1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Асос и во Македонија

Дискусија во 'Мода и стил' започната од rossonerka, 14 ноември 2011.

  1. rossonerka

    rossonerka Популарен член

    Се зачлени на:
    13 април 2010
    Пораки:
    4.160
    Допаѓања:
    15.287
    Девојки да ве известам една преубава вест. :party:
    Страната Асос
    http://www.asos.com

    Доставуваат и до Македонија, не има од пред некое време на листата.
    Плаќате поштарина ако сакате достава до 1 недела, а ако сакате доставата да ви е извршена од 7 до 14 дена тогаш бесплатно ви е.

    И има одлични акции.
    Пред 3 недели имаше во толку и толку часот почнува распродажба на вечерни фустанчиња. Абе за 1 саат ги снема фустаните :D
    Имаат многу акции, многу.
    Или овие чевли имаше еден ден акција беа 1 фунта. http://www.asos.com/pgeproduct.aspx?iid=1605067
    Една фунта човече :lol:

    Е така јас си се зачленив и чекам некоја акција и да се почастам :)

    Знам дека повеќето од вас ја знаат странава зашто си црпат идеи од тука, но да ве известам дека може и да си купувате без плаќање царина 8)
     
    На Cristina Yang, dariaslife, Chimera и 13 други им се допаѓа ова.
  2. starfish

    starfish Популарен член

    Се зачлени на:
    31 јануари 2010
    Пораки:
    4.833
    Допаѓања:
    10.128
    Пол:
    Женски
    Известувања за нови колекции, попусти, распродажби, промоции

    Не да ме израдува Роси!!!!!! :rock:

    За беља работа, тргнав да напрвам нарачка на едно фустанче, уште одма.... ама нема броеви!!!!! :|
    Али ајт.
    Кажи ми, ќе ми стигне на мејл кога ќе има такви промоции?? :?:
     
  3. rossonerka

    rossonerka Популарен член

    Се зачлени на:
    13 април 2010
    Пораки:
    4.160
    Допаѓања:
    15.287
    Известувања за нови колекции, попусти, распродажби, промоции

    Се надевам да :lol:
    Јас ги читам хрватиците имаат посебна тема АСОС и се организираат за вакви попусти и распродажби.
    Па може и ние една тема за асос да отвориме и во случај на акција да реагираме :lol:
    Иначе колешка моја нарачала и стигнало за 10тина дена.
    А јас последните идеи за фустани од тука ги црпам, па барај материјал, па шиј.
    Така да денес оваа вест ја примив со цело срце :party:

    И да само да известам до 50 евра е бесплатна царината.
    Тоа е наш закон. Значи над 50 евра се плаќа царина. А поштарината од асос е бесплатна како што кажав.
     
    На SexyLady му/ѝ се допаѓа ова.
  4. SexyLady

    SexyLady Популарен член

    Се зачлени на:
    5 септември 2010
    Пораки:
    2.792
    Допаѓања:
    3.262
    Пол:
    Женски
    Известувања за нови колекции, попусти, распродажби, промоции

    Леле баш ме израдува... Конечно и кај нас вакво нешто!
    А Роси како плаќаш? Преку картичка впишуваш бројче на компјутерот или?
     
  5. rossonerka

    rossonerka Популарен член

    Се зачлени на:
    13 април 2010
    Пораки:
    4.160
    Допаѓања:
    15.287
    Па ќе се регистрираш. Прво име презиме меил.
    Потоа ти е делот со адреса.
    И трето со кредитна картичка.
    Лесно е која кредитна картичка, на кое име е, до кога и е рокот, бројчето на картичката.

    Ете ако некој од вас купува на Групер или Колектива да кажам дека според тоа што видов на сличен начин се плаќа и на асос :)
     
    На SexyLady и enca.69 им се допаѓа ова.
  6. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    11.716
    Допаѓања:
    150.560
    Известувања за нови колекции, попусти, распродажби, промоции

    Не прифаќа картички наши. Пробав со две кредитни,денес со дебитна,сите со средства на нив,ниту една не прифати. За првата кредитна после неколку дена на мејл ми стигна известување,а за со другите веднаш...се разочарав. :(
     
  7. rossonerka

    rossonerka Популарен член

    Се зачлени на:
    13 април 2010
    Пораки:
    4.160
    Допаѓања:
    15.287
    Известувања за нови колекции, попусти, распродажби, промоции

    Лилит ама зависи која кредитна картичка.
    Има некои банки имаат картички само за интернет. ЗНачи си одиш во банка и си зимаш посебна картичка за интернет. Тоа го пишува на страната на банката.

    Јас имам на уни банка и си купувам со неа на интернет и со неа си плаќам. Таа за се е.
    А пример другаркиве имаат на стопанска и и не ни можат на интернет да купуваат. Татко ми има кредитна ама без дозвола за на интернет да купува.

    Си купила нешто на Групер со тие па да неможеш на странава?

    Мене ме информираа дека купиле.
    Ете девојчето што го спомнав купило еднаш за веридба носела фустан, сеа пак нарачала ново.
     
  8. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    11.716
    Допаѓања:
    150.560
    Известувања за нови колекции, попусти, распродажби, промоции

    Запознаена сум со кои може и сметки си плаќам со нив преку интернет и сум купувала и на групер,имам порачувано и други работи,успевало. Со мастеркард и виса електрон нема,ама нема шанси да не прифати,со дебитната ќе се сомневав,ама со овие две,во ниеден случај.
    А прво си пиша дека е одобрено,треба да стигне на 21.11 и после некој ден мејл,дека не може да се изврши порачката и ми наведе повеќе причини,а ниту една немаше врска.
    Не знам во што е проблемот,стварно.
     
  9. rossonerka

    rossonerka Популарен член

    Се зачлени на:
    13 април 2010
    Пораки:
    4.160
    Допаѓања:
    15.287
    Известувања за нови колекции, попусти, распродажби, промоции

    Аааа епа тоа е друго, не знам зошто стварно.
    Ме замисли сега и ме разочара малку :)
    Јас знам дека им стигнало во Македонија со сигурност.
    А каква картичка користела не знам.
    Јас се надевам во брзо време ќе најдам нешто и ќе пробам да купам.
    Се надевам ќе имам среќа :)

    Значи за тие со картички од Стопанска банка знам дека мора нова да си извадат специјално за интернет. Да си го знаат феминките тоа :)
     
  10. LivingGlam

    LivingGlam Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 септември 2010
    Пораки:
    6.100
    Допаѓања:
    56.330
    Пол:
    Женски
    Еј темава, само што го спомнував асос :D

    Лилит ме разочара за картичките. :worried:
    Од Стопанска ги прифаќа интернет картичките сигурно, тие се испробани. А со Маестро се зезнав претходниот пат, ставив пари направив нарачка, пресреќна, и не, не ја прифати, со образложение дека Маестро од Македонија не прифаќа. И Манго во Македонија не испраќаат, не знам од која причина. Значи ако ви се допадне нешто од Манго, не може да си го нарачате, а се’ друго може колку што забележав.

    Инаку Росоњерка само една исправка - царина кај нас се плаќа на пратки над 45 евра, границата не е 50, па внимавај.

    Зачленете се на страната и ќе ви пристига на меил кога се големите попусти, обично во недела има акција на нешто, вчера беше brands, а пред некоја недела имаше прекрасни капутчиња што беа преефтини, штета што ја немав картичакта се’ уште, а сега кога ја имам - немам пари. :D
     
  11. rossonerka

    rossonerka Популарен член

    Се зачлени на:
    13 април 2010
    Пораки:
    4.160
    Допаѓања:
    15.287
    Ме интересираше за царината и најдов наши царински тарифи. уф еве додека јас праќам ме исправа Ливинг :D
    Вреди да се знаат за овој пост.

    За пратки добиени по пошта, важат следните правила:

    1. До вредност од 45 евра (со вклучена поштарина) не се наплаќа царина и ддв.
    2. Над 45 евра се наплаќа царина 15% и данок 18% освен ако
    (3) Побарате да се распредели во правилната царинска ставка (на пример ако за тој дел се плаќа царина помалце од 15%, или данок помалце од 18%. Треба за ова да се пополни формулар/барање.
    е уреди што се нарачуваат/купуваат ги имате овде објаснето колку се царинат:

    Компјутери и делови за компјутери: Царина 0%, Данок 5%
    Часовници: Царина 5%, Данок 18%
    Музички инструменти: Царина 9%, данок 18%
    Мебел: Царина 0-15% (зависи), данок 18%
    Игри (вклучувајќи и видео игри, конзоли итн.) Царина 0%, данок 18%
    Спортска опрема: Царина 7%, данок 18%
    Слики и антиквитети: Царина 7%, данок 18%
    Телевизори: Царина 0-5%, данок 18%
    Проектори: Царина 0-5%, данок 5-18%
    Облека: Царина 0-10%, данок 18%
    Објективи: Царина 5%, данок 18%
    Дигитални фотоапарати: Царина 0%, данок 18%
    Видео камери: Царина 5%, данок 18%
    Мобилни телефони: Царина 0%, данок 18%


    А еве нешто и дополнително веќе кога пишувам да си знаете :)
    ЦАРИНСКО ОСЛОБОДУВАЊЕ ЗА ЛИЧНО ВНЕСЕНА СТОКА

    Дополнителни информации за роба што не треба да се пријави, или пак не подлежи на царина. Долу го имате целиот текст, но во кратки црти гласи вака:

    1. Може да се внесе роба за лична или семејна употреба, или подарок, што не ја применува вредноста од 350 евра.
    2. Мора да ја внесете лично (не може по пошта).
    3. Робата не смее да биде сомнителна дека ќе се користи за препродажба (пример ако имате 300 лажици од 1 евро, шансите се дека не ви се за во кујна кај вас дома, и ќе ве царинат).
     
    На Li0ness и Lux им се допаѓа ова.
  12. Arris

    Arris Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 јули 2011
    Пораки:
    89
    Допаѓања:
    22
    Не сфатив со која картичка може да се порачува преку Асос ? Јас има на НЛБ Тутунска, ја вадев бидеќи едно време беше достапно со нејзе да се порачува од E-bay, па дали може со таа или морам да вадам нова специјална како што спомнавте порано некоја од Стопанска банка??
    Доколку некој правел успешни нарачки преку Асос би ја/го замолила да сподели информации :D
     
  13. maja8

    maja8 Популарен член

    Се зачлени на:
    3 јануари 2010
    Пораки:
    2.847
    Допаѓања:
    2.158
    Ај кога ќе ви стигне кажете, ако е сигурно и јас порачувам :)
     
  14. Artemission

    Artemission Популарен член

    Се зачлени на:
    22 јули 2011
    Пораки:
    2.031
    Допаѓања:
    15.670
    До сега не сум ја знаела странава ниту пак познавам некој што нарачувал до сега. Денес тријам раце, отворив акаунт и ќе порачам нешто (ситно ко за проба). Имам картички од Тутунка и Стопанска (интернет картичка) и би требало да се плати со некоја, барем до сега секогаш ми успевало.

    Како и да е ќе ви пишам искуство, I promise!
     
    На Arris, LivingGlam и SexyLady им се допаѓа ова.
  15. LivingGlam

    LivingGlam Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 септември 2010
    Пораки:
    6.100
    Допаѓања:
    56.330
    Пол:
    Женски
    Ако планирате да купувате деновиве (заклучно со сабота), искористете го промотивниот код BONUSTEN при одјавувањето и ќе добиете 10% попуст.
    EXTRA 10% OFF EVERYTHING
    Enter promo code BONUSTEN and get 10% off until Midnight Saturday.

    Plus check out our edit of the Hot 50 outfit-making accessories.

    А колку што знам на форумов има почитувачи на винтиџ модата. Странава има посебен оддел marketplace каде што можете да најдете такви парчиња. https://marketplace.asos.com/women
     
    На Taccka, dryad, marama и 3 други им се допаѓа ова.
  16. TeaB

    TeaB Популарен член

    Се зачлени на:
    11 август 2010
    Пораки:
    1.868
    Допаѓања:
    543
    А бројчињава како идат... не ги разбирам :^)
     
  17. LivingGlam

    LivingGlam Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 септември 2010
    Пораки:
    6.100
    Допаѓања:
    56.330
    Пол:
    Женски
    Погледни овде http://www.asos.com/infopages/SizeGuide ... chart.aspx

    Ако носиш наше 36 бројче, значи си UK8. Во табелите има и водич за бројчиња на облека, чевли, долна облека... ќе се снајдеш.
     
  18. Lux

    Lux Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    7.094
    Допаѓања:
    6.348
    Пол:
    Женски
    Може преку ТТК банка?
    И ако носиш број 26/27 на фармерки, XS/S/M зависно од модели, кој број е тоа според нив?
    Ич не можам да се снајдам, имаат броеви за се и сешто .
     
  19. LivingGlam

    LivingGlam Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 септември 2010
    Пораки:
    6.100
    Допаѓања:
    56.330
    Пол:
    Женски
    Лукс и јас носам тој број на фармерки, тоа е европска 36, што значи дека си UK8.

    А можеш и да се измериш со метро и да видиш во втората табела кое бројче си.
     
    На Lux му/ѝ се допаѓа ова.
  20. marama

    marama Форумски идол

    Се зачлени на:
    20 април 2010
    Пораки:
    6.137
    Допаѓања:
    88.559
    Пол:
    Женски
    Девојки а за чевли како оди? Јас сум салонки 35, чизми купувам 36 и? Според нивните како оди? Гледам они се 4,5,6,7...