1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Архитект - дали е исплатлива професија?

Дискусија во 'На работното место' започната од simonce97, 12 јуни 2020.

  1. simonce97

    simonce97 Активен член

    Се зачлени на:
    12 јуни 2020
    Пораки:
    35
    Допаѓања:
    48
    Пол:
    Женски
    Здраво,
    Не најдов ваква тема, па затоа ја отворив.
    Завршив архитектонски факултет и работам две ипол години.
    Првите 7 месеци работев во една фирма, неосигурана и за минималец, после се префрлив во оваа каде што работам со малку подобри услови.

    Ептен се изреволтирав минатиот месец кога го добив овластувањето што ме следува со две години искуство и нормално побарав покачување на платата. Моментално земам 20 000 денари и сметам дека вече имам доволно искуство да ми ја покачат, плус и со овластувањето искрено сметав газдата и самиот ќе му текне.
    Ама добив одговор дека тоа е максимумот што во моментот можат да го издвојат за мене и фирмата неможе да поднесе да плаќа повеќе.
    Патем осигурана сум на минималец, до нова година беше 12 000, од јануари сум на 14 500. Другите 6000 денари ми ги дава на рака.
    Размислувам да напуштам од фирмата доколку најдам нешто подобро.

    Дали на форумот има и други архитекти и ако може да споделиме искуства, како вие сте задоволни од односот, платата и сл.
    Јас вече сум навикната на прекувремено останување, нонстоп има потреба да се заврши нешто за наредниот ден па наместо до 4и30, најчесто останувам 5и10, 20.. а се случува и саботи да работиме ако има нешто важно.

    Има многу проекти, и големи суми се заработуваат дури и кога се минусираат парите за данок, фази пак остануваат пари да се даде на вработените солидна плата ама за жал газдите гледаат да има што повече за нив. Имам чувство дека воопшто им е сеедно дали че заминам јас, зошто за две недели одма ќе ми најдат замена. има редици редици архитекти што бараат работа.

    почнав да губам волја за работата и се разочарав.
    да запишувам денес факултет би избрала економист. Полесен факултет, работата им е повторувачка и се учи за 2-3 месеци. а ние нонстоп учиме нови програми, мора да одиме на курсеви за обучување што самите си го плаќаме. Работиме ептен внимателно, мозокот ми чури секојден кога се враќам, што од мисловен процес што од караници на работа.
     
    На Traveler91, Ana-Marija24 и Iva9612 им се допаѓа ова.
  2. simonce97

    simonce97 Активен член

    Се зачлени на:
    12 јуни 2020
    Пораки:
    35
    Допаѓања:
    48
    Пол:
    Женски
    Ги исчитав постовите за архитекти па ќе ги тагнам членките кои претппставувам се архитекти.
    @AngelOfArh @1209
    @Alita
     
  3. lovestoneddd

    lovestoneddd Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 април 2018
    Пораки:
    4.245
    Допаѓања:
    39.587
    Пол:
    Женски
    Јас како за себе така и тебе ќе ти речам. Немој да пушташ корења у средина у која не те ценат колку што е потребно и каде што го омаловажуваат твојот труд преку низок надомест.
    Почни да бараш работа во друга архитектонска фирма и кога ќе најдеш најави им отказ. И пријави ги у инспекција. :)

    Инаку ова за економисти, жалам ама во заблуда си. Прст и плева сме, огромна конкуренција, а исто утепана гранка во поглед на плаќање на трудот, дури и бетер. Знам многу економисти и сметководители за чист минималец што работат.
     
    На темјанушка, Victorian, Mantub и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  4. Iva9612

    Iva9612 Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 февруари 2019
    Пораки:
    406
    Допаѓања:
    528
    Пол:
    Женски
    Не сум архитект ни учам за тоа ама сакам да споделам мислење за економскиот, и јас да ме прашаш да би се запишувала допрва би се запишала економски, полесен факултет, полесна работа добро во ред има многу економисти и работат за ниска плата ама во случајот си завршила архитектонски кој трае 5 години, еден куп учење и нови програми секогаш ќе има и постојано треба да учиш и на крај добиваш 20 000? Трагично е и те сфаќам зошто се чуствуваш потценето...
     
  5. hellocity

    hellocity Популарен член

    Се зачлени на:
    28 август 2017
    Пораки:
    3.076
    Допаѓања:
    6.637
    Пол:
    Женски
    Според мене ако те бива и ако те влече и ти тргне на почетокот оди до крај а ако не те бива не викај ако почнам одам до крај поарно да се откажеш отколку да молеш за 6ки не бутај натам за џабе, оти на крајот нема да ја имаш оваа професија ако ти се 6ки и 7ци, траже труд воља и енергија
     
  6. Star_dust

    Star_dust Популарен член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2019
    Пораки:
    1.144
    Допаѓања:
    9.139
    Пол:
    Женски
    Јас мислам дека не е во факултетот проблемот. Како што кажа некој погоре економисти има многу, никаква работа нема да можеш да најдеш, а вака барем 20 000 ден. во месецот ги земаш. Архитект е убава професија и многу барана само треба да си бараш нова фирма во која ќе си повеќе ценета.
    Верувај кога тогаш трудот што си го вложила за да го завршиш факултетот ќе ти се исплати. Сите работодавци бараат квалитетни и способни работници, ако навистина те бива во работата сигурна сум дека лесно ќе најдеш ново работно место.
     
    На Ahoy, f.girl и Feminka22 им се допаѓа ова.
  7. simonce97

    simonce97 Активен член

    Се зачлени на:
    12 јуни 2020
    Пораки:
    35
    Допаѓања:
    48
    Пол:
    Женски
    @Star_dust @hellocity @Iva9612

    Не е проблемот во волјата и желбата. На факултет бев добра студентка си ја сакам професијата ама не замислував дека вака ќе биде во фирмите.
    Многу тешко се наоѓа работа.
    Ваму каде сега работам влегов со познатства и пак условите се никакви.
    Барам друга работа веќе неколку месеци и секаде на интервју прашуваат колку би очекувала да добијам, кога ќе кажам барем 22-3 000 одма ме одбиваат, завршува разговорот. И тоа познати фирми. Затоа што има архитекти што им се нафаќаат и за 15 000 да работат.
    Премногу сме, а архитектурата не е дејност што секаде треба да ја има пример како економистите. За нив во секоја фирма има пптреба и во фирми, туристички агенции, осигурителни компании, банки, школи...секаде треба економист. А архитекти се потребни само два три во некоја фирма и тоа исклучиво работиме во областа градежништво, немаме голем фронт на избор.
    Знам ќе речете може и дополнително да се работи ама кога си идам дома преморена и мозокот ми е пресварен од напорни денови, ми фали уште дома да работам и ќе колабрирам.

    Веќе размислувам за странство.
    Затоа и побарав мислење од членки кои имаат искуство од архитектурата

    Преубава професија а за жал толку потценета.
     
    На темјанушка, Traveler91, Iva9612 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  8. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.183
    Побарувачката ја прави понудата.
    Кај нас е проблем што повеќе кадри отколку што се потребни се школуваат, и после, заради преплавеност од архитекти (или правници, економисти итн), имаш никакви услови за работа и никакви плати.

    Во нормалниот свет се прави попис и според статистиките од пописот и финансиската моќ на жителите и потребите на истите се дизајнираат универзитетски програми за студирање и примаат по онолку студенти, колку што има потреба на пазарот на трудот.
     
    На tinka-mace, темјанушка, smile:) и 2 други им се допаѓа ова.
  9. Ana-Marija24

    Ana-Marija24 Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 декември 2013
    Пораки:
    225
    Допаѓања:
    201
    Јас лично не сум архитект туку брат ми, и ке ти раскажам за неговото искуство. Прво и најважно ке кажам дека е многу талентиран, со убава естетика, иновативност, знаење на конструктивен склоп, предобар во проектирање и вежт во софтвери и компјутери. Кога заврши факултет, почна да праќа CV. На тоа му одговараа дека е премногу талентиран и добар за нивните фирми??? дали е сигурен дали сака да работи кај нив, сакам да кажам дека со предобро портфолио, луѓето го сфаќаа како прекфалификуван за нивните мали фирми (меѓу кои и тие за мебел) и веројатно мислеа дека многу плата ке треба да го плаќаат.. Прво се вработи кај еден пријател од татко ми, и кај него рабетеше кратко-некој месец. Таму тој го плаќаше колку за еден парфем. Потоа тој си најде работа во едно од подобрите бироа, и платата му беше многу добра околу 30 000 без лиценца, во првите 2 години после завршување факултет. Пота фирмата се распадна, и тој остана без работа, пак аплицираше во други бироа, ама платите што тие ги нудеа беа од 15-20мах. Ова пред околу 4 години, сега стварно незнам како стојат цените. Работа повторно најде преку пријател од татко ми за 15 000ден, потоа 18 000ден. Поработи некој месец ја увиде состојбата тука и се спакува.
    Несакам да звучам песимистички ама тука во нашата државичка стварно не гледам НИКАКОВ ама баш НИКАКО потенцијал и можност за архитекти. НИКАКОВ. Невожможно е да се најде работа и за 15, а не камо ли над 30. СТРАШНО. На никого не би го препорачала тој факултет и професија, иако се совршени, за тука очито се КРАЈНО ДЕВАЛВИРАНИ и ПОТЦЕНЕТИ..
     
    На Justicija, *Amethyst*, Traveler91 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  10. simonce97

    simonce97 Активен член

    Се зачлени на:
    12 јуни 2020
    Пораки:
    35
    Допаѓања:
    48
    Пол:
    Женски
    @Ana-Marija24 знам, скоро сите што ги познавам се вакви случаеви. Колегите од факултет дел најдоа работа, дел на црно, дел пријавени, некои воопшто и не најдоа работа особено тие што не беа од Скопје. И тие нонстоп менуваат работни места од една фирма во друга со надеж дека во другата ќе биде подобро, ама за жал секаде е исто.

    На последните интервјуа ме прашуваа дали знам 3дmax, Corona renderer, Revit а јас ниту една од тие не ги знам зошто од скоро почнаа да ги користат и треба имаш моќен PC за да ги инсталираш, башкам програмите не се едноставни треба да посетувам курсеви кои чинат по 200евра и плус дома да ги вежбам, да допрашувам некој поискусен за финти и сл.
    А плата 18 000....
    Со таа плата не можам ни лаптоп да купам ни курс да посетувам.

    Порано мислев кога ќе го земам овластувањето ќе иде полесно добивањето работа и поголема плата, ама на сите места почнуваат со реченица паа првите месеци платата ќе ти биде 18 000, па после ако се покажеш добро ќе се зголеми. Или во превод покачувањето е после една година и тоа 2000 ден.

    Ме боли кога гледам дека вработени во ДМ земаат 18 000 а ние на толку труд, вложени пари во образование, 5 години непроспиени, работиме за истата сума.
     
    На Ivaaaaaa92, Rebecca_R, Traveler91 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  11. Forca

    Forca Популарен член

    Се зачлени на:
    21 февруари 2016
    Пораки:
    702
    Допаѓања:
    1.943
    Пол:
    Машки
    Мој искрен совет до тебе, заедно со 2-3 колешки на кои им имаш безусловна доверба отворете фирма свое биро, и започнете приватно да си работите за вас лично, а не за некој си таму што ве користи и ви ја потценува професијата, работа за архитекти приватно има премногу во Македонија, доволно е утре по локалните телевизии, радио, билборди да пуштите реклама, па преку луѓе по селата низ Македонија, еден куп има луѓе кои работат во странство и градат куќи по родните краеви, по десетина проекти за куќи ќе имате месечно по селата од внатрешноста, и сигурен сум дека и вашите работодавци на овој начин заработуваат, реткост е да се врзеш со голема градежна фирма, но пак затоа парите се кај физичките лица, обичните граѓани, за една солидна цена ќе имате полни раце работа, да на почеток тешкo ќе биде додека стекнете име, и со наплата може ќе ви биде потешко, но ќе соработувате со адвокат за да ви ја обезбеди сигурноста во наплата, и со економист (сметководител) за финансискиот дел, и ќе успеете.
    Само бидете храбри, среќата ги прати храбрите. :)
     
    На *Amethyst*, Rebecca_R, Traveler91 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  12. 1209

    1209 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2010
    Пораки:
    5.818
    Допаѓања:
    38.322
    Пол:
    Женски
    Јас не сум архитект, свекрва ми е, таа работи во собрание на урбанизам, баш ми кажуваше дека примаат сега нови во општините, млади, пробај некако така.Таа е во комисија за вработување и не е партиски како што сите мислиме.
    Јас сум дизајнер на ентериер и инженер за мебел, јас не работам тука, работев онлајн, ама сите колеги кои работат зимаат над 20000 и тоа со мах, корона и слично. Не можеш да очекуваш висока плата ако не знаеш некоја програма од овие реално, светот се менува, секој ден има нови програми и луѓето бараат се пореални решенија па така нормално и дека ќе бараат фирмите архитекти со вакви квалитети. Јас искрено се нервирам архитектите што работат како дизајнери на мебел, оти сериозно не е лесно да се дизајнира мебел како што се мисли, јас имам цел факултет за тоа, а тие со два предмети на факс за ентериери се вработуваат и се претствуваат како дизајнери, затоа и баталив да барам работа тука.
    Исто е како јас да пробам да дизајнирам куќа што е работа на архитект оти сум учела еден предмет на факс, не оди.
    Во Англија каде што бев на ниту еден оглас за мебел и ентериери не бараа архитект, туку конкретно да си со школа дизајнер.
    Јас пробав да најдам во странство и без искуство од таму верувај многу е тешко, мора да одиш на неплатена пракса прво за да стекнеш искуство со нивни стандарди и обавезно да знаеш програми. Другарка моја си најде работа како архитект во Лондон ама додека одеше на гости со туристичка виза, кај пријател на роднините одеше на неплатен пракса скоро година, па после најде работа, значи повеќе среќа.
    Јас знам AutoCad, сега планирам да учам Мах со vray, corona i vectorworks и да продолжам да работам онлајн и ако се вратам во Англија да барам пракса.

    Значи најпрво би ти препорачала ако можеш во странство да одиш да работиш било што таму, да заштедиш за јак лаптоп, за курс и потоа да бараш, јас така направив.
    За тука најпаметно нешто свое ама ќе ти треба лиценца и секако програми. Друго онлајн да пробаш ако ти оди јазик, малку е мака ама повеќе се исплатува од да рмбаш за друг. А и мораш да вложиш во себе, чим си сега вработена можеш кредит да земеш, за појак лаптоп и за курс, една по една работа да си завршуваш, без јака програма ништо не правиш барем јас тоа го увидов.
     
    Последна измена: 14 јуни 2020
    На Ivaaaaaa92, *Amethyst*, Rebecca_R и 3 други им се допаѓа ова.
  13. simonce97

    simonce97 Активен член

    Се зачлени на:
    12 јуни 2020
    Пораки:
    35
    Допаѓања:
    48
    Пол:
    Женски
    Тоа со дизајнирањето на ентериери и мебел и мене ме фрустрираше на почетокот, ососбено во првата фирма што работев, пола од проектите беа ентериери а немавме ниеден дизајнер на мебел, па ние се трудевме.
    Мене ми беше тешко на почетокот што не знаев ништо за материјалите, цени, фирми, начинот на кој се претставува мебелот на цртеж за изработка, па гледав од стари проекти и ја преземав тактиката, а колку е точна не знам.
    Секако клиентите ги интересираше само рендерите и димензии што како, ама ситните работи што не се гледаат на слика се тоа што го прави проектот.

    Значи сепак ќе мора да се учат и тие програми.
     
    На Ivaaaaaa92, Traveler91, Orthophill и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  14. Rebecca_R

    Rebecca_R Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 октомври 2016
    Пораки:
    3.083
    Допаѓања:
    55.708
    Пол:
    Женски
    Безобразно е да те осигураат на минималец, а да те плаќаат 20 000, кога они за еден стан земаат најмалку 500 евра. Цена за проектирање на метар квадратен е од 10 до 20 евра, станови под 50-55 квадрати нема.
    За жал, во државава газдите ги плаќаат вработените што е можно помалку, колку да го преживеат месецот.

    @simonce97 немам свое лично искуство, ама и да отидеш на страна, тешко дека веднаш ке те вработат по струка. Прво и таму ке работиш за минималец, а во исто време ке учиш јазик и ке одиш на курс, па неплатена пракса, па дури тогаш работа од соништата. Оние што се снаоѓаат од прва или има некој да ги гурне или се ептен, ептен квалитетен кадар.
     
    На *Amethyst*, simonce97 и 1209 им се допаѓа ова.
  15. simonce97

    simonce97 Активен член

    Се зачлени на:
    12 јуни 2020
    Пораки:
    35
    Допаѓања:
    48
    Пол:
    Женски
    Ех да можев да вратам време ќе си запишев друг факултет.
    5 години тешки студии, за те третираат како продавач во Тинекс.
    Тие барем се осигурани на цела плата, колку е толку е.
    Срам ми беше кога работници на лента земаат поголема плата, а јас демек архитект, убава професија бев третирана и платена многу полошо.
    Општо мислам дека луѓето што немаат архитект во познатство, мислат дека е прејака професија, како многу се заработува, дека е мед и млеко. Дури и во турските серии, секој втор глуми или архитект или дизајнер на облека.

    Разочарана до дно сум. Знам дека и во странство не е признаена дипломата, треба да се дополагаат предмети. Роднина на колешка замина во Германија, а таму работи како практикант за ептен минимална плата 800/900евра. Дури ги научи нивните програми, јазик, и предмети дополагаше, вели дека е ептен тешко. Среќа ја издржува маж и, па може да си дозволи неколку години да работи џабе, со надеж за подобро утре.
     
    На Traveler91, ImePrezime и Rebecca_R им се допаѓа ова.