Прво ова што ти го зборуваш нема рска со темата, бидејки а сексуалност е кога човек ема никакв желба за секс ниту со партнер, ниту дозивување сексуално задоволство преку мастурбација. А, зошто мислиш дека другаркати би зборувала отворено за сексот? Некои луге едноставно тие интимни моментиси ги чуваат само за себе. Да се вратам на темава, навистиа незнам како може некој да нема жечба за секс, мене тоа ми е незамисливо, бидејки за мене добар оргазам е повеке значаен од било што на светот. Кога сите тие асексуални типови би доживеале само еднаш квалитетен оргазам дефинитивно тоа а и го избишале за секгаш.
Па каква врска има тоа што не разговарала за секс со тебе со нејзината сексуалност? Таа ти рекла тебе отворено дека е асексуална, дека не осеќа никаква потреба или во крајна линија дека сексот и е одбивен? Од ова што го пишуваш никако не можам да дојдам до заклучок дека таа личност има таков проблем. Можеби едноставно не сака да разговара за нејзините лични работи, или е нешто трето во прашање, не мора одма етикети да се лепат. Под асексуалност подразбирам намалена потреба која полека преминува во непостоечка. Зашто ако одиме по логиката по која тргнала темава, се до пред 20-30 години сите биле асексуални.
Нека пробаат па ќе видиме дали ќе останат асексуалци. Оваа појава најчесто според мене се појавува од некој си комплекс или страв а како што реков се додека не пробаат .. тврдат дека се аксекуалци .. не се свесни што пропуштаат
Ова напишаново овде му доаѓа како некој да каже дека не разбира како бремена жена може да има мачнини.
Па што не кажете бре, јас се чудам зашто немам нагони. Јас сум била предводник на ориентацијава. Сериозно, мене ми е океј да има вакви луѓе бидејќи и лично познавам. Нема никаков нагон но има со дечкото бидејќи знае, дека е време, дека го сака, и дека и он ја сака. Но она нема нагон Нешто слично е кај мене, само што јас сум девица, па може затоа преовладува тоа чувство . Инаку за подргрупата д*каџии сметам дека повеќе спаѓа во психологија, бидејќи можеби неможат да се опуштат пред партнерот, или партнерот не го привлекува на сексуален начин. Или имаат траума па се опседнале со тоа Што ќе биде? Како ќе биде ? и затоа рачно работат. Сепак, незнам зашто мислам дека повеќе ги подржувам оние кои воопшто немаат нагон. Како што може да ги оправдуваме гејовите, лезбејките, може и нив. Три пати ура за нон-сексуалките * како што милувам јас да кажам
убаво си кажува, не сакаат да бидат дел од таквата култура . A да си имаат проблеми со психа, со хормони, и што и да било друго-Cи постои доктор/психолог/психијатар,ако се сака, може се да се среди, кога нешто не е нормално-HE е и да, би било многу себично од нивна страна, доколку сакаат врска со некој поразличен од нив,а не се трудат да си го решат проблемот, јас лично, не би била со некој Aсексуален
А што има лошо ако човек не сака да биде дел од либерализирано или сексуализирано општество ? ПА не треба да си асексуалец за да ги одбиеш, некој може си сака олд стајл...рушењето на табуата не значи дека се од секого прифатени. А за тоа дека си има доктор и дека ако се сака се може да се среди , јас би рекла скраја да е и недај боже човек да осети на своја кожа. Да не навлегувам во други теми но ниту од хомо се станува стрејт колку и да дремеш кај лекарот, ниту тука можеби да се сака не е доволно. И стварно детски се размислувањата дека они не знаат што пропуштаат Поголемиот дел од нив виделе, пробале и знаат ...ама не се чуствуваат дека пропуштаат нешто. Не ги доживуваат работите на ист начин како останатите.
Jас хомосексуалноста никогаш не сум ја ни гледала како болест . Hемам никакви проблеми нит предрасуди спрема нив. и да, недај боже да дојде на моја глава, ама ќе се трудам да го средам тоа, ќе одам по психолози, доктори итн. Cпоред мене оваа појава си влече други, подлабоки проблеми, а не само од никаде- Aсексуалец сум
Па искрено не ми е нормално тоа,мислам не е нормално зашто така размислуваат,половите органи не се само човекот да врши нужда,туку се дадени и за уште една намена,да се створи живот,како иначе би постоел човечкиот род.Но се кладам дека колку што има асексуалци дупло од нив има нимфомани,така да планетата е безбедна.
Шелдон од Биг Бенг Тиори е асексуален. Првенствено, тие неколку примери што сте ги посочиле за мене не се асексуалци. Еве другарката на Грл.23 била претходно во брак, и си има детенце, значи искусила љубов, доживеала. Тоа што сега не сака да има никаков сексуален однос со друг човек, потекнува од психолошка природа, од нејзината траума. Некогаш во животот сакала и имала секс, нема врска со асексуалност. Не знам искрено како настанува оваа појава, дали се работи за хормонски дисбаланс (на тоа алудирам најмногу, зашто сметам дека ако проблемот е од друга природа - психолошка траума или медикаменти, може да се поправи некако). Ама овие дефинитивно не можат, дури навредливо е да го употребуваме зборот "поправат". Нема што да се поправа, такви се родени, едноставно - не ги привлекува никој, немаат никакви сексуални желби, ниту побуди, нити мастурбираат. Тоа е тоа. Нема да се променат ако ја сретнат "вистинската личност". Такво нешто не постои во асексуалноста. Некаде прочитав дека многумина мислат дека асексуалците всушност станале такви, затоа што биле сексуално злоставувани. Сепак, не е пронајдена 100% причината која предизвикува асексуалност. Што би рекле старите - пу пу скраја да е. Јас сфаќам и не осудувам, мислам како можеш да осудуваш состојба со која човекот се раѓа? Не ја создал, не ја предизвикал, таков се родил. Сепак за мене лично не е здраво. Тажен е моментот кога не можеш да искусиш љубов и сексуална привлечност, кој сака нека рече.
Ама ете некои асексуалци може да имаат многу мал сексуален нагон, а други имаат нормални сексуални потреби, но едноставно не ги привлекуваат други луѓе.- А ова? А јас да ви кажам, ако некој па и мисли дека јас ова го немам осетено на своја кожа, не од моја страна туку од спротивната . Пред година дена, дечко ми започна сопствен бизнис, и беше под ненормален стрес, пропратен со пореметување на одреден хормон. За наша ОГРОМНА среќа тоа траеше еден сосема мал период, додека не си ги засука ракавите, и не си го фати патот на психолог. И, му препорача терапија, апчиња, готово веќе не ги ни пие, Тотално желбата за секс му е 100% Затоа јас реков- СИ ПОСТОИ ДОКТОР. Мене дечко ми во ниту еден момент не ми кажа- Тоа е Лудо, јас таков постанав, готово, не ми се крева, Мора да се навикнеме на тоа, Ако ме сакаш- ќе бидеш и со мене таков каков што сум. За се си има ЛЕК! А тие Така што се родени- Тоа веќе е нешто сосема друго, ама ако се добие ова од Нус појави, како стрес хормон, страв, силување итн итн, тоа може да се среди
Значи, ако некој со години бил хетеро, ама сега открил дека сака да е хомо и е само хомосексуалец, тогаш тој не е хомосексуалец? Што е битно кога започнала појавата, дали е вродена или отпосле стекната поради разни причини, најбитно е дека постои.
Првенствено, наша основна задача е репродукција. Овие луѓе можат да се репродуцираат, можат да го обават тоа ако сакаат деца,можат да почувствуваат љубов,имаат љубов, така што... Асексуалност како таква не се создава, со неа се раѓаат,толку. Јас познавам и пансексуални личности кои добиваат етикета, нимфоманки,женкари и не знам што...ете има такви,за нашето опшество тоа не е нормално и крај. Не дека ги разбирам,ама ги прифаќам,што да им правиш?! Иако убедена сум дека секој од нас може да сака повеќе личности истовремено,ама тоа е веќе друга тема. Слободоумни сме за хомосексуалци и такви кои буквално ја силуваат јавноста со своите сексуални желби во секој момент од денот,сасвим ок е онака... Има некои кои целиот живот живеат под притисокот на останатите и нормата на нормалното,можеби и имаат односи,но не го чувствуваат задоволството,ниту пак доживуваат оргазам како останатите... Не верувам овие луѓе,како и хомосексуалците дека избрале свесно да се такви. Некои се од хормонски причини,некои се заради трауми во рано детство,некои не се ни сеќаваат на истото. Секое мало бебе мастурбира,тоа е јасно,кај овие луѓе,таа фригидност (како што ја нарекуваат сите), се јавува веќе после 7мата година. Не е нормално,да. Убавината на животот е во неговата комплетност,ама на крајот,кој од нас има комлетен живот по кој тежнееме?! Речиси никој. Убаво е да имаш партнер со кој емотивно и духовно си врзан,каде сексот не бил приоритет (да,така е,колку и да дубиме на трепавици, ама кога те води прво нагонот за секс,па потоа се друго,читаме теми на фемина како кретенот ме искористи,ме извара,ме тепа,ме малтретира, не е добар со мене. Многу пати не сме свесни дека го имаме ова,со што го потценуваме,нагласувајќи ја важноста на сексот,зошто не сме го почувствувале отсуството на првото),но потоа и тој бил прекрасен и настанала убава хармонија и синергичност. Сексот ги врзува партнерите и уште повеќе ја потхранува љубовта и поврзаноста. Некогаш да чувствувале сексуален нагон,па да го изгубиле,навистина за нив би било проблем. Но, доколку никогаш не го чувствувале,како за нив тоа ќе биде недостаток?! Но сепак е проблем, бидејќи сепак се способни да бидат романтични,да сакаат и да имаат потреба да бидат сакани, единствено е прифатливо само ако си најдат партнер ист како нив. Прегруби сте со зборовиве. Искрено. И забележувам дека се некои теми кои опфаќаат секс и сексуалност луѓето реагираат бурно,со осуди,а катадневно се соочувате со Аемоционални луѓе и Аемпатични луѓе (терминиве не постојат,ама да бидам пластична),па пасивно молчите со наведнати глави кога ве повредуваат. Кога последен пат сте заржале квалитетно на човек кој констатно ве повредува или повредува други?! Кога сте покажале со прст јасно и гласно на такви?! Никогаш,зошто се плашите почесто и полесно е да пооговарате,да се пожалите и пак да ви биде ок или да тињате тивко во бес.Пасивно агресивно го решавате проблемот. Овие луѓе важат за потопли и помалку агресивни,помирни,па не знам како вие ги сметате за умоболни?! И да,слабиот сексуален нагон е асексуалност. Секако ако е константен,ете може да се случи како дечкото на Лудото, моментално,но е минливо. Искрено,знам дека постои,ете постои,ама онака си се запрашувам,како е тоа слабо?! Или го имаш или го немаш. Па ми оди во глава или не ти е погоден партнерот или присуствуваат само романтични мисли за сексуален чин до кој пак кога ќе дојде е ... повуци-потегни...ги возбудува само идејата. Навистина е тажно да ти отсуствува оваа суштински важна алка во животот,навистина. Ама јас така мислам,вие така мислите...тие живеат нормално,за нив нема ништо тажно... И ете колку пак сме бедни ние луѓето,ама сепак ќе си речам,леле не сакам мене тоа да ми се случува...
И што кажа пак сега.. Од каде знаеш таа девојка/жена дали и каква потреба има за секс? Од она што го кажа, во случајот таа само немала личност со која сака да го сподели тоа. Испомеша. Асексуалноста е немање потреба за секс, сексуална рамнодушност, некогаш и одбивност. Ти ако апстинираш одреден период од односи стануваш асексуалка?
Потполно се согласувам со овој дел, многу убаво го напиша. Баш така ! Јасна бев. Не ќе повторувам по два пати, само затоа што ти не се сложуваш со мене, бидејќи ти реплицирав. Се надевам дека некој друг веќе ме разбра што сакав да кажам. А, дали се работи за краткотрајна асексуалност, животна, или не знам ти каква, нека се јави стручно лице па да ни каже какви видови има и поради кои причини. Ние овде само си даваме наши мислења.
Можеби си јасна ама работата е да не си во заблуда. Еве ти и тета Вики истото го кажала, да не речеш јас лажам Asexuality (sometimes referred to as nonsexuality), in its broadest sense, is the lack of sexual attraction to others or the lack of interest in sex.[6][7] It may also be considered a lack of a sexual orientation.[8] One commonly cited study published in 2004 placed the prevalence of asexuality at 1%.[8][9] Asexuality is distinct from abstention from sexual activity and from celibacy, which are behavioral and generally motivated by factors such as an individual's personal or religious beliefs;[10] sexual orientation, unlike sexual behavior, is believed to be "enduring".[11] Some asexual people do engage in sexual activity despite lacking a desire for sex or sexual attraction, due to a variety of reasons, such as a desire to please romantic partners or a desire to have children.[6] Only recently has asexuality started to become accepted as a sexual orientation and a field of scientific research,[4][6][12][13] and a growing body of research from both sociological and psychological perspectives has begun to coalesce.[6] While some researchers assert that asexuality is a sexual orientation, others disagree,[12] and various asexual communities have started to form since the advent of the Internet and social media. The most prolific and well-known of these communities has been the Asexual Visibility and Education Network (AVEN), which was founded in 2001. Без препукувања сега, ама треба малку поаргументирани реплики, не само 'јас не сум стручњак, јас мислам вака ти поинаку, секој си има право на свое мислење ова она'.. Да, секој има право на свој став, но одредени работи се веќе докажани и повеќе од очигледни и нема тука простор за различни мислења.
Мислам дека никој од нас не знае точно дали девојката решила да апстинира или како во многу случаеви под влијание на многу околности се појавила или доразвила асексуалноста. Не можеме да тврдиме за некој кој очигледно не чуствува потреба за секс веќе долго дека е апстиненција а не асексуалност. А муабетот мислам дека секако беше за тоа дека еднаш кога веќе ќе се појави асексуалноста не е важно кога настанала. Никој не го негира чичко гугле, само не ја гледам поврзаноста со предходната дискусија и конкретниот случај.
Затоа што никој не знае дали личноста решила да апстинира или асексуалност е во прашање, како прво не требаше ни да се спомнува на темата. А дали се погодила баш од тој мал процент во светски рамки, и таа да биде асексуална личност нема да навлегувам. И во минатото честопати (не секогаш) и влегувањето во втор брак се сметало за табу тема, за секс вон брак исто така јасно е, па не знам по оваа логика дали и општествата некогаш треба да се сметаат за асексуални. А на пример и јас не ја гледам поврзаноста на она што го напишав претходно, дека горенаведените примери не ги сметам за асексуалци, со репликата за откривањето на сопствената ориентација кај хомосексуалците, но добро.
Нели сите се раѓаме со нагон за секс, а кој е моментот кога тој се губи, причините треба да се бараат, дали е на психолошка база, хормонски некаков дисбаланс или нешто трето, јас лично не мислам дека е појава за која нема лек барем кај повеќето типови на асексуалност, само дека личностите можеби се чувствуваат удобно со својата асексуална природа, кај некои тоа е личен избор или не сакаат да побараат помош...