Да, да, пишува во упатството. Е и јас го викам тоа, али нема да претерам, нема да праќам 50 пати, мене 3 плика, три обида ми е нависитна среќен Дај боже и сега Само дај боже и да се падне на некој од нас, како ќе ни ја пуштат таа нарача се чудам, на граница, ќе се царина како кола да поминала, а не десет крпчиња
Е се измачив со ова награднава игра Си зачував тоа што сакам и како сега да ги вметнам во тоа гифт лист?
Кај облеката кај што ти е зачувана, на самат маица пример, горе во десниот агол има едно квадратче, треба да го штиклираш и така автоматски ти иде у тоа гифт листот. И на крај коа ќе завршиш стискаш на тоа црното квадратче најгоре за да ги пратиш. постираш таа адресата и чича мича готова е прича вајда ме свати, нели
Изгледа треба само од производите на АСОС да биде листата, така прочитав на фејсбук А јас веќе пратив две листи, ама не ми беа сите парчиња од АСОС. Ништо, сега ќе правам нова листа
Mи стигна пакетот, јухууу. Еден ден доцнеше само. Од пошта го земав, одлично спакувани беа. Инаку ташната е преееееееубава! И квалитетна е убава кожичка, прегради, многу многу задоволна. Арно ама прстенов, ова нема благе везе со Л ни со 18 мм. Еве сеа мерев 16 мм е, тоа е С. На малото прсте ми се фаќа. Зафркаваат малку повеќе. Не знам што да му правам, ни на сестра ми нема да и се фати, абре премало е. Знам и Артемишн го зема истото прстенче ме интересира какво бројче нејзе и пратиле. Aко некој има мало прсте а му се допаѓа прстенчево нека ме контактира, 150 денари е, 2 фунти.
Може некој детално да ја напише целата постапка од нарачување до подигнување на производите? (што може да се нарачува, поштарина, царина, од која банка да имаш картичка, за колку време стигнува пакетот, постои ли рекламација, итн.)
Eпа Грл23 СЕ буквално пишува наназад на странициве, ама баш се. Посебно на првите страни опишана е постапката. Или прочитај си на Асос. Абе викате може неколку пати да пратиме за гифт листа? Јој амо на работа
Уште не ми стигнало ништо, ма да пишуваше рок до 6ти Февруари така да ќе чекам до понеделник. Инаку ова со гифт листата ме расони на работа Сега сум со дигитронот во раце, пресметувам, бирам, пребирам, си правам филмчиња... и пратив 2 до сега (со различни работи). Се надевам ќе и се посреќи на некоја од нас
Случајно ако се посреќи на некоја од нас, нека мисли уште сега како ќе ја плаќа царината Инаку јас пратив три листи до сега Една од кај сестра ми и две од кај мене
За нарачка до 45 евра не се наплаќа царина, над 45 евра се плаќа царина, ама незнам како се пресметува. Поштарина не се плаќа. Така да, ако нарачаш нешто до 45 евра ќе платиш само онолку колку што кошта производот
Ај кажете ми кое знакче е за фунти ? Change currency: £ GBP $ USD € EUR kr SEK kr NOK kr DKK $ AUD p. RUB $ CAD ¥ RMB мене ми е во евра, да сменам.
Ова го имам од Роси за царината, па ако некој сака да си пресмета колку ќе плати АКО го изберат од Асос, нека повели Спојлер @ Juicy -- Ова е за фунти £ GBP
Значи за нарачкиве од 500фунти, царина ќе фати околу 200 евра Асос ќе те почасти, нашите ќе те одерат
500 фунти=36500 денари (според денешен курс на фунтата). Тоа се 500 и нешто евра. Ви посакувам среќа и барем некоја од вас да биде добитничка на гифт листата. А на таа истата и посакувам и подебело новчаниче за да ги исплати трошоците за испорака. А дотогаш, јас ќе си порачувам едно по едно парченце. Што е поефтино, поефтино е.
Роси имаш можност да ги вратиш работите во рок од одреден период, доколку не ти се допаѓа, погрешна пратка ти стигнала или пак е оштетено. Ќе ти ги вратат парите или можеш да направиш замена. Еве прочитај си тука: http://www.asos.com/infopages/pgehelpdesk.aspx#/level12