@karenin и јас сакав да порачувам фустанчиња ама ми се гледаат некако прекратки на моделите што ги носат, висока сум 174см и отприлика сум УК10 ме интересира во живо дали се толку кратки, т.е. за мојава висина дали се тамам, да не згрешам ако порачам? Стам, едното ми е мн. кратко. Другото е пристојно. Јас сум висока 165 см па значи тебе ќе ти бидат дури и пократки. Но се разбира се зависи и од моделот.
20% на нови колекции. Конечно нови производи на попуст. Хипстер наочарите ни се на попуст http://www.asos.com/Women/Asos-Collecti ... _ASOSPromo
Ми стигна корсетот и врска нема со УК12 или 40, јас носам 38 ама ова ич не ми влегува. Помало и од S е . Среќа сестра ми носи мало брочје па ќе и го поклонам. Внимавајте кога нарачувате, најдобро е да се измерите.
Може ти го утнале бројчето скроз... Роси имаше случка таква, наместо L прстенче, по грешка и испратиле S и и било мало, а мене истото ми го испратија како што треба. Пиши им меил, може ќе понудат некакво решение или код со попуст.
Можеби знаете, јас штотуку открив дека и овде има награди за аутфити исто како на поливор http://fashionfinder.asos.com/competitions Пак ли ќе се навлекуваме ?
Сеси господ здравје да ти дава и еден купон од асос, ама изгледа јас ќе имам ново хоби Абе дајте некој код со попуст, вишок ако ви се мотка Мојот до завчера важеше не го искористив немаше ништо по мој вкус, се беа останати понеубавите работи, а денес од новава тура попусти има неколку работи кои се
Пак јас Мојата нова порачка на 5ти март што треба да ме израдува Не знаете колку месеци ги имам наочариве во листата зачувани. Само да ми стигнат мхм Ланчето не беше планирано, ама за 2 фунти, џабе е.
Aко било УК12 значи имаш обем на гради околу 91 и половина околу 78, според ова се совпаѓаат твоите мерки со тоа бројче? Баш ме интересира зошто и јас сум за УК12 според мерките ама ако не бива според меркиве тогаш џабе Сакав и јас сега да ги нарачам 3те фустанчиња што ги пикирав ама со бројкиве се подзамислив, ај баш пиши ако не ти е тешко со фустанчето што ќе бидне.
Може. Најдоле во ќошот имаш кои картички се ''валидни'' за порачување. http://www.femina.mk/out/?id=20bc262185 ... %3D1605067
Пишува на насловната страна на Асос дека е FREE DELIVERY WORLDWIDE, а царина се плаќа за нарачки кои надминуваат 45 евра.
ја видов случајно темава.. на странава асос првпат наидувам.. ама нема баш евтини ствари, а и како нарачувата ?? преку картичка така? и треба да имаш acc на странава така?? има ли некој нарачувано? за колку вр од прилика стигаат?
Ефтини работи барај од тие што се на попуст, другите се поприлично скапички. Се нарачува/плаќа преку картичка исто како преку Групер, Колектива... Да. Па скоро сите што имаат дискутирано на темава имаат порачано. Провери ги наназад постовите има се што те интересира За 8 работни дена од датумот на испорака.
А кога ја правите нарачката доле пишува едно известување со минимални буквички, дека можно е над 2100 денари да се царини нарачката. Убаво го прочитав тоа баш вчера. А над 45 евра 100% се царини, а царините не се нималку мали. На 45 евра ќе испадне 15тина евра отприлика според мои рачуници, значи може е + или - евричи, но не е малку.