На песнава бев навлечена 24/7 http://www.youtube.com/watch?v=nxtkf5MNVb4 предобра музика, предобри текстови, вистинска уметност во зборови.
Сега е открив песнава,до сега ја немав слушнато и многу,многу ми се допадна. http://www.youtube.com/watch?v=F528hK7G ... ture=share
Порано ги слушав исклучително во моменти на депресија, а сега нема ден да не ми помине без нивна песна. Вртев дефинитивно е гениј, малку луѓе ја имаат таа способност да пишуваат толку реални текстови, и да прават музика која навистина длабоко навлегува во глава. Омилени ми се Вина невина и Uber Makedonishe. Остани ветрот ти шепоти јасна молитва, прости зборови, а можеби длабоко во водата во школка колевка сепак постои страст за младост и љубов за старост копнеж за живот во тебе овде си ко небо спокоен в срце бесмртен вина невина.
Дно Очи бистри, очи паметни, дали е ова свет кој ве радува? Немам зборови да ви опишам што чувствувам. Не знаев како да дојдам до тебе. Се има сега друго значење. Се што помислив, се што посакав, се заборавив. Мислев ја љубам, а јас ја гризав. Гризав до крв, до самото дно. И без да заплаче низ нежен шепот ми прости се. Мислев ја љубам а јас ја гризав. Гризав до крв, до самото дно. Очи бистри, очи паметни дали е ова свет кој ве радува? Се што помислив, се што посакав, се заборавив. Ги слушав, ги сакав и ги сакам во секакви расположенија. Дечко ми ми вика да не го напнувам со толку депресивни текстови. Ама јас многу често, скоро секој втор ден ги слушам. Толку моќ колку што има кај Вртев,не сум видела одамна во некој Македонец. Преубав е (во поглед на своите текстови и зборови). Само тој може правилно да интерпретира песна без всушност вистински гласно да ја интерпретира. Ем вербален, ем невербален гениј.
еден од моите омилени македонски групи,дефинитивно оваа група несмее да изумри од нашата сцена па и воопшто во светот,одлични песни,одлична група уште да напраат еден концерт и се има да биде одлично http://www.youtube.com/watch?v=-6W_AQnCUkA http://www.youtube.com/watch?v=EuCfoEnsAfA позз од мене феминки
Сурова реалност прикажана на таков уметнички, метафоричен и прекрасен поетичен начин. Едноставно ги обожавам, како да се губам слушајќи ги таква длабока и прекрасна приказна прикажуваат бе зразлика дали е за љубов за суровоста на војните или за луѓето сето тоа во две-три минути. Сите песни им ги обожувам од Вина Невина и Војна до Љубов или омраза, Луна, Молк прекрасни се... Целите текстови се како метафори везена една по друго со такви совршено и внимателно одбрани зборови што ме оставаат без зборови. И музиката им е одлична конечно некој бенд да ги има и двете и текстови и музика квалитетни. Им ги сакам сите песни,но кога би морала да одберам една најверојатно би ја одбрала Владимир која не знам дали сте знаеле,но посветена е на омилениот поет на Ристо Вртев-Владимир Мајаковски.
Војна, Вина Невина, Нова Вера Нова Библија, Убер Македонише, Љубов или Омраза, Радост, СИТЕЕЕЕЕ едноставно СИТЕ песни ми се омилени Ги слушам од мала, сум била на 3 концерти, ги имам сите албуми и едноставно ги обожаваммм иначе имам 13 и сите ми се чудат, сепак ова е посериозна музика :geek:
Дали некој знае каде можат да се набават влезници за концертот на 26.10? Барав по интернет ама не можам да најдам.
Концертот вчера.. не знам.. нешто најубаво на свет, штета што имаше толку празни места. Мојот најомилен македонски бенд. http://www.youtube.com/watch?v=eetGctEcOv0 http://www.youtube.com/watch?v=SE92MDv8PUg http://www.youtube.com/watch?v=EuCfoEnsAfA
Архангел ми се влезени под кожа. Како дрога. Се навлекуваш, им се предаваш. И после една година, активно слушање, тврдам и потпишувам со двете раце дека спаѓаат во топ 3 бендови од Македонија. Како омилени албуми би ги издвоила Архангел 1 и 2. Не дека Heart core и Небесна машина заостануваат по квалитет, туку некако песните од првите два ми се подраги. Ние бевме, ние сме само послушни деца, построени под знамето. И се што бевме, бевме само во нашите срца, болни од илузии.. http://www.youtube.com/watch?v=nxtkf5MNVb4 Лево лудост, десно зло, над тоа лага, под сето бол.. http://www.youtube.com/watch?v=xT0y6VC-IgY Полни срца како полни револвери. http://www.youtube.com/watch?v=T3mEGhvKduo Рубин кармин, Never talking to you again, Владимир, Нова вера нова Библија, Сениште, Гордост, сè Само кога би морала да бирам една, верјатно таа би била Ладно оружје. Најдрага, најнајомилена, со неа ги запознав.
Кога ќе најдам дечко што ги слуша Архангел е тогаш ќе знам дека е вистинскиот За мојата околина нивните песни се забегани,сатански.. научи што означува тоа па збори , не бидете толку ограничени луѓе! "Милион долари" ќе ја ставам #1 посебно делот Секој обид да ме љубиш ќе ти се врати како казна, како горка измама. Јас сум човек кој живее во страв, кој се плаши да те допре. Не знам дали остана бар малку љубов во мене, или се исчезна во времето?
Ги открив пред околу 2 години, зошто ги слушаше тогашниот ми дечко, и за кратко време се искачија на врвот на мојата листа. Поезија. Не би можела да одвојам омилена песна, не можам да опишам што предизвикуваат кај мене додека ги слушам. Можеби на последниот концерт не се покажале како оригиналниот Архангел, ама не можам да го опишам коктелот од емоции што го чувствував и шансата што ја имав да ги слушам во живо.
Светско, а наше, хм? Преминаа во класика. Неверојатна комбинација на поезијата со суровото, обичното, претворајќи го во нешто трансцедентно. Тешко наоѓам зборови за луѓе кои со своите зборови измамуваат само ежење и подотворена уста..
Драго ми е што можеме да се пофалиме со Архангел. Македонски квалитет покрај ова срање од естрада. Инаку, омилена ми е Нова вера нова библија.
Ги слушав онака, не бев нешто посебно навлечена, се додека не им бев на концерт на Струмица Опен ова лето. Потоа бев и на Таксират, само заради нив Немам зборови кои би можеле да опишат колку се добри и посебни. Мило ми е што има ваква група кај нас