Еднаш им имам пишано на оваа адреса care@asos.com и не ми одговорија ништо Сега сакам да им пишам пак бидејќи 1 ланче не ми стигна па се мислам дали пак на оваа или ако има некој друга нека ја пише/прати во ЛП.
Мене денес требаше да ми стигне пратката, ама нема ни трага ни глас. Се мислам дали да си проверам сама во пошта Инаку јас сум забележала дека понекогаш се жалат и на нивната фб страница и им одговараат, пробајте и таму
Мене ми доцнеше порачката, всушност ВООПШТО не ми стигна, бев во пошта, не добиле ништо. Пишав на Асос, во тој Customer Care делот, ми кажаа прво да почекам дополнителни 9 работни денови, почекав и се’ уште ништо. Па вчера вечер им пишав повторно и ми вратија со следниов мејл: “Thanks for getting in touch, and I’m sorry to hear you’ve not received your order. After checking your order and confirming that you’ve not received it, I have processed a replacement for you with our quickest available delivery service and it will be sent to the original delivery address... You’ll shortly receive a despatch confirmation email.’’ Е сега, претпоставувам дека ќе ми пратат нешто друго, така сфатив од мејлов, само што уште не ми стигнал мејл дека е испратено, па ќе видиме што ќе биде..
Да, да на истиот, со тема - Where is my order (нели има теми да си бираш за што пишуваш), со тоа што прво ми го разгледаа општо, веднаш ми вратија мејл дека некој вработен детално ќе го разгледа, и дека ќе добијам одговор за максимум 4 часа. И навистина го разгледуваат проблемот, проверуваат пратка, и некој лично ти одговара, баш се фини
Нема да ти пратат нешто друго, туку истото што си го порачала. Ако го немало истото на залиха ќе ти ги врателе парите, а бидејќи веројатно го има, ти испраќаат исто пакетче.
Јас да ви се пофалам, си ја земав пратката, не добив никакво известување, сама си отидов во пошта, а била стигнатa уште вчера(ден порано) Инаку станува збор за штикли, салонки, бројот е погоден, не се воопшто оштетени, единствено бојата е малку поинаква од сликите, што е и нормално. На сликата делуваат повеќе крем, во живо се нешто меќу крем, нежно розе и праска боја (ај сега замислете ). И да, платив некаква поштарина од 130денари.
Случајно сега видов дека на пакетот ми пишува дека за царински преглед наплаќаат 72 денари (мислам дека и на Артемишн и имаа земено толку) иако пишува и дека е ослободено од царина.
Е вака, мене ми ја пуштиле пратката, ме известија по мејл “Hi, Just a quick update... your order is now on its way to you. It'll be with you soon...’’ И бидејќи има и линкче за следење до каде ми е, најверојатно ми ја пратиле по некој експрес delivery јас колку што сфатив од мејлот. Баш да видам што чудо од replacement ќе ми стигне, зашто тоа што го нарачав јас оддамна го нема
Да, да буквално така пишуваше. Имаше печат на кој пишуваше дека е ослободено од царина, а тука во близина налепница со цена од 72 денари исто така за царина. А од каде таа сума од 140 (тебе 130) стварно не знам.. Можеби бакшиш за поштарот или ситно за пивце
A нели може да си прашаш директно на пошта зошто ги плаќаме тие давачки кога еве како прво е ослободено од царина а како второ и еве да треба да се плати како што пишува 72 денари за царина за што се тие 70 плус.... јас чекам пратка и ако ми земат пари (а се надевам нема да ми земат) ќе ги прашам да ми објаснат деталнооооо .
Да ти кажам право на крај памет не ми беше да прашам зошто едвај ја чекав пратката и 500 денари да ми речеа да платам, ќе платев. Тој печатот и цената не ги видов кога бев таму, ги забележав после кога си дојдов дома ама веќе беше доцна за прашување. Тоа би било тоа, затоа и пишав за некој друг ако има слична ситуација да си знае и ако го интересира да си праша.
Веќе недела дена касни праткава, им пишав во асос ми рекоа да чекам. Колку ви каснеше на вас пратката?
ПИ*КА им материна нивна, се ис*курназија, и мене еве прв пат ми стигна да платам 102 денари, ама не пишува дека е за царина, туку за царински преглед. Дeмек ти земаат 100 денари или 70 сеедно затоа што ти го прегледале пакетот и горе е отваран и пишува дека бил од царина прегледан. А 20 фунти ми е тоа е 1400 и денари. Нејсе не е многу 100 денари ама не е фер, јас и со 30 и нешто фунти нарачував денар не ми стигна за плаќање екстра. Да знаев дека ќе е вака ќе си нарчав и над 40 фунти порно немаше да ме царинат. А наочарите ми стигнаа на 5 точно без денар. А сега 3 дена покасно со царински преглед. Лакоми и без критериуми Да се пофалам што си земав од ривер, на мега попуст беше кога беше бесплатен шипнг Спојлер за точно 2100. преслатка е А ташната ја откажав, премала е, т.е не е тоа ни ташна.
И мене ми каснеше, па ми рекоа да чекам 9 работни денови, почекав и не стигна. Па ми испратија нова, овојпат можам да ја следам до каде е
Мене треба да ми стигне во Среда. Ако ми касни одма ќе им пишам. Глупаци, само да се нервираме ни прават.
Де бре женски, оладете малце. Ќе стигни, плус самите ви кажаа - почекајте околу 9 дена. Посекако ново ќе ви пратат, или парите ќе ви ги вратат (иако можеби некој си го зел за себе). Мене еден пакет од странство, ми каснеше 2 недели + ако се изгубеше - немаше кој да ми пушти пак. Така да, уживајте, не се нервирајте ако не стигне на точниот датум.