Археологија

Дискусија во 'Образование' започната од Gordana10, 4 март 2010.

  1. Gordana10

    Gordana10 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    6.899
    Допаѓања:
    9.140
    Пол:
    Женски
    Интересена наука,многу работи се откриваат кои што се стари илјадници години,нешта кои се откриваат со тек на време,кои што даваат слика за минатото.Мене ми е интересна иако не се бавам со археологија,би се занимавала зошто да не,па и да се печам летно време копјаки на некој локалитет,па и за без пари,затоа што,како што реков за мене интересна но и донекаде мистерична, но врска си немам.Можеби и постои како таква наука,како сведоштво за се што се случило на земјава.Ме интересира дали сте пронашле нешто,можеби драгоцено,дали некои работи се откриени а се кријат поради некои причини од јавноста тука во Македонија и колку ве интересира?
     
  2. Ariel

    Ariel Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    3.293
    Допаѓања:
    27.577
    Многу ми е мило што археологијата заживеа кај нас. Ме интересира, ама не сум нешто осебно навлезена.
    Одам по музеи, се моткам околу ископините, и баш би се занимавала со тоа... всушност едно време ми се вртеше во глава да студирам тоа, ама ме премислија од дома дека не се наоѓа работа - тогаш беше така...

    Многу ми е мило кога ќе се открие некој многу стар предмет. Некако горда ме прави тоа. Секогаш кога имам време застанувам кај мојот омилен археолошки локалитет - Стоби. Треба да го средат, има работа доста на него, музејот има интересни премети а мизерно изгледа, мислиш ќе се сруши врз тебе. Добра работа е што има и ресторанче :D
     
  3. tanja6

    tanja6 Популарен член

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    1.570
    Допаѓања:
    539
    Пол:
    Женски
    mnogu me interesirala arheologijata otsekogas sum ja sakala..kako mali so eden bratuced moj,na lozjeto sto go imame,stalno se zanesuvavme,kopavme i mislevme deka ke pronajdeme nesto vredno nekoj star predmet zakopan :lol: ama edino so pronaogavme ostatoci od grncinja ili od bardacinja so im se skrsile na nasite babi i dedovci. :D i si zamisluvavme deka tie se kojznae kolku stari od pred mnogu vekovi.. ili pak nie zakopuvavme nesto i planiravme deka toa koga ke se otkopa posle nekoj vek ke bide mnogu vredno :lol:
    arheologija bese i edna od opciite koga razmislivav za faklutet ama bataliv mislejki deka ke e mnogu tesko za vrabotuvanje,nebere sega kao profesorka po makedonski jazik najdov rabota :lol:
     
  4. annii

    annii Популарен член

    Се зачлени на:
    16 април 2010
    Пораки:
    2.897
    Допаѓања:
    2.476
    За истражување од мала сакам (убиства,да копам кај кале итн )
    Штета што нема некое средно стрикно за архелогија и потоа само на ФЗФ историја на археологија :D
     
  5. princessofthedark

    princessofthedark Популарен член

    Се зачлени на:
    15 април 2010
    Пораки:
    1.018
    Допаѓања:
    138
    јас планирам како втор факултет да запишам археологија, таман е поврзано со сегашнава моја струка, а и пред да се запишувам на факс се двоумев дали археологија или тоа што студирам сега :)
     
  6. zvezdakoska

    zvezdakoska Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 април 2010
    Пораки:
    777
    Допаѓања:
    56
    И мене ми е влезена "под кожа" археологијата, ископувања и пронаоѓања. Уште од малечка сакам да истражувам, а и нашава земја како и сите претци од Македонија се интересни за ископувања. сите ми се чудат како можам да се занимавам или да ме интересираат некои работи од минатото, ама јас мислам дека треба си го сознаеме минатото за да можеме да гледаме во иднината ;)
     
  7. black-angel

    black-angel Praefectus Vigilum Член на тимот

    Се зачлени на:
    14 декември 2009
    Пораки:
    2.225
    Допаѓања:
    2.621
    Пол:
    Женски
    Јас студирам археологија и не е така лесно како што сите мислат! Има и свои предности и мани ...но сепак преубаво си поминуваме на некои предавања на некои се смееме спиеме,додека на нењкои е строго многу.....многу ке се зафркнев ако не отидов баш археологија премногу ја сакам мојата идна професија ;)
     
  8. sweet-cherry

    sweet-cherry Популарен член

    Се зачлени на:
    28 јануари 2011
    Пораки:
    1.919
    Допаѓања:
    11.961
    Пол:
    Женски
    Aрхеологија, од секогаш ме привлекувала и од мала сакав да студирам Археологија.Сега сум во средно и сеуште ја имам таа желба па би сакала да се запишам :)
     
  9. Sephora

    Sephora Популарен член

    Се зачлени на:
    5 декември 2010
    Пораки:
    2.690
    Допаѓања:
    4.458
    Јас сакам да запишам археологија, па потоа да продолжам со Египтологија.
    Моите и сите околу мене ми велат да одам со посигурен факултет, економија конкретно, сметководство. Но, не ме влече тоа бре. Летово изјавив желба да работам и моите не ми даваа, па после кога ќе тргнев да барам сама работа, на мајка ми косата и се крена и ме пикна како на пракса во Институт, но не е нешто кое сакам цел живот да го работам. :)
    Редовно сум на археоблог и сум многу среќна што има летна археолошка школа во Македонија, а колку би имала можност да се запишам ваму....ќе видиме. :)

    Патем што оценки треба за упис, знае некој? :$