Јас не го сакам Зафер, ме нервира, ама сега пак ми падна жал. Колку и да има лоша улога и колку лоши работи да прави, сепак мислам дека има добра душа.
Ова на крајот некако безвеза го направиле, всушност тука се сите кои учествувале и биле зад камерите. Претходно Асија го праша дедо и дали ќе учествуваат на парадата со факели, е тоа беше на крај, можеле подобро да го осмислат тој дел, но сепак серијата заврши со среќен крај, а тоа не е баш така често во турските серии.
Не ми имаше ни мене смисла крајот, сакале да напраат нешто ама не успеаја не дека ми беше толку убав филмот , реков да го погледнам крајот ама ме разочара
Тоа на крајот испадна ептен глупаво... Најглупаво е што и шминкерите беа во кадар и сценаристи и овој и оној. Можеше стопати поубаво да испадне... Еве во најлош случај, ко Завет, сите на едно место (штом толку сакаат) и нека се смеат таму. Во најлош случај. А за она што можеле да не зборам. Сепак ќе ми фали гласчето на Асја.
Воопшто не ми се допадна крајот.Можеле многу поубаво да го осмислат.Сепак битно заврши со среќен крај.Инаку онаа што ги венчаше Аси и Демир колку ми беше смешна со тоа гласот
па Нериман кога намигна на камерата ? кога и им се налути на сите што се шегуваа дека ќе се префрлат во куќата што и беше намигнувањето глупости
Јас мислам дека сцената со Нериман беше крајот, а тоа што намигна беше да се покаже дека се шегува, а она пак со факелите беше да ја претстават екипата. Како и да е, мене ми се допадна.
Многу Турски филмови завршуваат на таков начин. Ако се сеќавате на Туркан, и тој така заврши, со сите кои учесвувале во филмот,сниматели, режисери,сценографи.....Ито така завршува и Бурни времиња. Завршува со свадбата на Џемиле и Ариф и неднаш се појавуваат сите, Ајлин, Осман,бившата жена на рибарот,сниматели,режисери...... Мене крајот ми беше ОК ! Требаше да заврши како сите одта на Парадата на факели во градот. Така и вети Иксан на внуката Асија и затоа малата со волшебното стапче ја осветли Црквата, Џамијата, и го запали факелот на дедо и и сите се приклучија на парадата....баш беше ОК !!
Вчера (сабота) ги дадоа реприза сите епизоди од минатата недела а со тоа ја дадоа и последната,така да не верувам дека ке има реприза од утре натака. Освен ако не им текне по извесно време да почнат да ја репризираат денски како Завет, Мајка .......