http://www.forever21.com дали може од тука да се нарачува? дали некој има нешто нарачано од оваа страница? има многу убави работи и многу убави кои се на попустии, ве молам качете ми ако некој знае дали идат до мкд
Forever21.com ships to the following countries in Europe - Austria, Belgium, Czech Republic, Finland, France, Germany, Greece, Hungary, Ireland, Italy, Luxembourg, Netherlands, Portugal, Spain, and Sweden. Си ја утнала темата, но нмв ајде. Малку тешко до форевер 21, мислам дека во европа имаат само во 4-5 држави продавница.
Конечно, по еден месец, ми стигна дотичниот фустан. Не можам да кажам дека не вредеше чекањето, башка за 1000 денари топ. Сега се чека лето за да го облечам, премногу е отворен за сега Спојлер П.С. Тоа што на првата слика личи на брадавица, не е. Така испаднало од работ
Ми стигна дел од нарачката, вчера ги подигнав од пошта, ама од брзање да отворам да видам и да пробам, не сликав, немојте да ми се љутите Имав нарачано два пара исти сандали (за мене и мајка ми), одлични се, исти како на сликата и точни се што е најважно. Очекував во кутија да бидат спакувани, но беа само во ќеса, но добро е, не беа оштетени. Е сега имам друг проблем... пред да ги нарачам сандалите, пуштив нарачка за патики, но не стигнаа сеуште, а последна дата беше 4ти Јануари. Не знам што да правам, дали да им пишувам или да почекам до вторник, па да се јавам во пошта или да тркнам до таму
Провери првин до пошта, мада не верувам, ако има стигнато пратка на твое име веднаш ќе ти пратат известување, мене така ми рекоа кога ми каснеше една порачка, или другата опција веднаш да им пратиш порака на тие од асос, ама не на маил туку на фб официјалната страница во лична порака, бидејќи на маил една порака компјутерски се препраќа на сите пристигнати маилови, а на фб имаат поинаков пристап. Поздрав
Стигнааааа Во пошта стигнале на 12ти, денес ми стигна дома известување дека треба да ги подигнам од пошта и со трчање отидов Одлични се, супер беа спакувани (пак не ги сликав), бројчето ми се погоди и што се изненадив најмногу - поубави се отколку на сликите ... со задоцнување од 8 дена но важно стигнаа, така да 100 % ќе нарачам пак
Дечки, нова сум во ова интернет шопингов, ама кога ќе отидам на SALE и ќе кликнам New повторно ми изгледуваат некои теткици со фустанчињата на нив. Како да сум сигурна дека е ново, а не носено или винтаж?
А јас пак со друг проблем. Да не има некој враќано пратка на Асос случајно? Конкретно, си порачав штикли уште од ехеееее на почеток на декември, кои требаше да стигнат пред или на 14.12, но не стигнаа. Им пишав на фб, ми рекоа да почекам уште 2 недели, т.е до 28.12 и ако не стигнат повторно да ги известам. Им дадов ајде уште некој ден и од мене гратис (нели лојал костумер сум ) и дури веќе на 31.12 им пишав дека абер нема од чевливе. Се договоривме да ми пуштат замена по брза пратка и пратката стигна за 3 дена, се океј јас ќејфови нема до дека. И после Божиќ, што да видам, поштарот на врата со уште еден пакет, односно со старата првична залутана пратка. Е сега мубаетот ми е, дали некој има враќано пратка на Асос, некако скептик сум, а пак уште повеќе ми е страв па да ми седат дома пошто може Јоулен комотно да си иде у минус на картичката. А да напоменам, уште им немам пишано
Најверојатно имаш влезено во Маркет плејс, инаку не сум сигурна дали се нови или носени. А во главниот оддел Асос, имаш "професионални" модели кои ја рекламираат облеката и таа облека е нова.
Meне за прв пат ми касни нарачка. Требаше на 8ми јануари да стигне. Си викам ај нова година, божиќ нормално е да се касни. Сеа бидна и ова со пожарот во поштава па сеа има опција или се којзнае каде или изгореле Но во истиот ден со другарка купивме и нејзината ташна не е стигната. Има некое врскиче во пошта се јави за да праша до кај е пратката и нормално системот им е комплетно оштетен и немаат такви информации во моментов за жал. И сега се мислам да кога да чекам бидејки со празнициве и пожаров е каша попара се. Не е голема пратката обетки и ракавици за сестра ми, кои она се шали дека таман ќе и стигнат за следното зимо да ги носи
^ Роси од 100% сигурни извори да те информирам дека доцнењето на пратката нема никаква врска со тоа што главната централа на пошта изгоре. Точно е дека не им работи системот, но пратките секако не стигаат таму туку во Пошта 2 кај Железничка. Јас би ти препорачала да одиш до локалната пошта и да прашаш таму да не им стигнало нешто па они да го прават застојот. Мислам имам спомнато дека лани така си ја најдов јакната од Асос кај нив. Како и да е немој да чекаш пиши им на Асос и извести ги дека доцни, они секако ќе ти кажат да почекаш дополнително уште две недели од денот кога требало да ти стигнат (8 Јануари/22 Јануари). Ако не дојдат го вторник во секој случај ќе ти испратат нова или ќе ти ги вратат парите.
Знам за пратките дека стигаат во другата пошта, се шалев со муабетот дека изгореле . Човекот требаше да види дали стигнала пратка со тој број, а тоа се гледало од системот и покажувало дали е пратена во локалната пошта. Арно ама системот не функционира и тие информации неможат да се видат во моментов. Инаку ќе им пишам дека касни на асос 2 недели. Инаку слушнав дека и пред нова година имале проблем поштата и царината, па секаков вид на странски практки каснеле со денови дури и недели. Колку е навистина точно не знам.
^^ Точно, жив пример ми е постот страна назад, кога пратката порачана во декември ми стигна после Божик, немај гајле каде и да е ќе стигнат, инаку за било каков проблем пишете им ЛП на официјалната ФБ страница, барем не препраќаат една порака автоматски на сите прашања. пс. Некое кодче за попуст да не знаете случајно, си меркам еден часовник ама никако да ми го намалат
Eпа девојки ептен сум среќна си нарачав бикини долни со висок струк и со камчиња ептен ептен сум среќна и едвај чекам..
Дали некој се разбира да ми објасни како одат бројките на чевлите Јас имам мала нога, гледам сега на страната има доста интересни и ефтини модели, само ете не се разбирам како да ја одредам големината на бројката кај нив се различни
Утешна награда на сите ни касни....нарачката Само да стигне а не ко претходниот пат, месец дена чекав и не ми стигна А за коњите се работеше, ама после 30 дена изгубив надеж. Вајда ќа дојде, гад плис. П.С Роси и јас на тоа помислив да не ни изгореле во пожарот Мајка ми ме издрибла, али гледам не сум била едина
Да ве прашам тие што имате нарачувано фустани,како го одредувате бројот?Ако градниот кош на пример ви е 91 цм,си земате кнап тој број,или земате поголемо?Мене кнап ми се погодуваат димензиите па се мислам ако го земам истиот број да не ми е претесен фустанот па да неможам да мрднам Ви благодарам!