Одамна не се сеќавам на ден кој ми поминал без некоја песна на Вртев. Премногу сум сентиментално врзана за песниве општо, дури во последно време си се чудам сама на себе колку многу опсесивно сум се навлекла кон се што е поврзано со Архангел. Како фанатик некој сум станала Ги знам скоро сите текстови на памет на сред ноќ од сон да се разбудам. Почнуваат првите секунди од било која песна и за мене толку е... светот за момент како да запира.