Ова е многу честа појава на која и јас сум сведочела и има логика пошто сигурна сум дека кога им бил одбивен секс со машки мислеле дека нејќеле секс ама уствари нејќат секс со машки.
А што ако асексуалноста е уствари дефицит на либидо или психичко нарушување на сексуалниот нагон? Кога јас би се чувствувал вака, не би се задоволил само со именување на мојата состојба (асексуалност), туку би отишол на доктор.
Не верувам во асексуалност. Си стојам на ставот дека не е природна појави и дека а сексуалните личности ги мачи нешто од внатре како депресија . Не се исклучува можноста да имаат и здравствен проблем како хормони, тешки болести а да не се свесни за тоа. Пример хомосексуалноста, транссексуалноста се природна појава ама ова
Се' што се појавува во природата е природна појава. Зошто? Ако си ок со тоа како се чувствуваш, апсолутно нема потреба да одиш на доктор.
На пример и силувањето на дете во детството подоцна во животот може доведеде до проблеми во сексуалноста. Тоа дете кога ќе порасне може никогаш нема да сака секс и да чуствува потреба за секс . ( кај некои жртви е обратно , тоа знам) Врти како сакаш тоа е длабока траума кај еден човек (може и да не се сеќава човекот на траумата)
Не е точно. Некои, едноставно така се 'скроени'. Немаат проблеми ни со трауми, ни со хормони. Сексуалноста е многу покомплексна од 'напи се апче'
Може ќе бидам офтопик ама ќе кажам дека голем број од сериските убијци, педофили и насилници имале проблем со потенцијата.Самата импотенција ги нервирала и им создавала нервоза. Кога се доживува оргазам "лошото" од човекот излегува надвор.
Асексуалност и импотенција не е исто. Отсуство на сексуален нагон и неможност да го исполниш тој сексуален нагон не е исто. Иако, вреди да се кажи дека честопати ACE луѓе формираат сексуални врски и секој ACE чоек е различен варирајќи од одбивност кон секс, немање потребс за истиот и ретки сексуални односи со романтичен партнер. На крај на ден, сексуалноста е спектар. Или шо би рекле, ништо ново.
Ама самата асексуалност на долги стази води кон импотенција. Ме интересира на колку години се појавува /зема замав асексуалноста? Повеќе случаи на асексуалност се појавуваат уште во рано детство или кога луѓето се повозрасни?
Ако не осеќаш нагон, дали вистина ти менва? Оти муабетот со сериски убијци, шо не знам како успеа тука да го провниш, е дека имат нагон и ради импотенција имат проблем. Шо не е случај тука. Како и се поврзано со сексуалност се е процес на откривање. Некој имал секс од навика, за размножување, за да задоволи партнер или "оти така треба" пред да сфати дека уствари не му пасова сексуален живот, или нема да сфати и подолго ќе мисли дека нешто не е океј и ќе се измачува. Некој ќе знај порано баш ради ваквата изложеност и ќе си живеј happily ever after, праејќи се останато шо сака, сем секс. Оти то неќи. Шознам. Не е комплицирано. Се надевам ќе има и некој ACE да објасни и искуствено. Се потрудив да најдам стрипчето горе. Информативно.
Ова е поради страв од дискриминација? Да не изгледаат чудаци во очите на другите? Јас мислам дека поради притисок на околината создаваат врски(не зборувам за тие што подоцна сфатиле дека се асексуалци)