Јас го искористив попустот и си купив утрово балетанки и сандали Пишаа дека најдоцна до 2 Јули ќе стигнат, ама јас ги добивам за 1 недела најмногу. Ми соу хепи! Спојлер Инаку носам 40/41 во зависност од калапот и нарачав UK size 8 па би требало да се добри.
Се извинувам за OFF TOPIC ама сакав да се изјаснам Јас колку што имам приметено немаат лажни етикети затоа што нешто ако купам од таму и се погоди да биде марка, истиот производ можам да го најдам на интернет на страната од марката. Исто така ако би биле лажни етикети не би имале сериски броеви на нив од вистинскиот производ. Плус се гледа и по квалитетот и изработката на алиштата марка што се, дека не се имитација... Овие парчиња што ги носат се само некои залутани на граница од нигде никаде и затоа ги продаваат толку ефтино и затоа има толку малку количини од еден модел... Плус имам приметено дека некои од алиштата ги продаваат со Price Tag од вистинската продавница со цена во Фунти или во незнам што... На пример имам купено маичка ASOS од таму и си ја најдов на странава на ASOS потполно истата по сериски број... За фалш, има на некои некоја флека ама на некои нема потполно ништо и се непипнати...
Леле алал да ти е , како така ги добиваш за една недела најкасно??? Мене секогаш ми каснат и на крај немаат во залиха да ми препратат и ми ги враќаат парите
^ Имам близок во главната пошта, кај него ги адресирам и ги подига за мене па затоа за толку кратко време ги земам. Претходно кога ги адресирав дома чекав по 2 недели, а само еднаш не ми стигна.
Теа ти ќе да си некој малер, до сега и мене само една не ми стигна, дури една и после 2 месеци стигна, ама битно ми стигнаа обетките, а веќе ги отпишав Инаку мене ми е мачна постапката за враќање на парите, 10дена нема грешка, јас по месец имам чекано да ми легнат на сметка Дали е до тутунска незнам, ама што е многу многу е. Јас сум под казна имам забрана за купување од асос од сите блиски Во август може да се початам нешто знам дека тогаш се наоѓаат и екстра екстра попусти за по 3-4 фунти маички. Ах дури ни не ја отварам страната, не зборам за асос ни темава не ја отварам, ко зависник сум. Али што има има преубави работи. Јас да ви се пофалам ама немаше никој како мојот фустан на апсолвенска абре немаше човек да не ми рече од кај ти е Дури и не им се веруваше дека е само 2000 денари, од Скопје па другаркиве се изнафрлаа по 4000-5000 за поштосно фустанче
Се што имав пикирано и ми стоеше во save листата со месеци сега со попустов од 70% + 10% ми отиде во неповрат набрзина, се искупија Да знаев ќе чував парички на сметка, од 40-50 фунти цените стигнаа до џабе суми.
321GO за 15% помалку, важи до утре. Јас после толку долго време се потрошив пак, посебно кога го видов кодот морав да го искористам, иако не планирав да купувам ништо денес. Часовников го манијачам со месеци, претходно имаше еден сличен ваков, многу сличен,и се покајав што не го земав а тој беше поевтин и од овој. Со 15 посто помалку, не дојде така многу со оглед на тоа што ужасно многу сакав ваков часовник. http://www.asos.com//Oasis/Oasis-Mop-Ro ... id=2018139 Се мислев многу помеѓу овој и златниот, но овој ги освови моите симпатии, и едноставно попуштив.
девојки ај ве молам малку помош. сакам да си порачам едни балетанки, со виса интернет на дечко ми. Е сега во billing адреса треба да ја напишам таа од личната карта на деко ми, така? Пошто ние живееме во Скопје под кирија во shipping да ја пишам адресата од станот, така? Ке има некој проблем? И дали да се пријавам на страната со податоци, маил од дечко ми или може мојот е-маил? Кога ви стигаат нарачките во стигнува некое исвестување дека е стигнат пакет и треба да се оди до поштата или ти го носат дома пакетот? сакам да ми стигне во Скопје на адресава. ако не да се пријавам со податоци од дечко ми, да не има три различни имиња или како? Плис хелп!
Во врска со адресите е така како што си пишала т.е. во billing треба адресата што ја има на картичката за да нема проблем со наплаќање и сите податоци што треба да се совпаднат со тие од картичката (име,презиме,број на картица и сл). Shipping е за да ти стигне на адреса каде што си моментално. Маил можеш твој да си пишеш и ќе ти стигне на него потврда за нарачката, а ќе ти пишува и за колку работни денови ќе ти стигне отприлика. Инаку на сите различно им стигаат пратките. Мене лично поштарот ми ги носи на врата и сум се погодила дома така да немало проблем, а некои имале и картички за да си ги подигнат од пошта или ваљда исто така треба да е ако во моментот не те најдат дома (само има случаи и кога не се дома луѓето, па поштарите си ги оставаат пред врата пратките).
Во адреса 1 напиши ја адресата на која што ти е картичката, адреса 2 остави празно. После кога ке отидеш на save ке ти излезе ново прозорче и таму ке умаш 2 опсии, billing i deliveri. Ако адресата на картичката е таа кај што сакаш да ти стигнат нарачките штиклирај ги и двете. А ако си како мојот случај тоес адресата кај што сакам да ми стигне не е иста со таа на картичката, тогаш оди едит/адресс намести земја - Macedonia и ќе ти излезе место за да внесеш нова адреса. Во зависност от тоа дали таа е адресата од картицата или е онаа кај што сакаш да ти стигне ќе штиклираш billing или deliveri.
^Треба да има 16 бројки. Еве пример Незнам што картичка имаш, ама претпоставувам дека сите имаат 16 бројки!
Женски за колку време ви стасуваат работите? И гледам дека има некој си попуст за студенти. Функционира ова за нас?
Нe за жал тоа не функционира за нас, како и по обично. Зависи, од 10 до 14 работни дена обично, но се случувало и за многу поскоро, за недела дена да бидат веќе стигнати, зависи вајда од пратки, незнам од што точно. Кога ќе го нарачаш, ти пракаат меил за успешно извршена нарачка и секогаш тука пишува за колку работни дена стига, па така ќе си знаеш кога да очекуваш. _ Мене дефинитвно последното нешто за оваа сезона ми се сандалкиве, ама цената ми е топ, а и дооооолго време ги манијачам http://www.asos.com//Asos/Asos-Finsbury ... id=1942895 Каснам со овие знам, ама ќе ми се најдат и те како за догодина, по цена од 333 денари, епа во аванти беа поскапи ми се чини.