Значи се убив од барање, и прочитав уназад на девојка што прашала за кодовите како што (т.е. каде да се стават) ама јас неможам да најдам и веќе се нервирам. Ќе сака да ми објасни некој? Фала многу. ЕДИТ: Го најдов
Кога ќе дојдеш до опцијата за плаќање,ќе кликнеш на Promo code or NUS Extra student number и ке ти отвори мало прозорче каде треба да го напишеш кодот.
Да ви споделам и јас искуство..ги добив кондуркиве во рок од ЕДНА недела значи се надминаа себе си со брзината на пратката иако ги очекував доста покасно.Да напоменам нели дека одбрав бесплатна достава . Супер беа спакувани, не доплатив апсолутно ништо, точни ми се како бројче, е единствена маана што им најдов е дека на сајтот личеа порозевки вака многу nude испаднаа ама ипак се сон Еве и сликичка да ви доловам колку се ептен прекрасни И не се мислете многу тие што се нечкате за џабе пари има безобразно добри работи!!
wow ств се прекрасни со здравје да си ги носиш и јас сакам да си нарачам нешто мн се радувам што дознав за странава и што доставуваат и кај нас.. поззз
јас кога ги купив беа во делот кондури на попуст..сега побарав за да ти пратам линк ама не ги наоѓам ни јас значи е многу можно да ги нема веќе
А не би било лошо кога ќе најдете некој код да го споделите мислам не на оние на страната туку некои од други страни, јас неможам да најдам сите се истечени... Инаку мал е овој попуст, мислам дека ќе следува поголем нормално затоа гледам не ми се изпразни скоро ништо од saved обично кога нешто е доста симнато за пола саат цела страна ми е цела црвена. Ми стигна и другиот пакет, малку каснеше, ама не сум го подигнала, немав време денес да го земам, утре сто посто. Инаку да споделам една работа што ја заклучив, нашиве од царина изгледа се многу подобри него што ги мислиме и збориме. Еве за пример прво во хрватска над 20 фунти или над 22-23 евра се плаќа кај нив царина лежарина итн, итн. После кај нив редвоно ги викале од царина ако се посомневале дека работа е поскапа него напишаната сума, и морале да ја носат сметката т.е да докажат колку платиле. Пaкетите често им биле отварани, лепени, а кај нас ретко се случио тоа. Така да ако ви е отваран пакетот може не се од пошта туку од царина тоа. И плус нели сте приметиле дека кога купуваме со кодовите на пакетот не ни е цената со попустот со кодот туку со неговата цена. И мене ми беше еден пакет цена без попуст 40 фунти ама со попуст ме беше точно 30.50 И јас се исплашив на момент дека можеби да ми дојде царина,ама касно беше веќе нарачката беше одамна пуштена. И среќа се си помина убаво, без царина. А на хрвативе им наплаќале царина иаку не сме платиле повеќе од 45 евра. За наша среќа нашиве најверојатно не се замараат толку многу да проверуваат до денар колку е, барем до сега. Да се надеваме дека и така ќе продолжи. И кажете после дека имаме, лоши закони и лоши и строги цариници ај да ве видам
Јас денес си нарачав една сукња. Е сега ме мачи големината дали ќе ми се погоди, а и што ми пишаа дека треба да ми стигне дури на 7ми март. Тоа е за точно 2 недели од денес, и друг пат сум нарачувала па ми стигале за 5 дена, ова ме збуни.
Зависи се од тоа колку нарачки имаат, и од невремето. Мене една ми каснеше 10 дена, ама ми стигна! А скоро на секој од нас до сега му требале барем 10 дена за да му стигнат! Јас не сум имала нарачка да ми стигне за помалку од 9-10 дена, е сега незнам за вас. А ако не ви стигне до 14 дена од денот кога ви било пишано дека ќе ви стигне пишете им ако треба и по 10пати и ќе ви ги вратат парите. Еве баш другарка ми чекаше и им пиша. И рекоа ќе проверат и ќе и пишат. И не ја најдоа нарачкета а поминаа повеќе од 15 дена и за едно 10 дена ќе и бидат парите на сметка! Сега чекаме да и ги вратат. Сега за сега се океј професионални!
Денес ми стигна џемперов многу порано од очекуваното (односно многу пред претходните нарачки) и сум презадоволна. Изгледа и стои многу подобро од очекуваното, одличен квалитет и плетка, тежок, дебел и топол... Одличен за на пролет и есен. Спојлер Моите слики со лош квалитет зошто се од телефон, инаку бојата е идентична како таа на Асос.
Jас по населбата бидејки на овој начин ми стига во поштата што ми е тука во населбава, а ако внесеш 1000 Скопје во главната пошта ќе треба да го подигнеш. Не е ништо страшно, само како повеќе ти одговара така внеси, сепак ако поштата од населеното место ти е одма блиску до тебе зашто да одиш до главната пошта
Внесов веќе по населба и јас, прва нарачка ми е, штикли се, па на 8ми март ги чекам. Таман, да ме израдуваат за денот на жената
Девојки, ве читам одамна па конечно решив да се регистрирам и да споделам некои искуства со вас. Вака, нарачувам од АСОС веќе неколку години, и не сум имала никогаш проблеми освен еднаш кога нарачав капут кој ја надминуваше сумата од 45 евра, па освен што платив царина + ДДВ, платив и лежарина и шпедиција. Се вкупно ме чинеше околу 100 евра плус вредноста на нарачката. Да не ја спомнувам услужливоста на тетките таму, поради кои чекав уште 10 дена да си ја подигнам нарачката, дека нели не се спремале документи за царина побрзо! Е сега, сум нарачувала и од други сајтови и се случувало да стварите ми ги пратат препорачано по обична пошта (не UPS, обично од таму ми стигаат стварите од АСОС) и сум ја плаќала само вредноста на царината, обично 15% плус ДДВ. Им пишав на АСОС порано, не знаеја да ми објаснат. Дали некоја од вас знае што е работата, дека стварно ме иритира да плаќам лежарина од 1500-2000 денари/на ден и триста други без врска давачки за ваква ствар?
да споделам нешто со вас во врска со капава Прекрасна е, вреди за парите, мислам 210 денари не е ни скапо за турбанче само малку е тесно Абе се смееме со колегиве ме зафркаваат да беше босанка или галичанка немаше да ни биде чудно Не стварно, доста е тесна, а јас мало главче имам Ама со носење се раширува, и мајка ми рече ќе ми ја средела, како незнам. Aко ја нарачувате да се занаете, ако сте поголеми во главата да не џиткате пари за џабе! И кошулата моја лепота Се помочав од среќа кога стигна Мaтeријалот е прекрасен, и прекрасно стои. Само оваа боја ми се потроши јас начекав онаа шеќер боја