Многу поими сте измешале, тотална каша попара сте ја направиле темава. Асексуалност првенствено се однесува на недостаток од сексуална привлечност кон било кој пол. Значи, имаме 4 другарчиња кои си прават муабет за симпатиите. Ангел вели дека му се допаѓа Ангела, Мартин вели дека му се допаѓа Ангел, Мартина вели дека и се допаѓаат Ангел и Ангела, а Ангела си ќути. Епа Ангела ви е асексуална. И таа никогаш во животот нема да има секс со некого, нема да има дечко, нема да има девојка, зошто едноставно неа не ја привлекува никој. Таа може да има пријатели и се нормално, ама никој од нив нема да ја привлече сексуално. На неа можеби ќе и полудат хормоните на 13 години, но таа никогаш нема да почувствува потреба да го задоволи нагонот со некој друг, никогаш нема да ја привлече некој друг, никогаш нема да се заљуби во некој, не знам веќе како да ви го доловам појасно. Исто како што можеш да јадеш сам или во друштво, можеш и да се ј***ш сам или во друштво. Сексот е пенетрација и задоволување на нагон, неговата улога во репродукцијата нема место на темава, исто како и општествените норми и наметнувања. Педерите си се дупчат со мажи, лезбејките со жени, хетеро со спротивниот пол, би со двата пола, а асексуалните со никој. Исто како што Мартин се родил педер, и израснал во педер, така и Ангела се родила асексуална и израснала како таква. Нема траума, нема претходно искуство што ја поттикнало на тоа. Единствено ако има некој хормонален дисбаланс како што имаше чинам кај хомосексуалците, тоа би бил одговорот.
Лудо мислам дека случајот со дечко ти воопшто не е асексуализам. Како што и ти кажа, сте имале претходно ама поради стрес, му се намалила желбата. Подоцна се вратил во нормала и желбата пак си дошла. Ова воопшто не треба да се смета како асексуализам, туку како некое привремено губење желба или како и да е со точен медицински назив. Не познавам никој ваков, барем не досега, ама воопшто не би ми пречело и не би го сметала како застранет, или како нешто чудно. Природна појава се е. Само не е добро да се врзуваат за личности, бидејќи тие после ке патат. Значи, се додека никој не повредуваат океј се.
Еј јас можно е да сум ваква....Не е можно туку сум. Најотворено признавам дека ако не ми ‘‘рече‘‘ партнерот да имаме односи,никогаш нема да посакам. Никогаш не сум иницирала прва, никогаш не сум се навлажнала на дрти ток ( ) и не можам да мислам на некој што го познавам додека мастурбирам! Понекогаш си мислам зошто постои сексот,освена за правење деца,нормално. Клај истај. Поти се. Па те болело. Па мал му бил. Па да му лижам јас од кај шо моча тој,да ми извините. Ама понекогаш то. Не сум болна. Ко ќе си имам секс си уживам,после првите 6545676543234567876543567 минути.
Не знам зошто е толку тешко да се сфати дека секогаш има некој поразличен од вас? Веројатно затоа што мислите дека светот се врти исклучиво околу сексуалната ориентација или вашиот начин на живот. Гледам некои од вас се ругаат со темава, некои упатуваат на хормонски дисбаланс кој требал да се лечи со третмани, таблети и слично, без никакви претходни сознанија... Јас лично сметам дека секој има право да биде она што е, или да одбере што ќе биде! Па, така како што се некои хомосексуалци, други бисексуалци, и се алудира на истополова еднаквост, не знам зошто асексуалците не би се бореле за истите права, да бидат прифатени од заедницата и гледани со исти очи. Прочитав некаде дека ваквата појава се манифестирала исклучиво од трауматични искуства, или некакви фрустрации кои датираат од раната возраст. - Можеби да а може и не. Не можеме под дифолт за некој асексуалец да кажеме дека е таков каков што е поради оваа причина. Едноставно сите сме различни, и сите имаме различни потреби, желби и амбиции. Па, оттука се поставува и прашањето, дали значи дека ако некој не е скроен според строгите мерки на ,,модерново и квадратно'' општество треба да биде исмејуван и дефиниран како тотален аутсајдер или фрик!? Глупости! Секој има право да си одбере што ќе прави во животот и дали тоа нему ќе му биде примарна цел. Да не правам уште поголема попара, ама нели тука спаѓаат и борбата за опстанок, размножувањето, и желбата за надмоќ? Ама сите овие мора да се далеку по океј карактеристики, за разлика од онаа да се биде асексуалец. Испаѓа како на дел од вас да ви е криво што знаете дека постојат луѓе кои сепак можат да си го замислат животот без имање на сексуален однос. Што не значи дека немаат чувства, емоции, не сакаат да се интегрираат во групи, да се грижат и да ги сакаат пријателите и семејството. Едноставно значи дека не сакаат да имаат партнер со кој ќе делат таков тип на љубов. Како и да е, јас секогаш сум била out of the box. Никогаш не сум си дозволила да станам роб на општеството и таквата квази хиерархија која диктира некакви правила и принципи до кои мора да се придржуваме, (од типот - следење модни трендови, слушање на музиката која ја слушаат сите, одење на факс зошто било модерно (а не нужно), и слични глупости да ме надвладее. Почитувам секакви права дур истите не прават било каква штета на другите. За огромна ваша среќа асексуалците ги нема во некој огромен број за да ви го намалат/истребат човечкиот род. Пошто нели, сите мора да бидеме во врска со некој, да имаме брак, деца итн. инаку ако некому животот не му се одвива по овој тек, автоматски треба да го сместиш аголот на несфатените. (Само заради тоа што ти не можеш да го сфатиш).
^ А за кои права би се бореле асексуалците? Кое право им е скратено на нив? Уствари јас не ја сфаќам поентата на она јавното декларирање. Ај ќе земам сега разглас и ќе викам дека сум асексуалка, нека чуе цел свет. И после ќе си ги барам правата, да бидам прифатена од заедницата каква што сум. А каква сум? Еден обичен човек, ни помалку - ни повеќе. Кажи ми по што ќе разликуваш хомосексуалец, хетеросексуалец и асексуалец на улица? Да ти застанат сега тројца пред тебе и да ти речат кажи ми кој што е, како би познала? И баш ме интересира што права немаат асексуалците? Ај хомосексуалците се борат за истополови бракови, колку и да ни се гледа тоа чудно, неприродно, ок е... Барем се борат за нешто. А за кои права би се пореле асексуалците? За правото да немаат секс? Па не ги тера никој со сила да имаат секс... Не ми е јасно И не ми е јасна потребата да се јавно декларираш како асексуалец. Според мене тоа не е сексуална определба. И не ми е јасно зошто би ми било гајле дали некој има секс и со кого има... Јас за мене си знам, за другите исто ми се фаќа... Не дека ќе ми смени нешто во животот... Изгледа ништо не ми е јасно
Не ме разбра. Не мислев да парадираат со плакати во рака на кои пишува што се. Туку сакав да кажам дека треба да се изјаснат за она што се, со цел да не бидат гледани поинаку од страна на општеството. Иако не е сексуална определба, некои изгледа дека гледаат на тоа така, или како некоја нус појава. Инаку, точно е. Сите сме луѓе, но треба да се бориме за тоа да ги прифатиме меѓусебните разликите. Споредбата со lgbt луѓето беше груба и одвишна, не требаше да ја наведам неа.
Се сте испомешале Никој не бира да биде асексуален тоа едноставно го имаш односно немаш желба ни потреба од секс не го мешајте овој поим со сексуалните определби пошо ова не е определба
Јас пред околу 2-3 години сфатив дека сум асексуалка и од тогаш животов ми е многу поедноставен. Дали дечкото сакал, колку сакал, што сакал, како сакал... немам потреба од тоа. Во светот асексуалноста одамна не е табу, има и официјална организација, и фејсбук групи, и форуми и дејтинг сајтови... Пред некое време запознав дечко од Белорусија кој е асексуален, па летово планираме да се запознаеме, па ќе видиме. Едноставно не чувствуваме сексуална привлечност кон никого. Тоа не значи дека незнаеме да се сакаме, да имаме емоции, да гушкаме, да бакнуваме, да сме верни. Асексуалната врска е најнормална врска минус сексот. Има страст и привлечност, но романтична. Според мене, тоа не е нешто што се стекнува, туку е природно од почеток.
Koja e razlikata megju aseksualnosta I celibatot?Klugerite I kalugerkite ziveat vo celibat,dali toa znaci I deka se aseksualni?
Мислам дека не. Асексуалците се раѓаат без можност, некогаш, да имаат нагон за секс. Едноставно, никогаш. Калуѓерките, по своја желба, стигнуваат во една психосостојба каде не помислуваат на секс. Тоа не значи дека природно се лишени од сексуалниот нагон туку дека тоа го прават со помош на својата глава
И јас одамна имам прочитано за оваа ,,болест,, кога ме интересираше психологијата.Па се може и без секс.
Асексуалец сум и имам девојка. Иако сум асексуалец , не ме привлекуваат луѓе но ме привлекуваат некои други работи. Се палам значи на нешто сосема друго , дали би можел да мислам на тоа и додека имам секс со девојка ми да свршам на тоа...односно да имам секс со мисли , а девојка ми да не познае. Ве молам за совети.
Овие што се потсмеваат и чудат на асексуалци не се ништо подобри од хомофобите да не речам исти начин на неприфаќање на одредена група, не по врат по шија...
Прво - ниту ова сигурно не е нешто ново, а второ - дискутабилно е колку би било логично да се нарече сексуална ориентација поради контрадикторност аналогна на она дека атеизмот е вид религија... но сепак на некој начин е правилно, бидејќи како и другите ориентации исто така не зависи и не е избор на човекот. Треба да се разграничи дека асексуални личности кај кои физички недостига тој нагон ≠ личности во апстиненција поради религиозни причини, кои како „бонус“ на тоа го имаат и своето морализирање, возвишување на чистотата на својот начин на живот и демонизирање на сексот, мастурбацијата и воопшто сите поврзани нагони. Вторите ми се тотално иритантни, а првите не ги осудувам и немам ништо против нив, како што целосно ги прифаќам и луѓето со други ориентации освен хетеросексуалноста - и се согласувам дека исмејувањето на оваа категорија е на исто ниво како хомофобијата и бифобијата.
Мора да ги разберете асексуалците, не е лесно да си асексуалец у Македонија. Државата те онади у здрав мозок, а ти асексуалец
Nema niso loso vo toa samo za sebesi samiot ne e ubavo megjutoa sekoi si e razlicen i barem potrezveno racionalno ke gledas na rabotite nema da moze seksot da vi e dvogatel vo zitot