Aко добро ја разбрав LivingGlam за истото прашање, на пр. ако имаш 3 работи од по 15 фунти можеш да направиш една нарачка со две работи = 30 фунти < 45 евра и третото парче посебно да се нарача за да не ја надмине таа сума.
За да не плаќаш царина Пишува поназад во темава Луѓе кај ги наоѓате кодовите за попуст, гледам многу ефтино иде така зошто јас немам начекано такво нешто???
Имаат прекрасни работи, ама повеќето што ми се допаѓаат се многу скапи. Па си чекам намаление кодови или шо ти знам било што
Има повеќе сајтови, каде што споделуваат кодови, оди на гугл, свашта ќе најдеш.... Еве ти две странички.. http://www.ukdiscountvouchers.co.uk/blo ... e-vouchers http://www.vouchercodes.co.uk/asos.com п.с.Има и на фб страна AsosDiscount.net
Не беше ништо страшно, утредента ми стигна порачката. Ми каснеше 1 ден ама доволно да ме испаничи. Фустаните беа спакувани само во сиво нешто (налик на најлон). Плус тоа беше и дупнато. Кога ја видов пратката ми се пресекоа нозете, си реков -`Каренин збогувај се од фустаните! Но кога ги отворив фустаните беа исти како на сликите. Само малку ми се тесни, доста сум поправена во последно време. Значи имам 58 кила, а порачав фустани со величина 10 и кнап ми се. Ама барем ми влегуваат .
Дали важат кодовите за работи кои веќе се на попуст? И ако има некоја порачувано чевли ме интерескира дали УК5 одговара на нашето 38, во табелата пишува дека одговара ама ме интересира ваше искуство. @karenin и јас сакав да порачувам фустанчиња ама ми се гледаат некако прекратки на моделите што ги носат, висока сум 174см и отприлика сум УК10 ме интересира во живо дали се толку кратки, т.е. за мојава висина дали се тамам, да не згрешам ако порачам?
За оние кои се двоумат дали да порачуваат деновиве или не, има попуст од 10% на сите аутлет производи. Попустот важи до недела, 19ти Февруари до 09.00 (по наше време).
Многу се изнервирав денес, ми стигнаа обетките кои нарачав покасно, а корсетот што го нарачав прв нигде го нема
Колку време ти доцни првата порачка? Пиши им штом е така нека проверат ако можат до каде е пратката или во краен случај ако се изгубила да ти ги вратат парите.
Ги прочитав сите мислења во темата, ама пак имам некои прашања...би сакала ако можат да ми одговорат оние кои веќе нарачале Овие кодовите, за сите работи важат? Еве на пример за накитот, или за тоа посебни кодови се користат И ова, колку % намалување на цената има со кодовите?
Асос има една вообичаена политика да чекаш две недели од датумот што ти е напишан во мејлот дека ке стигне,ако се пожалиш сега ,дека не ти стигнала пратката ке ти речат да чекаш до тој и тој датум,по тој датум или ке ти пратат ново со ДХЛ или ке ти ги вратат парите,мене ми испратија нов пакет кој стигна за 4 дена со ДХЛ,а за другиот ми ги вратија парите за 3 дена .
Ми стигна првата нарачка Прстенот што го нарачав на 3ти февруари, стигна во предвиденото време, ни ден покасно! Спакуван беше супер во кутија па со заштитни кеси и све како што треба Сега за сега сум ептен задоволна од Асос. Втората нарачка ја чекам околу 21ви февруари, па тогаш ќе ставам слики
Еве и јас да ве известам како поминав Порачката ми стигна точно на денот кога ми пишаа, 1 ден порано ми стигна тоа ливче од пошта и било закачено на влезната врата. А македонски пошти се очај, затоа што не ми побараа лична карта кога отидов да го подигнам пакетот. Што значи и некој друг да си го нашол ливчето можел да си ја подигне пратката Кутијата ми изгледше отварано, беше лепена со селотејп, ама од тоа што го порачав ептен сум задоволна, бидејќи е идентично како описот и сликата.
Blanca aj постирај слика да видиме што си порача и сите што сте и не сте задоволни од порачките, макар што мислам ретко кој не е задоволен по пишаното!
Ми стигна едниот уште вчера ама дури денес се одмрзив да го земам, дека многу далеку ми е поштата Ама другиот ми го нема И тоа баш битниот со кошулата и панталоните Ќе си пукнам ако не ми стигне има на сите во асос маил да им пишам и у триста да ги отерам. И нема да ставам слики од како беше спакувано сум ставала и јас и ливинг и Артемис знаете како убаво со спакувани, ги сликнав со мобилен работиве да ви ги покажам вака да видите што како се за да си имате престава и да се охрабрите или пак не за нарачување. Ташната, не се разочарав ама се изненадив. Јас ја глеадав кај хрвативе ама не беше толку голема, не беше океј сликана изгледа. ПРЕГОЛЕМА Е! Е сега да вика laptop case, ама јас мислев за оние малeцкине, ама не сепак би собрала од големите лаптопи. Убава е бојата а и тенка е, цврст е материјалот, собира многуууу. Само е тенка како што реков и се гледа не би собрало некој подебел парфем, пример. Али за тие пари е екстра, беше 10ф ама со попустот дојдоа заедно со патиките и градникот се ми дојде 2040 денари. Епа тоа нема ни во београду Патиките ми се ептен цаканки, ептен се убави исти ко на сликата, удобни се и тоа многу преес ги пробав со термо чорапи предебели и влегоа. 39 број, комотни ми се тој број го носам значи дека одговараат на нашиве калапи. Патиките се 10+, а ташната ми е 9 само зашто јас очекував стварано помала. Градникот нема да го сликам од разбирливи причини Само калапите не им се баш океј или моиве другарки се вансериски, корпа C и пак ми излагаат малце. Ама е многу убав и материјалот е мек, многу. Патики Taшна(или ташниште ) Сега се молам само да ми стигнат работите најмногу на свеееет, значи прекрасна е кошулата, ја чекав сто години и сега ми ја нема те молам стигни те молам П.с извинете на сликиве не се нешто кузнај што но немам батерии за апаратот.
1-Бендисав фустанче, величините се од УК 6 до УК 18. Останата е само број УК 12. Која големина е таа??? Л? 2-Бендисав второ фустанче, 25фунти. Скапо е или да чекам попуст?
http://www.asos.com/infopages/SizeGuide ... chart.aspx Eве ги броевите, мислам дека најубаво е да измериш обем како што е објаснето за да видиш кој број најмногу ќе ти одговара. UК 12 одговара на конфекциски број 40 или UK M.