Леле веќе душа ми извадија овие турскиве, по цел ден тоа пуштаат, секоја нова што почнува е поинаква, различна да дa
Ја имам гледано едно 3-4 пати на интернет,ама како да не ја гледам пак кога глуми мојот омилен глумец Мурат
Аси е турска серија снимана од 2007 до 2009 година. Содржина Ова е силна приказна за двајца силни и горди луѓе кои што неможат да бидат заедно поради случувањата од минатото.Веќе три генерации на фамилијата Козџуоглу поседуваат голем имот а опстанокот на плантажата и фармата е нивната најважна цел.Газдата Ихсан Козџуоглу и неговата ќерка Аси работат и живеат за својата земја.Пред многу години тетката на Демир дошла да работи на имотот на семејството Козџуоглу заедно со неговата мајка која се удавила во реката Аси која што тече блиску до имотот на Козџуоглу.По многу години Демир се враќа во родното место како голем и богат човек,познат бизнисмен.Тој е огорчен бидејки се сеќава сеуште на смртта на неговата мајка и решава да истражи како умрела дали извршила самоубиство или е некој виновен за тоа.Тој дознава дека семејството Козџуоглу е виновно за смртта на неговата мајка и решава да купи имот во родното место и да ги пронајде одговорите за смртта на неговата мајка.Тој ќе се вљуби во Аси но нивната љубов ќе биде невозможна поради случувањата од минатото и разните препреки кои се појавуваат до патот на нивната среќа. Во серијата глумат таткото на Мине од Девојката која ја сакав,Хатиџе од Величествениот,Филиз од Под Сенката на Врбите,Саваш од Љубов и Казна,Мелек од Под Сенката на Врбите,Али од Туркан,и многу други популарни актери.
Ќе ги ѕирнам првите епизоди од љубопитност па после ќе видам ако ми се допадне ќе ја гледам Иначе гледам дека на повеќето од вас им се допаѓа Саваш, мене пак не ми е ништо посебно Секој со својот вкус
Јас па така не можам мене сите ми се допаѓаат! Инаку добра е серијата вчера ја почнав.. И сакав да ја гледам пошто е многу популарна стварно!!
tea4e пак не си во право. "Гревот на нејзината мајка" се емитува за време на викенд, а серијава ќе биде во текот на работната недела.
И јас почнав да ја гледам дека малку серии гледам па уште оваа ми треба може некој да ми објасни зошто Спојлер семејството Козџуоглу е криво за смрта на мајката на Демир
Ја гледав вчера првата епизода и мислам дека ќе биде прекрасна серијава. Ах бе Саваш, да беа сите машки ко тебе....
Ја гледав вчера првата епизода.. Многу ми се допадна Ќе ја гледам.. Уште сега омилен лик ми е Дефне (Хатиџе инаку) и Керим (другарот на Демир)
таткото на ихсан многу ја измачувал мајката на демир и + е крив за некое убиство извршено од страна на таткото на демир ама после ке се открива тоа