Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Асос и во Македонија

Дискусија во 'Мода и стил' започната од rossonerka, 14 ноември 2011.

  1. Viiiiip

    Viiiiip Популарен член

    Се зачлени на:
    10 јануари 2010
    Пораки:
    837
    Допаѓања:
    400
    Се немам зачленето амамногу интересни работи имаат и сакам да се зачленам ама сакам да прашам што ако се пријавам со една картичка, а во моментот кога сакам да купам немам пари на таа картичка туку на друга? Моето прашање е морам да купувам само со таа картичка со која ќе се регистрирам? :)
     
  2. Lapis

    Lapis Активен член

    Се зачлени на:
    26 февруари 2012
    Пораки:
    3
    Допаѓања:
    1
    Не, не мораш да купуваш само со таа картичка која ќе ја внесеш/регистрираш при првата нарачка.
    Можеш да внесеш повеќе картички (само внимавај, дали со тие што ги имаш можеш да купуваш онлајн, дека пример обичните картички на Стопанска банка не можеш да ги користиш) и да одбереш на крај со која ќе платиш во полето Select payment method & Enter security code. ;)
     
  3. TeaB

    TeaB Популарен член

    Се зачлени на:
    11 август 2010
    Пораки:
    1.868
    Допаѓања:
    543
    Феминки јас да ве прашам нешто :) . Јас имам електронска виза картичка од Стопанска банка. Со таа може да се купува? И ме интересира колку денари изнесува една фунта?
     
  4. Artemission

    Artemission Популарен член

    Се зачлени на:
    22 јули 2011
    Пораки:
    2.031
    Допаѓања:
    15.672
    И погоре во мислењето над твоето пишува дека "обичните картички на Стопанска банка не можеш да ги користиш", ќе треба да си извадиш интернет картичка од СТБ, а 1 фунта е околу 74 денари.
     
  5. Youlen

    Youlen Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 јануари 2011
    Пораки:
    246
    Допаѓања:
    194
    Некој да има искуство со Asos Market Place или нема таков за сега? :(
     
  6. Artemission

    Artemission Популарен член

    Се зачлени на:
    22 јули 2011
    Пораки:
    2.031
    Допаѓања:
    15.672
    Од таму не можеме ние да купуваме зошто прифаќат плаќање само преку PayPal кој нажалост сеуште не функционира кај нас.

    Едит: Туку ја да се пожалам...

    Едната работа е што првите 2 пратки требаше да ми стигнат до денес, но ни трага ни глас од нив. 100% сум сигурна дека ова локалните апаши, овај поштариштава, нешто ја мутат работата зошто другите 2 кои ми стигнаа директно во главната пошта (татко ми работи таму) дојдоа дури и пред предвидениот рок. Се нервирам, почнав да се мислам да нé не стигнат зошто имаше повредни и поубави работи, па некој си ги бендисал и решил да не ми ми ги даде. Утре рано рано, ќе одам до таму да покренам истрага да проверам до каде и што е работата.

    Друго, денес ми стигнаа алките кои со душа ги чекав и во глава веќе ги имав искомбинирано со која гардероба ќе ми одговараат и со што ќе си ги носам. Нажалост сите планови остануваат само во глава, зошто во реалност алките ми се мали :( Значи, немам дебели или големи дланки (барем до сега никогаш не сум имала никакви проблеми кога сум купувала било што) ама овие не ми се фаќаат т.е. не можам да ги протнам никако. Ако случајно некој е заинтересиран (што смета дека има малецки рачиња) да ги види и да ги купи нека ми пише порака. До понеделник ќе бидат кај мене, после тоа планирам да ги вратам назад зошто нема надеж дека некогаш ќе ги носам.

    ASOS XL Metal Bracelet Pack
    [​IMG] [​IMG]
     
    На Hipster му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Artemission

    Artemission Популарен член

    Се зачлени на:
    22 јули 2011
    Пораки:
    2.031
    Допаѓања:
    15.672
    Утрово бев до локалната пошта, љубезно ме пречекаа и ми го предадоа пакетчето (она поважното, другото го немаше и не ни прашав). Причина за доцнењето не ми кажаа, демек поштарот денес планирал да ми го достави ливчето за подигање, али сеедно, сé си е на свое место и пак сум среќна. На сите што ви доцнат нарачките, ви препорачувам да одите до пошта да проверите до каде е работата зошто не сите добро си ја работат својата работа.

    Е сеа битен момент, на пакетот имаше печат на кој пишува "За царинење" и сума од 72 денари, а во пошта ми наплатија 140 денари. Износот на целата нарачка беше 30 фунти (што во евра не надминува 45) и сепак имаше царина.

    Јакната што си ја земав совршено ми стои, како претходно да сум ја пробувала и по мерка сум си ја земала, ланчето е одлично, а ракавичките слатки, меки, топли... Штета што повеќе нема да ми требаат инаку би ги утепала од носење.

    Друга работа, вчера им запнав на алките и земав да ги натнувам на левата рака (која ми е нешто потенка од десната) и ги собра :clap: :rofl: така што не ги продавам, не ги ни враќам.

    Остануваат кај мене, ќе си ги носам само на левата рака :P :rock:
     
    На Hipster му/ѝ се допаѓа ова.
  8. rossonerka

    rossonerka Популарен член

    Се зачлени на:
    13 април 2010
    Пораки:
    4.160
    Допаѓања:
    15.289
    ^ со здравје да си носиш, јакната е топ, за таа цена тука јок, плус од 82 фунти на 20 намалено, повеќе од одлично. А дебела е доста? Или баш за периодов средно :)
    А и мило ми е за алките, ех да можев така мојот прстен да го протнам :lol:

    Инаку на 22ри ја направив нарачката за наочарите и ланчето, датата кога требаше да стигнат е 5ти март.
    Денес сме 29ти и татко ми ми јави дома ми ги донеле, за само 7 дена. :clap:
    Ќе ги сликнам ќе ви покажам после таман.
    Ухууу среќна сум.
    Ајде сонце греј да си ги носам :D
     
    На Hipster и Artemission им се допаѓа ова.
  9. Artemission

    Artemission Популарен член

    Се зачлени на:
    22 јули 2011
    Пораки:
    2.031
    Допаѓања:
    15.672
    ^ Да, за таа цена, таа боја и модел тука нема теоретски шанси да најдам :lol:
    Јакната е некоја средна дебелина, не е за -20 али ко за ова време (пролет/есен) е топ.

    Туку ајде аирлија нека се наочарите и ланчето, па чекаме слики :)



    ЕДИТ: Денес има код со попуст дополнителни 10% на овие работи ---- LEAPDAY10
     
  10. femina90

    femina90 Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2009
    Пораки:
    3.997
    Допаѓања:
    2.350
    Artemission, не знам дали си приметила кога си нарачувала, ама јас кога нарачував пред некој ден пишуваше дека нарачки над 2100 денари е можно да се царинат, веројатно затоа ти земале плус пари ;)
     
  11. Artemission

    Artemission Популарен член

    Се зачлени на:
    22 јули 2011
    Пораки:
    2.031
    Допаѓања:
    15.672
    ^ Кога ги нарачував не приметив, туку кога веќе прочитав тука веќе доцна беше. Како и да е не се многу пари, али ете добро е за другите да знаат дека има големи шанси да им земат пари при подигање и за нарачки под 45 евра (не ги царинат само Хрватиците, туку и нас).
     
  12. Leeloo

    Leeloo Популарен член

    Се зачлени на:
    11 декември 2010
    Пораки:
    645
    Допаѓања:
    290
    Artemission и јас ја гледав истата јакна, само се двоумев околу тоа S (UK10) ; M (UK12). Ја сум М, ама ова UK12 ме бунеше, па кога ја нарачуваше што величина нарача? Според кое се водеше? UK или ова S/M/L? :)
     
  13. Artemission

    Artemission Популарен член

    Се зачлени на:
    22 јули 2011
    Пораки:
    2.031
    Допаѓања:
    15.672
    ^ UK12 или М и ми е таман. Се мислев јас за Л ама добро што не земав зошто ќе ми беше многу широка и долга, а вака е супер.
     
  14. Hipster

    Hipster Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 јули 2011
    Пораки:
    5.779
    Допаѓања:
    22.420
    Пол:
    Женски
    јас имав нарачка со на неа цена од 39 фунти ама јас со кодот ја земав за 30.
    И без царина 8)
    среќа у гз :D
    И сега имам три нарачки сите ми се накај 30 фунти :)
    ЛЕЛЕЛ дај боже да не ми ги царинат, уффф треба да идам да ги земам, и фустанчето е таму, за апсолвентска 8)
    Јадам и одма одам, трк!
     
    На LilBaby му/ѝ се допаѓа ова.
  15. rossonerka

    rossonerka Популарен член

    Се зачлени на:
    13 април 2010
    Пораки:
    4.160
    Допаѓања:
    15.289
    Денес има нова промоција.
    [​IMG]
    Кодот е LEAPDAY10 :)

    Презадоволна од последната нарачка.
    А овојпат дека е помал пакетот до дома ми го донесоа.
    Наочарите ми се нова љубов, совршени :inlove:
    Хипстер ајде нека ти стигнат и твоите па да ги шетаме, ах да и пролет конечно да дојде |(

    Еве ми ги ташната, ланчето и очилата. Прстенот кој ми беше мал го продадов :)
    [​IMG]
    [​IMG]
    [​IMG]
    [​IMG]
     
    На BeYourself, Meggy, mims-89 и 9 други им се допаѓа ова.
  16. TeaB

    TeaB Популарен член

    Се зачлени на:
    11 август 2010
    Пораки:
    1.868
    Допаѓања:
    543
    Феминки ако можете да ми објасните зошто не сфаќам. Сакам да си порачам едно сукњиче но не знам како да се измерам кај колковите. Гледам кај табелата ама не сфаќам има см и инчи :?:
     
  17. ANGEL1

    ANGEL1 Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 декември 2011
    Пораки:
    227
    Допаѓања:
    84
    Пол:
    Женски
     
  18. ANGEL1

    ANGEL1 Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 декември 2011
    Пораки:
    227
    Допаѓања:
    84
    Пол:
    Женски
    Tea имаш табела нели, ти ориентирај се спрема сантиметрите, во инчи нека се мерат англичанките хаха! Мери се на половина , значи струк, и долу на колковите како што е покажано на сликата подолу веројатно ја виде, кај што е најширокиот дел од коската, тука е прикажано на сликата, таа мера е важна за да те собери во сукната инаку џабе ;) и според тоа ќе видиш кое бројче ти одговара!
     
  19. TeaB

    TeaB Популарен член

    Се зачлени на:
    11 август 2010
    Пораки:
    1.868
    Допаѓања:
    543
    Епа Ок. Мене тие инчите ме бунеа... Фала ти најмногу :)
     
    На ANGEL1 му/ѝ се допаѓа ова.
  20. Artemission

    Artemission Популарен член

    Се зачлени на:
    22 јули 2011
    Пораки:
    2.031
    Допаѓања:
    15.672
    Па не се нормални бе.. Каква царина е тоа два пати да плаќаш за нарачката? :?

    Има логика пресметкава, ама јас сепак ќе се подраспрашам по кој основ наплаќаат така кога се царини по каталог, а не по разлика. Ќе пишам кога ќе имам некоја информација плус.