Аси и Демир ми се совршен пар кога се заедно, едноставно совршена љубовна врска без изневерување на партнерот.
Спојлер Демир нема да може на време да ја најде и она ќе се удави. Инаку овие епизоди што ќе следат сега се многу тажни, се надевам и со синхронизацијава ќе се долови истото.
Барем последнава сезона да не беше синхронизирана. Знаев дека многу лошо ќе звучи Асија на Македонски
Ако некој може да ми каже епизодава што се емитуваше вечерва која е по број по турски ? Нема да издржам до Понеделник На почетокот ја гледав, па после не ја гледав, ама сега пак ме мримами серијава да ја гледам Инаку, Асија е многу слатка
http://www.youtube.com/watch?v=N37MBVJXlto http://www.youtube.com/watch?v=WAQwWHj90c4 http://www.youtube.com/watch?v=oEg3tDgRra4
Спојлер за неколку епизоди,нема да трае долго,можеби 2-3. После демир ке се разболи од леукемија и ке треба донирање на коскена срж и само Асја е соодветен донатор и сите ке одат во истамбул и ке бидат сами тројцата во болница додека не се излечи демир.
Еве овде објаснив се. Спојлер - После 5 години Демир се враќа во Антакија и ја сретнува Асја, ќерката на Аси и Демир... Аси ја крие својата ќерка од Демир и не кажува кој и е татко. Но Аси на Асја и го дава златникот кој го најде во сапунот како ланче и и вели дека тоа нејзи и го дал татко и на Асја... Потоа Асја и Демир се сретнуваат бидејќи ланчето на Асја и се закачува на едни грмуште кај една долина и не може да го достигне... Демир ја среќава и ја прашува што бара, а таа му вели дека бара ланче кое татко и и го дал на мајка и. Тој прашува која и е мајка и Асја вели Аси... Тој се шокира и многу размислува за тоа дали тој е таткото на Асја или некој друг... Потоа Демир и Аси се сретнуваат на местото каде што паднало ланчето за да го бараат. Таму се караат, и Аси му кажува дека приказната за тоа дека татко на Асја и го дал ланчето вели дека ја измислила само за да Асја биде среќна... Демир се замислува, тогаш тој го наоѓа ланчето... - Потоа доаѓа фрлањето на златникот во сапунот, Аслан треба да го фрли, но доаѓа Демир и го фрла вистинскиот златник во сапунот гледајќи ја Аси во очи. Асја е тажна поради своето ланче, па дедо и и купува ново во форма на срце во кое стојат нејзината и сликата на Ихсан, и таа не го вади воопшто. Демир и Асја многу се спријателуваат, и Асја постојано праќа бродчиња во реката до татко и кој живее кај морето (така и кажала мајка и) .. Демир се повеќе и повеќе верува дека Асја е неговата ќерка. - Така еден ден, Асја сака да оди на јагнењето на една овца со мајка си... Мајка си не и дава но таа сепак со колата на Демир оди таму.. Тогаш мајка и и вели да си оди, бидејќи сега треба да се породи овцата.. Асја и демир излегуваат, тогаш Асја се боцнува од трн и малку крв останува на палтото на Демир.. Сухејла го гледа тоа и го носи на ДНК, резултатие му ги дава на Демир без да ги отвори, а Демир и ги дава на Аси, за таа да му ги отвори, и да ги покаже.. Тогаш Аси му раскажува се, дека не сакала да му каже дека е бремена затоа што тој рекол дека е добро што немаат дете, и сите тие работи.. - Но потоа Демир се разболува од леукемија. Во меѓувреме тој и Аси се смируваат.. И никој нема крв како Демир, единствено Асја.. Тогаш таа донира тоа што е потребно и со нејзина помош тој оздравува... Но додека сето тоа се случуваше, Аси ја носи Асја во болница, и токму пред стаклото од кое се гледа Демир ставаат проектор како кино. Па на него ја пуштаат свадбата на Аси и Демир.. Аси се прави како да и раскажува една приказна на Асја, вели: Имало некое мало девојче, чиј татко живеел крај морето, мајка му и татко му, многу се сакале.. но потоа таткото се вратил, во тој миг го покажуваат од блиску и Асја извикува ДЕМИИИР.. таа е многу радосна.. Тогаш се трга проекторот и се гледа Демир... и тој за прв пат и вели ЌЕРКО.... Демир оздравува и сите се мноогу среќни, на крајот Аси и Демир се венчаваат, а Дефне е бремена од Керим.. Инаку Асја е легенда... И не се жалете не и бил убав гласот. И одговара само дете ко дете рецитира. И не е до толку лошо. Јас лично мислев дека ќе и го стават гласот на Елиф што е - на Асја да е. Така подобро ќе беше!?
Значи преку летото и овие серии што ги гледав, ни една не видов како заврши,до толку не ме интересираше...Не ме интересираат серии мн. мн., ама Аси... ете последната сезона мн ме привлече... претх не ја гледа баш, ама оваа ми е интересна ептен. Мн ми е убава љубовта меѓу Аси и Демир Ја барав песната(музиката во серијата ми е закон, закон!) и ја најдов...ја има и со босански превод...мн се убави турските песни,сега и верувам на баба ми http://www.youtube.com/watch?v=kWHSqd9eVt4 ааах
леле малоно срце е претходниве сезони воопшто не ме привлекуваа ама оваја ја гледам само поради малана
Минатиот четврток почнав да ја гледам последнава сезона, иако оддамна имам гледано неколку епизоди од неа, и пред малку ја завршив. Ја гледав на youtube, со хрватски превод и многу ми е поубава серијата така отколку со синхронизација. Оваа сезона дефинитивно е подобра од првата. Асја е душичка, а за Демир и Аси немам зборови. Најверојатно ќе продолжам да ја гледам пак на Сител, ама не ми се допаѓа гласот на Асја, ми звучи како разгалено дете, можеби е затоа што сум се навикнала на вистинскиот глас.
За малечката немам зборовии.. душичка мала Керим ми е многу смешен хаха срце е А и Зафер кога ќе и се обрати на Дефне со "медена" абе ненормално се смејам Иначе ќе ја има ли вечерва??