Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Асос и во Македонија

Дискусија во 'Мода и стил' започната од rossonerka, 14 ноември 2011.

  1. Youlen

    Youlen Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 јануари 2011
    Пораки:
    246
    Допаѓања:
    194
    Имаш едно малечко правоаголниче од десната страна каде пишува SIZE GUIDE, кликни на него и таму ги имаш европските броеви (EU SIZE) и еквивалентно на нив нивните UK SIZE броеви. Јас имам два пати порачувано чевли, нормално си одредив бројчето според табелата и двата пара ми се точни, без гајле, само следи ја табелата.
     
    На Umbrella22 му/ѝ се допаѓа ова.
  2. levely

    levely Популарен член

    Се зачлени на:
    10 јуни 2011
    Пораки:
    914
    Допаѓања:
    902
    Ќе може некоја од вас да ми каже колку може НАЈМНОГУ ВРЕМЕ да ви закасни нарачката , оти сакам да си нарачам фустанче за полуматура , па за да си знам посо време :lol:
     
  3. Artemission

    Artemission Популарен член

    Се зачлени на:
    22 јули 2011
    Пораки:
    2.031
    Допаѓања:
    15.672
    Па ако нарачаш од сега до Мај ќе ти стигне :D
    Шала на страна, нема најмногу време ќе ти стигне за месец, ако не ќе ти ја препратат како препорачана пратка ако го има уште на залиха или ќе ти ги вратат парите. Трето нема.
     
  4. levely

    levely Популарен член

    Се зачлени на:
    10 јуни 2011
    Пораки:
    914
    Допаѓања:
    902
    Ауф од првата реченица срцето во петици ми отиде :tmi: ( :rofl: )

    Да не бидам офф, ти благодарам :*
     
  5. t.i.n.k.b.e.l.l

    t.i.n.k.b.e.l.l Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 јануари 2012
    Пораки:
    253
    Допаѓања:
    92
    Пол:
    Женски
    Како иде калапот за патки\чизми, сакам да си порачам 37 носам, само не знам да не ми бидат мали..
     
  6. Heleny

    Heleny Популарен член

    Се зачлени на:
    16 февруари 2012
    Пораки:
    220
    Допаѓања:
    876
    Пол:
    Женски
    Има некој искуство со враќање назад нарачка ? :)
     
  7. Rubiii

    Rubiii Популарен член

    Се зачлени на:
    17 февруари 2011
    Пораки:
    2.688
    Допаѓања:
    5.452
    Пол:
    Женски
    Дали мора само со кредитна картичка или може и со дебитна?
    Ние дома некористиме кредитна, имам само дебитна... :?:
     
  8. Heleny

    Heleny Популарен член

    Се зачлени на:
    16 февруари 2012
    Пораки:
    220
    Допаѓања:
    876
    Пол:
    Женски
    Може со дебитна, единствено што е потребно, е да биде прилагодена за интернет плаќања.
     
    На Rubiii му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Hipster

    Hipster Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 јули 2011
    Пораки:
    5.779
    Допаѓања:
    22.420
    Пол:
    Женски
    Денеска после 16 дена доцнење конечно стигна пратката.
    Таа што требаше пред 4 дена да ми стигне у фебруари ќе ја чекам.
    Битно да стигне тоа е најбитно.
    Си упецав кратки чизмички за 12 евра, ми прехепи 8)
     
  10. Artemission

    Artemission Популарен член

    Се зачлени на:
    22 јули 2011
    Пораки:
    2.031
    Допаѓања:
    15.672
    ^ Стај слика, сподели радост, напрај ни лиги :P :)
    Јас порачав на 15ти, а на 16ти ми ја испратија пратката ама ете сеуште не ми стигнала. Очигледно се подреков кога реков дека за точно 7 дена ми стигнува, ете поминаа 12 и нема ни трага ни глас.
    Не дека доцни али ај да се пожалам и јас :wasntme:
     
    На Cacy, Springy и Hipster им се допаѓа ова.
  11. Hipster

    Hipster Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 јули 2011
    Пораки:
    5.779
    Допаѓања:
    22.420
    Пол:
    Женски
    Хахаха, абре што си ти :D
    Ќе ти стигне ехе сигурно, штом мене после 16-17 дена ми стигна има надеш добро е :)
    Немав у план да ја ставам, ама ајде еве ја сликата од асос
    [​IMG]
    http://www.asos.com//ASOS/ASOS-ACE-Wedg ... id=2118630
    Исти се потполно како на сликата.
    Плус ова со код, за 12 фути следниот ден нарачав и заедно ми стигнаа.
    [​IMG]
    Битно коњовите ги пропуштив ;(
     
    На Cacy и Artemission им се допаѓа ова.
  12. rossonerka

    rossonerka Популарен член

    Се зачлени на:
    13 април 2010
    Пораки:
    4.160
    Допаѓања:
    15.289
    И мене ми стигнааа после 18 дена доцнење :)
    Значи денес на сите ни стигна, и на другарка ми и стигна.
    Него јас си пријавив во петокот дека ми доцни и дека изминаа сите рокови што ми ги дадоа.
    И фино лепо утрово тие ми пишуваат дека пратката нова ми е пратена да ја чекам на 7ми фебруар. За 1 саат ми јавува татко ми и вика ти стигна асос.
    И јас поштена да бидам им пишав одма и замислете што ми рекоа. Дека неможат да ја стопираат него мене кога ќе ми стигне да им ја вратам. |(

    И тоа значи дека јас ќе имам трошоци за враќање?
    А што ако не им ја вратам?
    Имал некој ваква ситуација? Што да правам?

    Иначе обетките што ми стигнаа се преубави, али и во кутија ми ги пратиле, убава кутија со сунѓерче, па сите мали обетчиња што си ги имам си ги ставив во неа. А ракавиците волнени за 4 фунти се шемаџиски и топ :) Презадоволна!

    А сакав да ви кажам лани јакната за велигден што ја фатив за 4 фунти или околу 290 денари цело зимо ја носам, прво многу убав материјал и не пропушта ветер. Абре не ми се верува дека можев за толку пари да купам зимска јакна :)
     
  13. Artemission

    Artemission Популарен член

    Се зачлени на:
    22 јули 2011
    Пораки:
    2.031
    Допаѓања:
    15.672
    Роси со здравје да си ги носиш :)
    Инаку наредната пратка кога ќе ти стигне само не ја подигај воопшто од пошта и они сами ќе ја вратат назад без да плаќаш никакви екстра трошоци. Или ако ти стигне дома не ја примајте и готово зошто во спротивно ќе треба да потпишеш, а тоа значи и да платиш два пати.
     
    На rossonerka и Hipster им се допаѓа ова.
  14. Youlen

    Youlen Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 јануари 2011
    Пораки:
    246
    Допаѓања:
    194

    Јас имав таков случај, сврти страна назад, само што јас не им пишав ништо и ете два пара исти чевли си седат кај мене, од страв уште не сум ги ни облекла и нон стоп проверуам состојба на сметка, ама ништо, немат информации за таа пратка што не е препорачана, а инаку мислам дека враќањето пратки е бесплатно, ама не ме држи за збор :!:
     
  15. Hipster

    Hipster Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 јули 2011
    Пораки:
    5.779
    Допаѓања:
    22.420
    Пол:
    Женски
    За бесплатно не е бесплатно сигурно.
    Како беа трошоците незнам, ама не беа големи знам.
    Немам искуство со тоа, и од тие причини сим чекала и по месец дена и повеќе за да ми стигне нарачка.
    Мислам дека нешто враќаа пари назад за тоа што си платил поштарина, ама не сум сигурна.
    Убаво ти кажа Аремишн, не пододока сама ќе си се врати назад.
    Леси се врача кучи, секако :D
    Јоулен а за твојов случај незнам што да кажам.
    Ако не е скапо да се врати, врати ја назад.
    Ако не подари ги на некого.
    Два исти пара нема да носиш, најизменично вајда :D
    Следен пат почекакајте малку, во 90посто од случаите стигаат.
    Или видите што пишале хрватите за тие работи, сепак они се више профи за асос
     
  16. Waka-waka

    Waka-waka Популарен член

    Се зачлени на:
    2 јули 2010
    Пораки:
    2.273
    Допаѓања:
    8.904
    Дали е во ред табелава за пресметување на бројчињата на облека и чевли? http://www.london-guides.co.uk/pages.php?id=f0401040

    Ќе може ли да ми објасните како оди Интернет порачката? Не се снаоѓам баш најдобро околу тоа каква картичка ми е потребна,кој број да го пишам и сл.
    До колку фунти нарачката не се царини? Колку денари е една фунта? :)

    Последново прашање е малку мутаво ,ама да си прашам. Пример сакам да порачам 2-3 работи,кои да речеме ја надминуваат цената до која производите не се царинат. Можам ли да ги порачам одделно,едно по друго. Се третираат како повеќе нарачки ,или благе везе нема? :) И уште нешто,како се користат кодовите и како да ги најдам,ги праќаат на меил или? Фала однапред :)
     
  17. sunfemina

    sunfemina Популарен член

    Се зачлени на:
    17 февруари 2011
    Пораки:
    1.731
    Допаѓања:
    843
    Waka-waka еве ја табелата на Асос за пресметување на бројчињата.

    Треба да имаш картичка што може да се користи на интернет (ако веќе користиш некоја картичка ќе прашаш во банката дали може со таа што ја имаш или ако ти треба нова ќе ти кажат која (на пр. интернет картичка од стопанска банка, виза електрон на нлб тб и др.)). Кога ќе купуваш се внесува големиот број на средина на картичката што се наоѓа и еден мал код кој го има на задната страна.
    Нарачката не треба да надминува 45 евра, а тоа се 35-37 фунти отприлика (може да варира во зависност од моменталниот курс).
    Ако ти надминуваат работите поголема сума од дозволената тогаш нарачај си ги одделно за посигурно.
    Кодови објавуваат повремено на страната и пишува за што (не) важат (со ситни букви :D ) и до кога траат, а ако се регистрираш ќе ти стигаат и на email. Се внесуваат пред да ја платиш нарачката за да ти пресмета попуст. Исто така има кодови што ги даваат на пример за роденден (мене ми стигна таков на email) или можеби ако си редовен муштерија, мислам дека на некои и за доцнење на нарачки исто така им имаат пратено код за попуст итн.
     
    На Waka-waka му/ѝ се допаѓа ова.
  18. Monroe

    Monroe Популарен член

    Се зачлени на:
    13 јуни 2011
    Пораки:
    431
    Допаѓања:
    416
    Епа дојде ред и јас да ви се пофалам
    Мене денеска официјално ми стигна првата нарачка :D
    Поштарот до дома ми ја донел, ја примиле моите и кога се слушнав со мајка ми по телефон жената мудро си молчеше, а знаат дека деновиве нестрпливо очекувам да ми стигне пратката и постојано ги прашувам дали поштарот се појавил на врата.
    Кога дојдов дома на маса ме чекаше нарачката убаво спакувана во сива најлонска кеса,
    колку се израдував и колку бев возбудена можете да си претпоставите,
    дури почнав и да скокам од среќа :lol:

    Инаку Многу сум задоволна од квалитетот и од материјалот, значи нема никаква утка
    Mожам да кажам дека скоро навреме ми стигна нарачката,
    на 17-ти ден од денот на порачувањето ( без броење на празници и викенди) .
     
  19. Ivy18

    Ivy18 Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 септември 2012
    Пораки:
    204
    Допаѓања:
    76
    Здраво. Некој од девојките што имате порачано фустани да ми кажи како ода бројките дали се точни и дали порачавте според пропорциите на телото што ги има дадено во првата табела или само од втората табела со бројчињата ??? :)
    http://www.asos.com/women/dresses-size-guide/?szgid=1
     
  20. sunfemina

    sunfemina Популарен член

    Се зачлени на:
    17 февруари 2011
    Пораки:
    1.731
    Допаѓања:
    843
    Најдобро е да си ги измериш пропорциите за да го одредиш точниот UK број. Според тоа мислам дека подобро и поточно може да се одреди ако се следи првата табела.
    Во втората табела е дадена конверзија меѓу uk,eu,us и aus броевите за да видиш дека ако на пример носиш кај нас конфекциски 38, тоа одговара на uk10.