Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Асос и во Македонија

Дискусија во 'Мода и стил' започната од rossonerka, 14 ноември 2011.

  1. passion.for.fashion

    passion.for.fashion Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 мај 2010
    Пораки:
    396
    Допаѓања:
    87
    Зошто некои работи во saved items прво ми ги покажува со црвено - out of stock и после друг ден глеам пишува low in stock, значи дека некој ги има нарачано па ги вратил или? :^)
     
  2. Artemission

    Artemission Популарен член

    Се зачлени на:
    22 јули 2011
    Пораки:
    2.031
    Допаѓања:
    15.672
    Не туку некој ги држел во кошничка, па откако поминало времето се ослободиле. Обично кога некоја работа ја нема подолг период, па се појави на залиха, значи дека некој најверојатно ја вратил.
     
    На passion.for.fashion му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Amateuress

    Amateuress Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 април 2012
    Пораки:
    16
    Допаѓања:
    8
    Девојки, мене ми касни нарачката веќе 2 дена, уште не ме фатила паника заради велигденските празници, ама сакав да се јавам во пошта и да прашам што се случува, гледам од постовите понекогаш кај нас ги задржуваат. Е сега, се мислам во која пошта да се јавам. Дали да се јавам во главна кај железничка, или во центар, или во локална? Јас сум во Карпош 1, ама поштичката кај нас ја затворија, мислам дека следна што ми е најблиску е таа кај универзална, ама пак немам поим. Ако некој знае кај да вртам, please пишете.
     
  4. TeaB

    TeaB Популарен член

    Се зачлени на:
    11 август 2010
    Пораки:
    1.868
    Допаѓања:
    543
    Феминки ми треба помош зошто сега многу се збунив во врска со броевите.
    Проблемот е во тоа што сакам да си порачам фустанче, но градите ми одговараат на ук8 а задникот на ук10 и сега не знам кој број да го нарачам.
     
  5. rossonerka

    rossonerka Популарен член

    Се зачлени на:
    13 април 2010
    Пораки:
    4.160
    Допаѓања:
    15.289
    Теа и јас сум слична на тебе, горе УК10, доле веројатно УК12. Иако по купачите се збунив и има шанси следен пат и УК10 да нарачам.

    Сепак она што сакам да кажам со нашата форма на телото јас воопшто неможам да си најдам соодветно фустанче во оваа форма. Ако доле ми е добро горе ми е големо. Ако земам помал број од горе е супер, на газот неможам да го вовлечам. Тоа, имаме тријаголник форма. Така да не ризикувај со ваков фустан. Освен ако е памук или растеглив некој материјал па да се шири многу.
    [​IMG][​IMG]


    Ама другите видови фустани се широки кај колковите. И тука немаш проблем, зимај си УК8, зашто треба кај градите да ти е добар. Вакви фустани имаш милион, овие 2 се само пример на што мислам.
    [​IMG][​IMG]

    И ова заборавив. Имаш кај size guide CLOTHING - SINGLE SIZE втората табела и ќе видиш сантиметри за бројчињата. Па земи си дома и измери се и види дал сигурно си УК8 и УК10.
    И јас многу внимавам на облеката по бројчето што го носи моделот и по материјалот, се шири или не.
     
    На sunfemina му/ѝ се допаѓа ова.
  6. goddess.Of.chaos

    goddess.Of.chaos Популарен член

    Се зачлени на:
    1 јуни 2011
    Пораки:
    1.068
    Допаѓања:
    1.094
    Има ли некој направено нарачка над 45 еу и ако да, која била после тука царината?
     
  7. kolovoz

    kolovoz Популарен член

    Се зачлени на:
    9 мај 2011
    Пораки:
    1.666
    Допаѓања:
    6.223
    мене ми каснеше 3 дена и ми стигна ....требаше во понеделникот д ами стигне а ми стигна во петокот така да не се грижи ке ја добиеш
    Инаку мене ме интерсира која бројка ја купувате во мк (кај нас де) а која на асос и јас сум како вас горе тесна доле широка ....Кај нас кога купувам секогаш земам 36 а овде одговарам за 38 односно 10ка ...и јас се мислам како вас ....Па затоа ако има некој кој купил фустан да каже кој број е овде (најчесто го има во орманот ) а кој го порачал...
    А и мене ме интерсира како оди царината со нарачка над 45 еур јас вака го разбрав ова...
    цитирам ...
    Доколку примачот е физичко лице, плаќањето на царинските давачки и ДДВ се врши на еден од следните обрасци:
    -Поштенско царинска декларација: ако вредноста на стоката во пратката е помала од 800 ЕУР во денарска противвредност и се применува единствена царинска стапка од 15 % и стапка на ДДВ од 18% или 5% во завосност од видот на стоката. Неа ја пополнува царинскиот службеник, а давачките се плаќаат при приемот на пратката
    дека ако стоката е да речеме 50 еур за неа плаќам 15% царинска стапка + 18% ДДВ а тоа значи на тиа 50 еур ке имам 7.5еур царина и 9еур ДДВ или се на се 66.5 еур ќе ми се фати да речеме фустанот, тие 16.5еур (царината и ДДВто) во денарска противвредност ке ги платам кога ке ја земам пратката од пошта или кога ке ми ја донеси поштарот пред врата
    некој друг да даде некое мислење :^)
    а сега секоја чест на тие на кои ке им ја прегледаат и ке одлучат дека таа не подлежи на царина ;)
     
  8. TeaB

    TeaB Популарен член

    Се зачлени на:
    11 август 2010
    Пораки:
    1.868
    Допаѓања:
    543
    Росонерке баш сега се мерев. Градите ми испаднаа 81 а задникот 91. Сакам некој од овие два фустана да порачам
    [​IMG]
    [​IMG]
    Но, тој вториот нема ук8 има ук10. Што би направила да си на мое место?
     
  9. marama

    marama Форумски идол

    Се зачлени на:
    20 април 2010
    Пораки:
    6.433
    Допаѓања:
    91.614
    Пол:
    Женски
    Девојки другарка порача на моја адреса некои работи, меѓу кои и еден фустан за мене. И утрово стигнало известување дека се стигнати и при подигање да платам 3260 денари. Јас немам толку во моментов, а треба да ги подигнам за 2 дена.
    Ако не ги подигнам ќе ги вратат? Со царината што ќе бидне?
     
  10. kolovoz

    kolovoz Популарен член

    Се зачлени на:
    9 мај 2011
    Пораки:
    1.666
    Допаѓања:
    6.223
    3260...wow :o oва е многу ....колкав ти беше тебе пакетот, односно колку се те чинеше(она што го порача од асос)...како и да е многу е
    Искрено се надевам дека со другаркати ке ги соберете парите.....Ова стварно е многу :o
     
  11. marama

    marama Форумски идол

    Се зачлени на:
    20 април 2010
    Пораки:
    6.433
    Допаѓања:
    91.614
    Пол:
    Женски
    Моето од 10 фунти фустанче, а нејзините не знам точно колку се.
    Не знам ако не ги подигнам, после да не ми ја лупнат сепак царината да ја платам.
     
  12. TeaB

    TeaB Популарен член

    Се зачлени на:
    11 август 2010
    Пораки:
    1.868
    Допаѓања:
    543
    Со фустанче од 10 фунти не следува царина. Сте требале одделно да порачате.
    Не се разбирам баш јас најубаво во врска со царината, но мислам ако не подигнеш во одреден период ќе треба да платиш и лежарина.
     
  13. Youlen

    Youlen Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 јануари 2011
    Пораки:
    246
    Допаѓања:
    194
    Е вака, денес најверојатно ќе ја направам првата порачка, па ми треба малку помош. Пред се сакам да прашам дали е можно да го царинат часовникот, којшто не надминува 45евра, но бидејќи е Casio, да не имаат некои посебни третмани спрема вакви брендови, или за сите е исто: нарачка до 45 евра не се царини? И уште нешто што сакав да прашам, што се пишува на шипинг адрес, а што на билинг?
     
  14. Blanca

    Blanca Популарен член

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    725
    Допаѓања:
    505
    Феминки како да дознаам колку cm е каиш со број M/L, L/XL и one size? Им пишав на сајтот ама како роботи одговараат, не сум пишала во правилниот subject - таков subject нема. А јас сакам точно да знам :!: :)
     
  15. TeaB

    TeaB Популарен член

    Се зачлени на:
    11 август 2010
    Пораки:
    1.868
    Допаѓања:
    543
    Не знам баш да ти одговорам за часовникот. Најубаво ќе биде до 2100 денари да правиш нарачка бидејќи после тоа ризично е. Иначе јас и на шипинг и на билинг ја имам напишано истата адреса.
     
  16. kolovoz

    kolovoz Популарен член

    Се зачлени на:
    9 мај 2011
    Пораки:
    1.666
    Допаѓања:
    6.223
    на шипинг ти онаа за достава
    а за билинг ти е адресата која ти е оставена во банка која треба да се совпаѓа со картичката со која плаќаш
    јас имам различни адреси и порачувам вака
     
  17. Youlen

    Youlen Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 јануари 2011
    Пораки:
    246
    Допаѓања:
    194

    Ти благодарам за помошта, јас на билинг ја напишав адресата што ми е дадена во банка, а на шипинг домашната адреса, бидејќи ми се две различни адреси.
    Инаку, пријатно сум изненадена од коректниот однос на царинската управа, утрово на нивниот веб сајт го поставив истото прашање околу часовникот и ми одговорија истиот ден на е-маил адресата, и одговорот беше дека никаква пратка до 45 евра не се царини. Па поздрав до сите што си чекаат нарачки, ќе ме има веќе и мене почесто на темата :)
     
  18. laryla

    laryla Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 февруари 2012
    Пораки:
    231
    Допаѓања:
    229
    Леле,ни јас во ова не се снаоѓам.А хелп плис некој што има искуство.Немој да купам па да треба да го дупчам ,па да го унаказам. :)

    Кој знае ,нека каже,се спремам еден каиш да порачам. ;)
     
  19. Leeloo

    Leeloo Популарен член

    Се зачлени на:
    11 декември 2010
    Пораки:
    645
    Допаѓања:
    290
    Нов код за попуст валиден до 1 Мај 2012.
    10% проценти.
    Се користи само еднаш.

    *Enter promo code BONUS10 at the checkout to get an extra 10% off items in the mid-season sale or full priced items on the site. The code is valid until 9am BST 1 May 2012. Valid on selected items only and on orders up to a maximum of £500. Only one promo code can be used per order.
     

    Прикачени фајлови:

    • untitled.JPG
      untitled.JPG
      Големина на фајлот:
      84,4 KB
      Прегледи:
      260
  20. TeaB

    TeaB Популарен член

    Се зачлени на:
    11 август 2010
    Пораки:
    1.868
    Допаѓања:
    543
    И кодов мора да се искористи :) . Ќе банкротирам јас вака ако продолжам :D