1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Архитектoнски фaкултет

Дискусија во 'Образование' започната од lile.lile97, 26 мај 2016.

  1. Butterflylove

    Butterflylove Активен член

    Се зачлени на:
    25 јануари 2020
    Пораки:
    4
    Допаѓања:
    2
    Пол:
    Женски
    Вака. Јас се мислам за на факултетот за архитектура само не знам кој смер да изберам. Доколку има некои идни колеги од истиов кје може ли накратко да ми ги појасните институтиве
    -Институт за архитектонско проектирање;
    - Институт за урбанизам;
    - Институт за високоградба;
    - Институт за заштита на градителското наследство и историја на архитектурата;
    - Институт за графички комуникации.

    Со кој институт би можела да правам скици за згради и куќи на пример?
    Мене ништо не ми е јасно:D. И доколку може, искуства од факултетовв:inlove:
     
  2. MarigoldA

    MarigoldA Популарен член

    Се зачлени на:
    31 јули 2018
    Пораки:
    1.233
    Допаѓања:
    9.984
    Пол:
    Женски
    Не сум на архитектура, ама колку што знам има само една студиска програма, 5 годишни студии прв и втор циклус. Предмети имаш од сите институти.
    Тоа што си го нашла за институтите значи интерно организациски како си е факултетот поделен, не дека можеш да избереш од еден институт да ги слушаш предметите од друг не.

    Диплома добиваш со звање дипломиран инженер архитект, и да, можеш да работиш на проектирање на објекти.
     
  3. Mantub

    Mantub Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 ноември 2017
    Пораки:
    10.800
    Допаѓања:
    97.073
    Пол:
    Женски
    Е како не. Овие се смерови. Ко на филозовски факултет што има институт за психологија, институт за историја така и овде. Не дека слушаш предмети од сите институти. Мислам, може некои се поклопуваат. Ама немаш со сите исто звање на крај.
     
  4. MarigoldA

    MarigoldA Популарен член

    Се зачлени на:
    31 јули 2018
    Пораки:
    1.233
    Допаѓања:
    9.984
    Пол:
    Женски
    Не се смерови, знам дека повеќето факултети така функционираат, ама овде не се.
    На пример, на иста студиска програма се слуша и предмет Принципи на статика (од институт за високоградба) и Нацртна геометрија (од институт за графички комуникации), додека на пример немаат институт за математика, па за предметот математика од катедрата за математика при градежен факултет им предаваше професор, бар во мое време така беше.

    А за други звања за некој со диплома од архитектонски не сум чула освен инженер архитект.
    Имам колега, ај баш в понеделник ќе го прашам подетално околу факултетов.
     
    На Mantub му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Mishela

    Mishela Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    18.549
    Допаѓања:
    80.602
    Пол:
    Женски
    Не се смерови, не постојат смерови на АФС УКИМ.
    Интегрирани петгодишни студии се и се слушаат предмети од набројаните катедри. Од сите по ред, задолжителни предмети се.
    И не, не постојат повеќе звања, туку кај сите во дипломите пишува магистер инженер архитект, а не м-р. инж. арх. по високоградба и така натаму.
    Не ни има логика да биде така затоа што едноставно нема поента. Секако можеш потоа да работиш и високоградба и урбанизам и сè по ред.
     
    На crimson му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Dream-Girl

    Dream-Girl ☀️

    Се зачлени на:
    24 јуни 2013
    Пораки:
    20.123
    Допаѓања:
    195.281
    Пол:
    Женски
    Ко што знам после 3та ќе се насочиш кој смер сакаш. Имало 2 или така некако.

    3+2 е програмата, еве сега ја прашав другарка ми.
    После 3та се мастер студиите, тогаш бираш шо ќе се насочиш. Можело после 3та да прекинеш со студии, но 5г ти е подобар избор у секој случај.

    Најдобра другарка тука ми студира, првите години секако исто учите сите.
    Називот е ист, програмата е таа шо е, мало факултетче со 120 студенти во една генерација.
    Многу ми се допаѓа како се организирани и другаркава е многу задоволна. Мислам дека еден од подобро организираните факултети на УКИМ е. Можеби бидејќи не се многу студенти, којзнае, па е полесно да организираат.
    Ако имаш талент и си креативна, плус ако знаеш математика (имало многу пресметки и такви работи), мислам дека супер избор ти е факултетот. :)
    Ако нешто сакаш конкретно да ја прашам, слободно пиши ми, сега е прва година она, но веќе колку толку знае како е. :)
    Со среќа, убав избор си направила. :)
     
  7. Mishela

    Mishela Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    18.549
    Допаѓања:
    80.602
    Пол:
    Женски
    Пак ќе повторам, нема насочување ни после трета година луѓе, не постојат смерови воопшто на факултетов.
    Сите пет години сите учат исто, освен изборните предмети кои сам си ги бираш и немаат врска со институтиве што се наведени.

    Институтите си се во склоп на АФС, така си функционира факултетов со години и тие немаат врска со различни смерови туку едноставно си се катедри при кои се слушаат одредени предмети (од кои најголемиот дел се задолжителни, сите студенти слушаат и урбанизам и историја и уметност на архитектура).
    На крај од студиите, во дипломите сите имаат исто звање - Магистер инженер архитект.

    Смерови има на приватните универзитети што нудат архитектура во програмите, на АФС УКИМ не.
     
  8. Dream-Girl

    Dream-Girl ☀️

    Се зачлени на:
    24 јуни 2013
    Пораки:
    20.123
    Допаѓања:
    195.281
    Пол:
    Женски
    Точно, ете поубаво си објаснила.
    Сепак, имало разлика у предмети и слично иако генерално тоа е тоа.

    Еве и скрин од студиската програма.

    Screenshot_20200125-201212_Office.jpg

    @Butterflylove во секој случај, откако ќе се запишеш, таму самата се ќе дознаеш како е шо е. И другаркава беше "изгубена", па со тек на време ќе ги собереш сите информации.
     
    На randomweeb му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Mishela

    Mishela Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    18.549
    Допаѓања:
    80.602
    Пол:
    Женски
    Па има многу мала разлика во предмети како што веќе кажав, ама муабетот ми беше дека тоа не се различни смерови.

    Единствена разлика се изборните предмети и само тоа. Тука спаѓаат и дел од студијата од исечокот од програмата што си го ставила. Во втор циклус секако и Студио веќе станува изборен предмет, откако основата е помината во прв циклус на студии каде сите слушаат исто, но пак има други предмети преку кои се регулираат сите катедри меѓу себе.

    Има цела филозофија околу Студио-поделбата на студентите меѓу различни катедри, но генерално, како и да се поделат студентите, секогаш сите ќе слушаат исти предмети и ќе покријат проекти од сите катедри.
    На пример, во трета година да речеме зимски семестар, пола генерација ќе работи Студио поврзано со проектирање станбени згради, а другата половина ќе работи на проектирање школо. Тие што имаат Студио на катедрата за јавни згради (тие што работат на проект школо), истиот семестар ќе работат станбена зграда по предметот Архитектонско проектирање и обратно. И така всушност се порамнува тоа „различни предмети“, за секој да ислуша тип на објект што не му се паднал да го работи на Студио.

    Истото важи и во втор циклус. Тука веќе студентот сам си бира кое Студио му се свиѓа за да работи проект, па ако си одбереш Студио на катедрата за индустриски згради, ќе си работиш на проект за некоја фабрика, но на Архитектонско проектирање 6 и 7 си ги работиш објектите од станбени и јавни згради и така се покрива целата материја. Значи и нема различни предмети баш.

    Смерови немало и нема да има затоа што не ни има потреба. Програмата си е склопена да покрива баш сè што му треба на студентот за да го воведе во материјата и во логиката на урбанистичко планирање и конструкции и за планирање станбени, јавни, индустриски објекти итн.
     
    Последна измена: 25 јануари 2020
    На cresa-jagoda му/ѝ се допаѓа ова.
  10. Butterflylove

    Butterflylove Активен член

    Се зачлени на:
    25 јануари 2020
    Пораки:
    4
    Допаѓања:
    2
    Пол:
    Женски
    Ви благодарам на сите многу! Навистина убаво ми разјаснивте:l:
     
  11. Kimberly11

    Kimberly11 Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 септември 2015
    Пораки:
    6.670
    Допаѓања:
    25.216
    Пол:
    Женски
    Ми треба професор по перспектива ве молам пишете ми ако знаете некој
     
  12. simonce97

    simonce97 Активен член

    Се зачлени на:
    12 јуни 2020
    Пораки:
    35
    Допаѓања:
    48
    Пол:
    Женски
    Како што објаснила колешката Мишела погоре.
    Сите студенти на архитектура слушаат иста програма.
    Нема посебни правци, само еден смер е.
    Значи сите 5 години, сите студенти се заедно и ја поминуваат истата програма.
    Може малце комплицирано звучи објаснувањето со студијата за некој што не студира тоа, ама сепак сума сумарум - сите излегуваме од таму со исто знаење за проектирање и со иста титула.
     
  13. Дениција

    Дениција Нов член

    Се зачлени на:
    5 август 2020
    Пораки:
    2
    Допаѓања:
    0
    Пол:
    Женски
    Здраво би сакала ако може некој што има студирано на архитектонски во Скопје да ми го каже профилот на Iknow системот да се уклучам и да симнам некоја литература. Јас завршив во Штип на Гоце Делчев тоа е далеку од архитектура и сега гледам колку многу ми фали oд програмата. Би ве замолила ако има некој да ми помогне да симнам нешто литература што ми треба. Поздрав :)
     
  14. Дениција

    Дениција Нов член

    Се зачлени на:
    5 август 2020
    Пораки:
    2
    Допаѓања:
    0
    Пол:
    Женски
    Дали ќе можеш да ми го дадеш профилот на Iknow системот ти се молам ми требаат некои материјали да симнам, мислам дека таму имате книги и учебници ако не грешам јас спремам еден прокт па ми фали малце литература од тоа што сум подзаборавила. Ќе ми значи многу ако ми помогнеш
     
  15. Besmrten

    Besmrten Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 јули 2019
    Пораки:
    269
    Допаѓања:
    616
    Пол:
    Машки
    Немаме никаква литература на профилот од iknow, единствено ако најдеш нешто на страната на АФС, но и таму тешко, има инфо за библиотеката и ако побараш одрдено дело само ќе ти покаже дека го има во библиотеката, но да го најдеш во дигитална форма не. Не сме толку свремени.
     
    На simonce97 му/ѝ се допаѓа ова.
  16. Garf1eldMo

    Garf1eldMo Активен член

    Се зачлени на:
    18 септември 2020
    Пораки:
    1
    Допаѓања:
    0
    Пол:
    Женски
    Дали се добива диплома на архитектонски факултет во Скопје со три годишни студии?
    Ме буни тоа што пишува дека има само една студиска програма од 5 интегрирани години.
     
  17. GirlRose

    GirlRose Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 јануари 2014
    Пораки:
    5.029
    Допаѓања:
    26.540
    Не. Со 5 е
     
  18. cresa-jagoda

    cresa-jagoda Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јуни 2012
    Пораки:
    8.263
    Допаѓања:
    34.534
    Пол:
    Женски
    На Градежен факултет се добива диплома со три годишни студии. А на Архитектонски факултет се студира пет години за да се добие диплома колку што знам.
     
  19. Anna50

    Anna50 Нов член

    Се зачлени на:
    21 август 2021
    Пораки:
    1
    Допаѓања:
    1
    Пол:
    Женски
    Здраво дечкиии, сакам да ве прашам дали има некој што бил на подготвителната за приемниот испит по Архитектура за 2021/2022година? Бидејќи потребни ми се консулатции Однапред ви благодарам. :l:
     
    На Ivka~ му/ѝ се допаѓа ова.
  20. randomweeb

    randomweeb Нов член

    Се зачлени на:
    25 септември 2021
    Пораки:
    5
    Допаѓања:
    8
    Пол:
    Женски
    Здраво дечки! Оваа година сум матурантка па како и секоја друга ученичка, почнав да размислувам за погодни факултети. Ме интересираше, како е факултетот за архитектура т.е архитектонскиот факултет?
    Кои предмети се потребни за полагање за на државната матура?
    Дали вреди т.е дали има работа после студирањето?
    Ви благодарам однапред, позз :)