Може, ама не се исплаќа. Треба да платиш поштарина на пратката што ја враќаш на АСОС и ќе ти излезе како уште еднаш да си го купиш.
Знам знам ама 140 денари е прстенот не ми се матка за толку пари. Да им пишувам, па да го праќам, па да стигне, па да ми вратат итн. Нема врска ќе го подарам идат родендени на другарки или евентуално некој заинтересиран продадам. Битно е малецко, С точно е го мерев, значи малецки прстиња. А проверив Л сум нарачала сигурно, така стои и во пратката. А 16 мм е, не е 18. Инаку се рефундираат парите од поштарина, они го покриваат тоа. Ама пак ќе кажам за 140 денари ќе се маткаме 1 месец А чантата и мајка ми и сестра ми ја испофалија
Леле како сум им фрлила пик на неколку ташни и штикли, се мислам да почнам да си порачвам месечно по пар повеќе не ми се исплаќа. Како не можеше лани да се порача онлајн, колку само барав месо боја штикла овде кај нас, сум се отепала, нигде немаше... а овде има преубави, ем кожа. Мора да ги имам...
Девојки,дајте линк од тој хрватски форум каде ги пишуваат кодовите за попусти и кога се внесува и каде тој код???
Само што ја направив првата порачка...е сега не сум сигурна за бројот...нарачав UK12 претпоставувајќи дека е М
Зошто претпоставуваш, а во случајов и грешиш кога е објаснето многу јасно. Имаш SIZE GUIDE до местото кај што ја одбираш величината. И кога ќе го гликнеш size guide имаш величини за СЕ. еве го линкот за size guide ако неможеш да се снајдеш зачувај си го http://www.asos.com/infopages/SizeGuide ... chart.aspx Size: XS/32, S/34, M/36, L/38, XL/40,42, ХХL/44,46 UK 12 e всушност XL. Си згрешила за точно 2 бројчиња, многу поголемо ќе ти е. А може и покрај тоа што ќе ја изебереш точната величината да згрешиш во бројчето, зашто и сами ние кога пробуваме може во Манго ни е таман М, во Бершка ни е таман С. Ама сепак си ги пишува на Асос убаво бројчињата, а и друго секогаш речиси пишува и колку е висок моделот. Пример гледам едно мини сукњиче пишуваше го носи 168цм девојка. Значи јас со 180 тоа ми е блуза. Така да перфектно го имаат направено тоа Ах да и внимавајте си најчето е UК, ама некаде се и US па ќе си згрешев со бројче, една буква разлика ама многу ќе не кошта после тоа. Зашто да речеме UK10 е L величина, а US10 e XXL. Инаку баш сеа ќе им пишам дека ми имаат згрешено со прстенот, ме интересира што ќе ми пишат.
Абе Роси, од што е прстенот? Однеси го во златара на преправка, нека ти го прошират/стеснат. Јас имам така пред едно 10 години поправано голем прстен.
Златен Се шалам, баш видов калај е. Инаку ја пратив пораката зашто прочитав хрватициве така праќале и им давале кодови со попуст, па да си пробам среќа. За 100 денари прстен да одам да ми го прошират и тоа во златара е смешно. А носат прстени, ма каков накит сакаш може да однесеш во златара. Од ланче да ти направат прстен може. Ама злато/ сребро. Не бижутерија Јас најдов ќе го дадам прстенот тоа не е проблем, ама битно си пратив порака за да знаат дека не сме мутави, како што они се прават, зашто пред да го купам прстенов го меркав долго време и беше останат само Л, С пишуваше одамна дека е распродаден а баш таков ми пратија. Ај се надевам само Артемишн ќе има среќа и поголем ќе и пратат.
Во врска со величината ако велите дека Uk8 е М, тогаш зошто на некои прозиводи кога се избира големина пишува M-Uk12, S-Uk10 а во инфо истото го пишува дека моделот носи uk8/eu36...дали зависи од брендот, не ми е јасно
http://www.asos.com/Vero-Moda/Vero-Moda ... &clr=Black Според табелава за јакнава броевите почнуваат од XXS и УК12 е М....тотално сум збунета
Многу зависи од брендот и сама кажав. Табелата е најмногу за АСОС колекциите. Асос го има искреирано тој size guide. ASOS AFRICA ASOS BLACK ASOS COLLECTION ASOS REVIVE ASOS SALON ASOS WHITE ASOS GREEN ROOM Додека еве јакнава е Веро Мода, и таа на друг начин ги има направено бројчињата. Ливинг поназад баш кажа пример сакаш да нарачаш од Х бренд, најдобро е да се отвори нивната официјална страна и да се види како тие ги имаат бројчињата одредено. Тоа е проблемот што денес не постои официјално еден стандарден број. Освен што има англиско, европско, американско, австралиско одредување на бројчињата постојат и кај секој бренд различни калапи и величини. Инаку ризикот од купувањето на интернет е баш тоа, погодување на бројчето. Интернет продавниците немаат кирии, немаат продавници па да ги имаат тие трошоци. Затоа имаат поефтина облека. Но проблем е дали ќе го погодиш бројчето.
Си бендисав костум за капење. Знам дека е рано, ама баш ме бендиса. Но никако не можам да се снајдам со бројчињата. Сепак, деликатна осетлива работа се, па ми е страв да не го утнам бројот.
Лејдиииис... Чичко поштар денес (замислете додека не сум била дома) затропал, можда и заѕвонил не знам, и донел "Известување за пристигната пратка" т.е. за 2. Мојот коментар е дека Асос-ци пријатно ме изненадија и имаат висок скор кај мене со тоа што си се држат до роковите, а што се однесува до производите дополнително ќе ве известам. Се надевам утре, освен ако не ме затрупа снегот и не стигнам до поштата
Од вкупно 5 нарачки на Асос ,3 ми стигнаа во предвидениот рок ,а 2 никаде ги нема веке месец дена ,ги контактирав по мејл ми рекоа да чекам до денеска ,па сега ке видиме како ке се договориме утре. Инаку за кодовите ,се наоѓаат на неколку страни доволно е да се напише asos codes http://asosdiscount.net/
Утрово намирисав убаво време и тркнав до пошта да си ги земам пакетчињата. Ајде бидејќи ми е прв пат нарачката од Асос (со сигурност не и последен), ќе направам еден сликовит приказ на работите. 1. За потсетување нарачав 2 работи кои посебно беа спакувани во картонски кутии, внатре ќеса со воздух за да спречи шетање и мавање на работите, а тие беа дополнително во уште едно најлонче (од оние што пукаат) како екстра заштита. 2. Најпрво го отворив прстенот, одличен беше, големина, изглед.. сé на свое место. Арно ама кога го отворив ланчето, и покрај тоа што беше совршено спакувано беше скршено. Искрено малце се разочарав бидејќи целиот тој процес на враќање ми изгледа напорно, а со оглед на парите некако и не ми се исплати, па земав супер лепак и одма го залепив. За среќа ништо не се познава и се надевам добро ќе држи. 3. Еве и слика како стојат двете работи. Сега смислувам текст, во секој случај ќе ги известам Асос за случајот, па се надевам ќе надоместат со некој код со попуст за идната нарачка
Ми стигна на меил Free next day delivery 9-5 today + 20% off dresses because ASOS Loves You! Фустанчињава се прекраснии уште да извадам картичка.
Конечно и јас ја направив мојата прва нарачка Се решив бидејќи гледам вие девојки сте задоволни од Асос Првата нарачка е прстен од 2фунти и ми стигна маил да ме известат дека го пратиле и го очекувам до 16ти февруари. Втората нарачка е костим за капење 12фунти горен и долен дел ова го очекувам до 21ви февруари. Ќе ве известам кога ќе ми стигнат производите.