога ја слушам.
Врв на македонската музика! Немам што друго да кажам. Само уште ќе додадам дека Ристо Вртев ги има најдобрите текстови. Ги имам речиси сите, зачувани во компјутерот и си ги читам како поезија. Многу често ме инспирираат. Молк Кога сум крај тебе, стварноста и не ми е потребна Единствено тогаш знам дека сепак постојам А, јас ќе замолчам. Јас и не можам да зборувам Мојот говор е заробен во чувствата Молк Темнината сокрива присуство Можеби си тоа ти и можеби е сосем доволно да го чувствуваш она што зборовите не можат да го искажат Молк Сениште Под ова небо железно ќе се претвориш во сениште без дом и без сон, ќе бидеш мртва без да дознаеш. Под ова небо железно,никогаш нема да се сретнеме. Јас сум оној што никогаш нема да заспие. На само чекор одовде чека божица, да ме одведе. Таа го знае патот до мене. Сениште, сега си само сениште. Милион долари Зар веруваш во мене? Јас сум привид што ги нуди сите можни облици. И веќе одамна тоа не сум јас Тоа е некој што ме глуми и ужива во досада. Не мисли колку си љубела и дека љубовта е се што ти е потребно. Погледни! Ќе видиш само еден обичен смртник без концепт за револуција. Секој обид да ме љубиш ќе ти се врати како казна, како горка измама. Јас сум човек кој живее во страв, кој се плаши да те допре. Не знам дали остана бар малку љубов во мене, или се исчезна во времето. Осамен и уморен трагам очајно по моите милион долари, единствен разлог да продолжам да живеам. И нема начин да ме промениш, се што можеш е да ме убиеш.
Не ги слушам многу, но текстот од песната Милион долари вреди да се пофали http://www.youtube.com/watch?v=HRYL7I4g3dw
Порано ги слушав повеќе, сега послабо, ама имаат навистина многу добри песни! http://www.youtube.com/watch?v=cwzXEh20XDQ http://www.youtube.com/watch?v=XR2urcCl ... re=related http://www.youtube.com/watch?v=odP_ZYET ... re=related
Во Македонија постојат многу (рок ) музичари ... Но едни се Архангел !!! Во Македонија многумина "слушаат "музика ... Но има луѓе кои ИЗРАСНАЛЕ со Големиот АРХАНГЕЛ . Ова е коменатар на јутјуб потполно се согласувам би додала ... Дека многу ми е жал што не творат . Знам нејќат да се експонираат ама барем нека творат од позадина , ова е потребно ова се бара . Тешко на тие што не слушаат Турбо Фолк . Архангел Знае толку да ме погоди текстот на песниве неописливо нешто , толку реални , сурово реални текстови ова не се песни ова се ремек дела ... Доволен доказ дека Македонците не знаат што слушаат се бедните 120 000 максимални прегледи на ваква Поезија брате Поезија ... За разлика од мизеријата која и кај нас ја има , ама ко да не ни е доволна па си ја увезуваме и од соседниве земји own: Кај можам да ги спуштам песниве на Архангел се убив од барање
њањањањања јас си ги имааааааааам Се шалам, од порано ми се спуштени, www.bunar.blogspot.mk од таму ги симнав, пробај дали постои сајтот сеуште или што год и да е. Ако не барај ги на радиомк. И таму имаше нешто, или крајно, спушти ги од јутуб
Ептен добри текстови, музика абе се погодено. Исто од брат ми ги научив нивните песни и сега ги слушам многу. И Сеа пак ќе му се заблагодарам шо ме научи да слушам квалитетна музика. Значи сите песни убиваат. Оваа Милион Долари ми е една од омилените. http://www.youtube.com/watch?v=HRYL7I4g ... re=related Осамен и уморен трагам очајно по моите милион долари, единствен разлог да продолжам да живеам.
Ги слушам Архангел и посебно ги почитувам.Сите песни им се убави.А за текстовите да не праиме муабет.Но штета што од денешниве тинејџери ретки се тие што слушаат квалитетна музика.Архангел заслушуваат да бидат уште многу повеќе слушани.
хихихи а јас ги имам во пц мноооогу одамна дури не знам ни од кај ми се, гарант преснимени од негде ама штознам, ги слушав уште во основно, па средно, факултет малку поретко , сега чат-пат Ова е нешто што би издвоила ........ Прости ми што неможев да сфатам колку сум осамен меѓу сите тие безвредни луѓе никому потребни Прости ми што не сфатив колку беше сама крај мене без човек кому ќе дадеш сe што девојка може да даде некому Дали си среќна или сама со својот бол Дали сум крвник или жртва на својот нож .......... http://www.youtube.com/watch?v=6n8MNq7CsuM
За жал. Врсниците мои слушат Слаткар, Тони Зен дрн. дрн. и кога ќе почнеме да зборуваме за музика ја само не се поклопувам.
Да музиката на Архангел и вистинска поезија... Ги обожувам... и секогаш ги слушам од ново и од ново... и секогаш ги доживувам поразлично... Архангел се вонвременски бенд
Нека младинава го прими моето искрено сочувство. Ги гледам и ги жалам моите врсници. Ама онака од се' срце сакам да се зголеми бројот на оние кои ги препознаваат и почитуваат групите како Архангел, ЕКВ, Меморија, Ареа, ајде може и Фолтин. Не ми е јасно како оваа катастрофа од музика (што не заслужува ни така да се нарече) може да им се допаѓа.
http://www.youtube.com/watch?v=eetGctEcOv0 Многу реална група. Вистински текстови, прераскажани приказни. Одлични се.
Кога прв пат ги слушнав не ми се допаднаа, после дечко ми ме напна со нив, па ги мразев. Покрај него ги научив сите текстови ама пак не ги сакав Е кога отидов на концерт си викам- Леле како може да не сум ги слушала? Сега ги сакам и ги слушам. Со дечко ми знаеме да седнеме и да ги анализираме песните. Некои пуштаат романтики , а ние пуштаме Архангел.
Tоа е пробелмот што многу малку ги разбираат,а уште помалку ги почитуваат.Жалосно! И и успат да ве поздравам со песнава: http://www.youtube.com/watch?v=IGDDVwM9Nzg
Со нивната музика пораснав благодарение на касетите и плочите што татко ми успеал да ги зачува. За мене значат многу повеќе од само обичен бенд. И по толку години се вонвременски, непроценливи, прекрасни. Татко ми ме носеше на раменици на нивниот концерт кога имав четири години и тоа е сигурно најубавата работа која ми се случила а на која не се сеќавам. За мене Архангел значат обединување на семејството. Љубов. Радост. Начин на размислување. Посебен свет. Ги обожавам.