Да се чува и бројчето и бојата ако има за избор. Инаку и јас чекам нова нарачка, начекав фустанче на 5.5 фунти симнато, следната недела треба да стигне па ќе видиме.
Девојки, да ве прашам, како може да си направам цените да ми ги покажува во фунти на сите парчиња? И уште нешто...бројчињава на обувките како идат, еве пример јас носам 38ца, и сега од овие тука кое би ми одговарало..не сакам да утнам
Еве ти линк каде да си видиш, иако мислам дека 5 тебе ти одговара. http://www.asos.com/infopages/SizeGuide ... chart.aspx.
38 одговара на UK10, а најдобро е да си се измериш на 38 одговараaт мерките за Bust 86cm, Waist 63cm и Hips 93,5cm.
Шмрк Шмрк Прва нарачка и касни.Требаше до 3-ти април, ама јок. Ми пишаа уште 9 дена, па ке си чекаме...
Им побара нова пратка или да ти ги вратат парите? Бидејки даваат 9 дена (работни) отстапка, па еве и до мене уште 9 гратис-ама после ке си инсистирам на пари. Башка фустанот го планирав за една свадба деновиве
Јас така правев два пати по 9 дена чекав и на крај се изнервирав и им пишав дека ми е хитно и за неполни четири дена по брза постапка си ја имав сукњичката кај мене.
Девојки ми треба некој што се разбира околу величините за купачи. Сакам да го нарачам овој модел, ама ептен ме бунат величините. Јас носам 75B. И малку не ми е јасно зошто 8-цата е оставена најдолу, а нели логичко по бројче треба да е најмала и од најмало кон најголемо да оди. http://www.asos.com/ASOS/ASOS-Mix-Match ... psy+purple
Феминки јас сакам да ги порачам овие купачи http://www.asos.com/pgeproduct.aspx?iid=1828417 Е сега величините ме збунуваат. Во градите сум помала, а во задникот подолема. Што да правам?
Mи стигнаа јакната и купачите и зафркнав што земав долен дел УК12. Горниот УК10 е топ, требаше и доле УК 10 12кава ми е малку голем, таман ќе ми бил 10ката. Сега мајками може да ми ги зашие ама така по бабски ќе станат. Се мислам дали да си нарачам уште еден долен пар и онака долниот е 6 фунти Јакната е супер за 4 фунти, т.е помалку од 300 денари, ма пресупер Си нарачав денес и патики, за сестра ми