После толку време се решив и јас конечно да споделам за се што порачав од Асос. Досега имам 2 пати порачано и една во тек. Првиот пат, си ја бендивав многу оваа јакна, и бев малку скептична додека дојде, дали ке ми даде точна, како ќе изледа и слично. Првата нарачка ја правев на 8 Фебруари а ми стигна на 18 Фебруари. Кога стигна, ја пробав и малку беше ептен како балерина. Али со тек на време си дојде во ред и јас сум презадоволна од тоа како изгледа, како ми стои. Втората нарачка ја правев на 13 Фебруари и ми стигна на 24 Фебруари. Се си беше убаво запакувана со кутија, па уште една. Пошто овој пат нарачував 2 ланџиња и малку ми беше страв како на Артемисон да не ми дојдат нешто скршени. Анкот не беше за мене нарачан. Другото ланџе да. Само единствено не сум задоволна, што синџирчето е од тие кои што ја кубат косата. И третата нарачка ја направив денеска, пишува дека ке стигне дури 13 Март. И кодот што важи само за денеска LEAPDAY10 важи само за една нарачка.
Ме интересира зошто во пошта ти наплатиле плус? Што е тоа лежарина во пошта ??? Само тоа не ми е јасно во приказнава! А тоа само тие можат да ти објаснат!
дечки еве сега земав 2 пакети и тоа фустанов за апсолвестка е тачно 33.50 со попустот беше 30 фунти и пак не го царинеа! И имав и еден прстен во друга нарачка и обетките! И се беше не треба да се царини! Мислам ливинг имаше нарачувано патики од 34-35 фути и исто не и беа царинети! Абре си праат како сакаат. Битно роси нема наочарите Фустанов дури 5 дена порано, а наочариве уште ги нема, ќе си пукнам! Ќе стигнат вајда, да не паничам, можи ќе ми каснат како претходно малку! Јас одма паника И да ви се пофалам за обетките и за прстенот, среќа пред да порачувам се премислив место С земав М, таман ми е, Л ќе ми беше преголем. Прстенот, само лошо изгледа незнам зашто, инаку се прелива сиво-бела! На денска светлина мислам дека е поекстра. http://www.asos.com//ASOS/ASOS-Oversize ... id=1439767 И обетките, ама блицот зафркава, лошо изгледаат, инаку баш се исти се како на сликата. како се спакувани за мераци http://www.asos.com//River-Island/River ... id=1888585
Дали има некој од тука што купува со електронска картичка виза? Значи кога пробав да купам не ми го бројот на картичката. Јас го внесов тој што е на самата картичка и не сака
Затоа што немам пари на сметката додека не пуштат плата , па залудно да не ги барам и секој ден да проверувам нешто да не е продадено веќе а што сакам да го порачам.... сега е појасно.
Јас да ве известам дека порачав со картичка од Стопанска банка. Се јавив во контакт центарот на банката и ми објасниа што сум згрешила. Многу сум среќна... сукњичето треба да ми стигне на 14
Прашај ги иако јас не верувам да е до асос, може од кај нас да каснат. Најубаво ќе ти биде да си прашаш.
Зависи, понекогаш поминуваат, понекогаш не. Еве пред некој ден имаше код LEAPDAY10 со 10% попуст и ми помина на намалена ствар од SALE секцијата. Останува да пробаш
Девојки, ова ми стигна сабајлево на меил: Thank you for your recent order. Unfortunately we have been unable to obtain authorization from the credit card company to charge your account for the order detailed below, so your order has been cancelled. Што е работава? Не се разбирам со кредитниве ич
Не ти ја прифатиле картичката зошто или немало доволно средства или со неа не можеш да плаќаш на интернет (ова второво ми е поверојатно). Пробај со некоја друга...
Кога бираш со каква картичка купуваш јас стиснав електронска виза а требало обична виза. И таму кај што пишува носител на картичката јас пишав само име а требало и презиме, а бидејќи во моето презиме има буква ж ми рекоа да ставам з. Ете тоа
Што убаво ме изненадија овие од асос. Ми стигна сукњата со еден ден задоцнување, ама точно темпирано за 8ми март. Сама ако не си купам нешто на кој ќе му текне... Инаку адресата не ми ја пишале целосно, па пратката одела преку раце на неколку комшии додека стигне во мои. Али се е добро што добро ќе се заврши.