2 се, само на Сител кажуваат како да е почната 2 сезона од убиството на Џемал. Инаку се согласувам дека е многу подобра втората( според Сител третата) сезона.
Не е битно колку сезони има и од која епизода почнува втората сезона. Мене некако по смртта на Мелек поинтересени епизодите ми се. Можеби заради Асија која одлично глуми
Има уште многу епизоди додека да се самоубија Мелек https://www.youtube.com/watch?v=VuSovUSx-e4 https://www.youtube.com/watch?v=bS4LZR5GRO0 Спојлер Мелек ќе напиши писмо до Демир каде ќе ги обвини Аси и Али дека се во врска и дека нив ги лажат.Така ќе помисли бидејќи Аси ќе го чека Демир го градината а Али ќе дојди и ќе ја фати за рака.Аси мислејќи дека е тоа Демир и таа ќе го фати за рака и тогаш Мелек ќе ги види. Мелек ке се фрли во реката Аси, а Демир ќе закасни и нема да може да ја спаси.
Спојлер Нема да се скараат.Демир ќе се откажи од изградбата на фабриката, па затоа неговиот партнер Зафер ќе ја киднапира Аси. Потоа се некако ќе се врти околу Мелек и Али, нивната свадба, татко му на Демир. Некако Аси и Демир ќе бидат во втор план.
Спојлер Дефне и Керим ќе се разведат. Кога Демир ќе замини од Антакиа и Керим ќе замини за Истанбул и по 5 години и двајцата ќе се вратат.Тогаш тој ќе сака да се смири со Дефне ,но неа ја сака и Зафер.На крајот повторно ќе се земат и Дефне ќе остани бремена
Спојлер Уште многу има до самоубиството на мелек, еве сега го пукаа али,па после ке и понуди брак на мелек, па демир ке го најде татко му и на свадбата на мелек ке и го претстави и таму неколку дена ке бидат во брак и ке живеат во аси и демир во конакот и таму мелек ке дознае дека али е заљубен во аси и така ке падне во депресија и ке се самоубие има уште околу 15-20 епизоди
Уште ли трае серијата. АМАН! Јас ја имам изглеано цела серија за 2 недели во Јануари ја иагледав. Навистина Сител многу одовлекуват. Сега секоја ден не ја гладам само кога ќе ја фатам да видам до каде се стасани. Сега уште малку ќе ја гледам по интересна е кога Демир ќе се врати по 5 години.
Овие од СИТЕЛ се неверојатни.Од каде излезе сега последни епизоди од сезоната кога оваа сезина е последна. Не се салам само даваат нови серии, менуваат термини на старите. Барем Аси и Бурни времиња да ги даваја од понеделник до петок, па потоа нека пуштат нови серии се разбира ОД РЕДОТ НА НАЈДОБРИТЕ, бидејќи само такви даваат на сител
Мислам дека вака се вика новата серија што ја рекламираат на сител Küçük Hanımefendi ама не сум сигурна. Не се салам не би ме чудело да ја прекинат АСИ за оваа серија
Aма имињава како ги “погаѓаат“ не ми е јасно Наместо “Мојата мајка“ или на турски “Аnnem“ тие ја крстија Солзите на мојата ќерка што нема врска . Целото сиже на серијата е животот на незината мајка, дури и на крајот керката пишува книга која се вика “Мојата мајка“ во која го раскажува целиот незин живот. Оваа “Küçük Hanımefendi “ во превод “Малата дама“ тие ја крстија “Наследството на госпоѓицата“ а се работи за едно обично девојче кое низ борбата со животот станува права дама. Истото го направија и со “Златни рани“ кои се викаа “Хикранови рани“, па “Бурни времиња“ со вистинско име “ Како времето брзо поминува“ ина Канал 5 не се поарни, и таму серијата “ Љубов до небото“ ( Yer gok ask) ја крстија “Сестри“ ама сестрите се разделија во 22 епизода и после тоа името немаше логика со серијата па на пола сезона ја прекинаа во 36 епизода,а серијат заврши пред една недела во Турција во 122 епизода.
Па сите серии се со нови имиња кои ги измислуваат сител. Под сенката на врбите во оргинал се вика под липите, зет домазет се вика странски зет,солзи на есента-минатата пролет. Само да не му текни АСИ да ја прекинат бидејќи само таа ја гледам, и шо прават вака три дена Аси два дена бурни времиња. Немораше да ја даваат оваа хрватскава серија, можеше да ги даваат аси, па бурни времиња, па солзите на мојата ќерка.Ама и тие и канал 5 си прават како сакаат и не ги слушаат гледачите
Ќути, арно викаш,овие на Канал 5 се посебна приказна.Којзнае колку серии ги прекинаа на пола,како Лале, Сестри,Џанан, Опасна убавина........овие барем на Сител ги даваат до крај.А ова што ги исецкаа и прекинаа Бурни времиња и Аси кобајаги крај на сезона,еве сега почнаа нова со оваа Солзите на мојата керка и Наследството на госпоѓицата, а и двете имаат по 50 епизоди. Ако ги даваат летово во замена за овие две, 50 Х 2= 100 ке ги направат а тоа е 5 месеци додека завршат.И најверојатно Аси,а можеби и Бурни времиња ке почнат да ги прикажуваат од октомври па натака, што би се рекло, ке заборавиме што сме гледале.Кој ли им ја уредува програмата не знам.Ако се работи за синхронизацијата па глумците одат на годишен одмор, стварно нема смисла, поарно нека ги даваат оргинал со превод па да си ги гледаме. Ама најверојатно синхронизацијава е за пензионерите, да им биде полесно за гледање и да им го матат умот со сериите да не мислат на сиромаштија.